Enya

  • Креатор на темата Креатор на темата makedon^
  • Време на започнување Време на започнување
Одлична музика. Омилени песни ми се Adiemus и Salva Me.
 
Се ок женава и глас и музика свака и част ама не сум мн љубител на ваква музика побрзо би слушал класика нешо пример VANGELIS
 
абе шо ја кудиш жената :wink:

јас ја обожавам ... нема шо си шеј убаво :toe: а музиката .... раскош ... секоја испеана исвирена нота можиш сам да создајш слика ...


мене по кеф ми е оваа нејзина песна

Now we are free... во гладијатор како шо можите да забележите

Царица е :pipi:
 
Енја е лудница, прекрасни песнички за смирување...ептен музика на место.
 
ги имам сите нејзини песни што се за Lord Of The Rings
навистина се прекрасни
 
Со оглед на тоа што на темава нема нешто повеќе за нејзиниот живот јас ќе додам некои информации за неа.

Енија (родена на 17 мај 1961 Eithne Patricia Ní Bhraonáin), попозната како Enya, е ирска музичарка, најпродаваниот солов пејач попотекло од Ирска.
Енија е родена на 17 мај 1961 година во Гвидор, Република Ирска, како шесто на ред дете на родителите Лео и Мејр Бренан. Детството го минала во Гаот Добејр. На 11- годишна возраст заедно со своите сестри почнала да свири клавир во еден манастир, и тоа главно класична музика. Подоцна посетувала интернат.
По завршувањето на школувањето му пристапила на семејниот бенд An Clann As Dobhar, што го формирала таа во 1968 (во 1970 е преименуван во Clannad), а го сочинувале нејзини браќа и сестри и двајца вујковци. Во него ќе остане кратко време, а потоа заедно со Nick Ryan, тогашен продуцент на бендот, заминала да живее со него и со неговата жена Рома, инаку позната лирска поетеса, во Артен, северно од Даблин. Од 1997 година Енија живее во Даблин во еден мал дворец по име „Manderely Castle“. Така го нарекла според дворецот од нејзиниот омилен филм „Rebecca“.
Во средината на 80-тите години на минатиот век ја започнла својата соло кариера. Текстовите ги пишувала Рома, а за продукцијата бил одговорен Ник. Меѓународен успех постигнала со песната „Orinoco Flow“. Притоа, нејзиниот албум „Watermark“ се наредува помеѓу 10-те најуспешни во Европа. Следните нејзини албуми успехот го потврдуваат: „Shepehrd Moons“ (1991), „The Celts“ (издаден во 1986, а во 1992 доживеала меѓународно реиздание) и „Greatest-Hits-Platte Paint the Sky with Stars“ (1997). Една од светски најпознатите нејзини песни е „Only Time“. Во филмот „Sweet November“ била заднинска музика во клучна сцена, но не постигнала успех, туку станала позната по терористичкиот напад на 11 септември 2001 како музичка заднина во текот на телевизискиот пренос. Оваа песна влегла во топ 10 на „US Billboard Charts“, а албумот „A Day Without Rain“ бил на 2-то место. Енија ја освоила наградата „Echo“ за најуспешен светски сингл на германскиот пазар и номинација за најуспешен албум. Во 2002 ја објавила песната „May it be“, што била заднинска музика во првиот дел од трилогијата „Господар на прстените: Враќањето на кралот“, а била номинирана и за наградата Оскар. Во 2005 на албумот „Amartine“ за првпат пеела на вештачкиот јазик Loxian.

За да не ги постирам сите тие омилени песни кои јас ги слушам од неа, во видеото ги има сите песни кои мене ми се допаѓаат.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom