Емоционално неверство

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
а какво неверство е во прашање кога партнерот/сопружникот (било кој машко или женско) едноставно ќе изгуби воља за секс? другиот пати ради тоа... и тука се чуства и емоции во прашање или пак харизмата и привлечноста? а што е со потребите? м? има некој одговор на ова?
Некако премногу натрупано со прашања ама ќе се обидам да дадам одговор. Тука не се работи за емоционално неверство, туку едноставно губење на желбата за секс, е сега разграничи ги поимите, тоа не е воопшто исто со емоционалното неверство
 
поентата ми беше дека поради емоцинално неверство може да се случи она што го пишав а тоа пд дефолт е крај на врската-бракот... значи она што некој го смета како обична банала, може да биде и причина за крај... т.е. емоционалното неверство...
 
^ Колку само такви банални моменти има :)
 
поентата ми беше дека поради емоцинално неверство може да се случи она што го пишав а тоа пд дефолт е крај на врската-бракот... значи она што некој го смета како обична банала, може да биде и причина за крај... т.е. емоционалното неверство...
е тоа е точно и во потполност се согласувам дека понекогаш емоционалното неверство може да доведе до крај на врската
 
кога ќе го скршиш она вистинското во човекот, вистинската врска со телото на другиот а тоа се емоциите, следниот период возиш на стаклени гуми... мала дупка треба за да се разруши се... после тешко се оправа...
 
Не само ради емоционално , врска брак може да заврши и поради неиспеглана кошула, неиспрани гаќи, пресолена манџа, неизметен двор, незашиена петлица......
То емоционално не с гледа, не се приимеќа али да длезам в град со неиспеглана кошула!!! или да седнам на трпеза а да не е ручеко готов !!
То се веќе сериозни проблеми во брак.
 
сите овие работи што ги наброја се само крајот од крајот на една врска или брак... почетокот на крајот бил далеку претходно... кога ќе додјеш во тој стадиум да те нервира не испеглана кошула или не спремен ручек, тоа е веќе финишот на една претходница која секако не тргнала на убав пат уште од порано...
 
то е почеток а не крај. Таа или тој можат да си замислуваат кого сакаат, то не се гледа, не е приметно, ти можеш ли да гледаш некој пар од страна и да речеш “Ова мисли на Спасета поштарот а тој на комшивката Трендафилка“??
Мислам дека не можеш. Али можеш да видиш дека тој носи распар чарапи или непеглана кошула или му фали петлица а таа дека е потечена и посинета од ќотек.
Луѓето си имаа убави бракови и немаа разводи се додека од запад и америка заедно со дроги и рокеришта не ни дојсоа и тие емоции. Се знаеше порано каква треба и шо треба да знае и да прави домаќинката а шо домаќинот и си се земаа према степен на домаќинлук.
А сега лежи накарминисана до пладне в кревет, манџа не праи, дома не мети а алиштата смрдени расфрлани низ соба... и вели “Душо ја сум емотивна денес намачкај си нешо за ручек...“
 
Let 3, кај што си забегал од темава, уште и врска нема тоа што го зборуваш. Ако си нашол домаќинка жена, држ си ја при себе, овие другите си купија машини за перење секакви видови предмети. Не знам во кој век живееш, ова е 21виот, каде машко - женските улоги се флексибилни, а жените сфатија дека може да прават истото што и мажот. Што се тиче твојата прљава кошуља, тоа има врска со емоција - али твоја. Необзирност кон жена ти да ја одмениш за да ја испереш ТВОЈАТА СОПСТВЕНА кошула. Едвај го чекам денот кога жената легната испред плазма ќе му подвикне на мушкото - Маче, ај гаќиве потпери ми ги, ми почна Америка - Англија.
 
чупе емотивно, ко ќе искосиш ливада, кога цел ден ќе изораш ниви, ќе откачиш и закачиш приколка на трактор и со Симе смоко цел ден водени тули ќе редиш да се сушат на сонце за новата штала тогај ќе добиеш пиво и потпрани гаќи.
Во шо сте бе равноправни?!?!
Штелуваш вентили на Голф двојка?? глетоваш и бојадисваш дома? цепиш дрва? креваш троседи и регали.......
Да ти речам ој мори равноправна извади ја ова година ти бочвата од визба и истури ја расолницата... одма ќе зацмисдриш “ама јас сум женско кај можам ја....“
Зато и ги измисливте емоциите да се вадите на нив и си ја правдате слабоста и мрзата.
 
Е ова веќе е емоционално неверство - изедначување на улогите со чувствата. Доволен знак дека треба да почнеш да водиш љубов со тракторот.
Ништо од тоа не знам да го направам, затоа што животот ме створил во град да се родам, а не во селски услови. Ама знам дека во секојдневието правам многу „машки“ работи и многу „женски“ работи со соодветен труд, па никогаш не ми рекол дечко ми дека заради тоа сум емотивна. Немој понатаму да се ругаш, ќе сфатиме дека си се оженил за да госпожата ти биде робинка.

Колку труд по дома - толку емоција. труд = емоција според тебе...

Доообро. :) Епа затоа се рушат бракови и затоа има разводи. За да почнеш да размислуваш дека соживотот со парнерот ти е само поделба на улоги (патем - нефлексибилна поделба) мора веќе да си уништил све од чувства. Ја на пример, ако би се омажила во село, би сакала да научам се` од тоа што ми го наброја, чисто ради мене, за да може да помагам и да го одменам мажот.

Јес да, познавам самохрани мајки кои цела куќа ја држат на свој грб, од бушон до пукната цевка. И они да не се самохрани пошто владеат со „машките“ улоги? Или зашто, младичот сакал да бара „емоции“ надвор по курварлук?
 
Е ова веќе е емоционално неверство - изедначување на улогите и чувствата. Доволен знак дека треба да почнеш да водиш љубов со тракторот.

овие другите си купија машини за перење секакви видови предмети. Не знам во кој век живееш, ова е 21виот, каде машко - женските улоги се флексибилни, а жените сфатија дека може да прават истото што и мажот.

И ти со машина за перње и “секакви видови предмети“
 
Постојано на дебата е прашањето околу неверството, дали е оправдано, дали треба да се прости или не, но поголемиот дел се согласуваат дека полошо е емоционалното неверство отколку физичкото и дека повеќе боли.

Но, што е всушност емоционалното изневерување? Ако истото никогаш не е физичко, дали некогаш изневерената особа би можела тоа да го дознае па да ја заболи?

Дали може човек да изневери само емоционално, да го изостави физичкото неверство?

Дали сте изневериле емоционално?

Или сепак емоционалното изневерување оди под рака со физичкото?

Дали мислите за друга особа претставуваат емоционално изневерување?

Да се гледаш со еден а да мислиш и сакаш друг? Тој друг е некој реален дечко.. или некој актер.. пеач?
Мора да го дефинираме ова емоцианално неверство..
Ако станува збор за она фантазирањето.. копнеењето.. по друг/друга.. тоа е малце хмм.. незнам како да кажам.. Мислам дека 90% од оние кои се тука на форумов биле у таква ситуација..
Али.. мое мислење, неверство е неверство.. да тешко се дознава ова емоционалното, ама може да се осети на одсутност во одредени моменти. Не оправдувам, грев е се' тоа :)
Во најголем број од дешавките што ми се познати.. емоционалното се врзува со физичкото и 90% потикнуваат од некакво незадоволство во моменталната врска..
 
Нема потреба, си имам јас емоции за либето мое, кое патем не ми вика - Еј Мими, ај смени бушон па ќе се опнеме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom