Се арно и убаво, ама единствено повеќето представени начини на уредување на спални соби не одговараат со нашето поднебје. Мебелот и распоред во нив е сосема во ред, но...дали било кој од вас сака да спие во спална соба која има огромни прозорци на два ѕида низ кои ке влегува големо количество светло во раните утрински часови кога обично најмногу ни се спие? А колку повеќе прозорци или стаклени површини на еден ѕид, без оглед на тоа колку се квалитетни, толку повеќе и студ(топлина) и бучава во таа приосторија! Јас никогаш таква спална соба не би направил!
Можеби е тоа ок за во Велика Британија, Норвешка, Финска, Шведска...ама за кај нас каде се криеме и бегаме од сонцето преку лето не е!