Прееска влегов во ендгејм, па еве да пишам искуство и импресии до сега. Уште од тестот знаев секако дека ептен ќе ме завлече играта затоа што уживав то истражувањето низ мапата. Првата област, заедно со околните стварно ми беа уживање. Две недели одев делче по делче на мапата и барав се што има. Не ми здосади тоа дури и во подалечните области, иако се повторуваат слични работи. Но добро, сигурно има 100+ вакви локации, па не е реално да се очекува сите да бидат уникатни. Имаше доволно разлики, на пример општиот дизајн на катакомбите е тој, ама има поразличен тип на противници, има во некои и измени низ објектот. Прашањето на многумина беше дали ќе пати феноменалниот левел дизајн во игра со отворен свет, ама според мене се надминуваат тука во тоа, а не обратно. Многу пати пријатно се изненадив поради дизајнот. Ќе видиш карпа, си мислиш дека е обична карпа, па гледаш дека можеш да влезеш, па внатре ќе најдеш 5 различни нивоа кои те водат во подземјето. Или па ќе видиш платформа на некоја карпа, ќе се качиш мислејќи дека има некој ајтем таму ставено и толку. Ама ќе видиш скала, па после пола саат уште по 5 скали си се качил и си завршил на некое сосема различно место.
Како што имам веќе пишувано, игриве ги играв до сега според гајдови за да знам на кои локации треба да одам. Најпрво затоа што сакам се да видам и второ за да не губам залудно време и на крај да испадне дека требало да одам во сосема спротивен правец. Елден Ринг си реков дека е првата во која ќе одам слепо затоа што секако секој правец е вистинскиот правец. Планот ми беше да ја изиграм еднаш со стренгтх билд, па после уште еднаш со меџик, за платинум. Така и направив, го истражував секое делче од мапата без да знам точно што и како треба да направам. После околу 50 саати стигнав до главниот град во играта и не знам дали веќе беше некоја заситеност поради играње доста во краток период ама отворив да видам што се е потребно за платинум и сфатив дека иако имам поминато пола или повеќе од играта, уште немам ништо битно пропуштено и уште можам да земам платинум од прва, следејќи ги чекорите. Па после битката со Радан и откако стигнав до градот, почнав да се водам по гајд за да знам каде точно треба да одам. Еве
линк до гајдот за
@_BerzerkeR_ да се осигура дека нема во чекорите објаснувања за како да се тепаш против босовите туку само каде да одиш, за да не ме обвинува пак дека однапред сум гледам како да се тепам
Сигурно сум досаден со ова затоа што цело време го пишувам, ама за мене најголемата негатива во игриве е што 90% од играчите пола од играта нема да видат. И во оваа игра до сега омилени босови ми се босови кои доколку не го отворев гајдот, немаше баш никакви шанси да ги најдам, како Бувот во Хирата. И дефинитивно во Елден Ринг е најтешкиот бос кој сум го видел до сега. Тој за кој се жалев вчера. Со Ишин можеби се мачев најдолго, ама знаев дека ќе успеам кога-тогаш, плус прва игра ми беше. Ова...не знам како да го опишам. Намерно не пишувам никакви детали, со надеж дека ќе успеете сите да стигнете до таму и да го најдете. Не знам како им поминало ова на тестирање и како не го нерфнале бар малце. Вчера потрошив околу 4 саати во неуспешни обиди. Како што пишав, околу 30 ми требаа само за да успеам и да дознаам дека има и втора, уште потешка фаза. Не ме исфрустрирал бос толку до сега. До толку што вчера побарав најбрз начин за фармање и отидов два саати си фармав за драстично да накачам левел со надеж дека многу полесно ќе поминам. Се вратив сабајле, сигурно ептен оверлевел и пак не можев............ Пробав пак да барам помош од други играчи, очигледно е ептен популарен и цело време има по 4-5 знаци пред него. Успеав 3 пати успешно да викнам човек. Еден беше трол и воопшто не влезе кај босот туку си се исклучи одма и ми потроши такво. Една од главните причини поради кои избегнувам. Другите двајца помалце ги биваше и од мене, си умреа брзо. Бев навистина пред откажување, за малце ќе баталев и ќе го оставев тој бос затоа што секако не е потребен за да се заврши играта, туку ми треба за трофеј. Уште еден таков медаљон или што и да е имав за повикување други играчи и реков ајде да го искористам. Ми се посреќи и изгледа погодив ептен ОП играч со магии и некако успеавме да тепаме. Пази, он со ОП магии, јас со ОП оружје и едвај успеавме да тепаме, среќа имав уште еден фласк со кој се излечив дур траеше крајната анимација, иначе ќе умрев пред да ми го рачуна. Се надевам ќе стигнете сите тука до босов, па да се жалиме заедно, баш да видам како би го тепале без самон, без ништо
Малце се грижев дека поради фармањето и агресивното левелирање за босот, финалната област ќе ми биде лесна, ама не. За сега обичните противници се добар предизвик и лесно можат да ме решат. Имам уште три "трофеј" босови останати (се надевам полесни од тој претходно), би требало уште десетина саати да имам пред да завршам со се, ама сигурно имам уште доста за истражување низ светот. После Елден, малце одмор со Хорајзон, па сигурно ќе почнувам нов билд, со магии. Има многу интересни, а не можам да ги користам. Тоа ми е уште една замерка. Подобро би било цената за левелирање на атрибутите да зависи од левелот на секој атрибут, а не од општиот левел на карактерот. Интелиџенс, аркејн не ми се чепнати воопшто и сега на веќе висок левел за да ги зголемам до ниво каде ќе можам да ги користам магиите кои ми делуваат интересно, треба неколку саати да поминам во фармање. Знам дека може општа прераспределба да се направи, ама сепак. Фино би било после 50 саати играње ако посакам 2-3 магии да пробам, да можам потребниот атрибут да го излевелирам поевтино од 9 до 15.
Иначе околу 65 саати имам изиграно до сега. Повеќе откако ќе завршам, ми беше потребно вака да ги извадам мислите после последниве два дена
