Екстра лесно??? Ееее деца деца...
Ај прво да ви објаснам за мрзнењето. Дизел гориво (или било какво да е) не мрзни. На ниски температури парафинот - ВОСОК- (кој го содржат сите горива) единствено кај дизелот може да се оддвои од останатите елементи. Како најтежок, слегува на дното од резервоарот, и автоматски се повлекува во цевките за гориво. Кога ке дојде и ке го наполни филтерот со гориво (кој собира околу 250-400 грама зависно од моделот на автомобил) тука настанува затестување (неможност за преминување низ хартијата за филтрирање) и откажување на дотокот на гориво. Оп, колата е мртва. Инаку температура на која се издвојува парафинот од дизелот е неколку степени под 0.
Кај ЕКО дизелот, гарантирано е дека ова срање нема да ви се случи до -27 степени.
Кај нас најквалитетниот дизел не го пијат модерните возила (читај 70% од производителите на автомобили не даваат гаранција на пумпата за висок притисок во Македонија, останатите кои што даваат вадат посебна серија!), а камо ли екстра лесното. Немојте да ве лажи умот да ставате од тоа срање, доколку не сакате да менувате пумпа. Еве кое е моето искуство.
Откако ја направив Нивата дизел (мотор 1.7 од Фиат) ја наполнав со црвена до горе. Некаде околу 30 литри береше, и поминав одвај 200 км комбинирана. Просек низ град 15-16, просек на отворено 10-11. Откако се потроши црвената, помина и грејната сезона, ставив бела.
1. Разликата во одење беше огромна. На места каде што се мачеше со 4-та и бараше 3-та со црвена, откако ја заменив, со бела одеше со 4-та без проблем.
2. Потрошувачката опадна УПОЛА! Некаде околу 7-7,5 беше на отворен, 11-12 низ град.
Ако направите математика, (занемарувајки ја разликата во одење, менување на филтер многу побрзо, потешкотии во прво палење) доаѓа дека ПОЕВТИНО е да се вози на бела.
Истото го тестирав и на Фиестата. Отворен пат, бела нафта потрошувачка околу 4. Перформанси одлични. Ставив ко за беља црвена, потрошувачка 7 (на отворено!!!), перформанси за никаде. Неможев колата да си ја познаам.
НАРАВНОУЧЕНИЕ... Никогаш повеќе тоа срање нема да се најде во мој резервоар. Вие ако сакате слободно ставајте.
П.С. Кога сме кај црвената... Поради намената која ја има -за домаќинство- не ја рафинраат доволно добро (то белата содржи честички кои ги АБАТ деловите на новите возила, камо ли црвената). Знае да содржи огромни честички низ неа, а не се исклучува и ставање на вода.
Ако би возеле на црвена нафта, филтер за гориво менување на 3.000-4.000 км (на бела јас го менувам на 10.000), и секој ден по една свеќа и молитва на Горнион недај боже да поминат ѓубрињата во пумпата.
Кој видел како изгледа растурена пумпа знае, кој невидел ке ви подобјаснам сега во кратки црти. Видов отворена пумпа од VW серија 3, и 15 минути му требаше на мајсторот да ми објасни како циркулира горивото (и пак не сватив). Ситни тесни канали, умот да ти се сомели. Велам недај боже нешто да влезе во нив, мамата ке му ја расплаче.
Принципот на кој работат бризгалките е следен: под притисокот кој се ствара на одредена цевка од пумпата, бризгалката се отвара и го вшприцува горивото. Притисокот во цевката настанува АКО И САМО АКО биризглаката е затворена комплетно Ако евентуално пројте ѓубре во пумпата, има 90% шанса да дојде до бризгалката и да заглави, со што се губи создавањето на притисок и вбризгувањето на горивото се нарушува. Од таму доаѓа трокирање, огромен чад на високи вртежи, намалена сила на моторот, зголемена потрошувачка.
Мотори кои со сигурност ја поднесуваат црвената нафта (што сум ги сретнал до сега) се Мерцедес серијата до 123 кои имаат екстра место на бош пумпата за ставање масло за подмачкување на деловите, и ЛандРовер моделот Дифендер до 80-та. Како ке биде потрошувачката и перформансите појма неам, ама тие мотори можат да возат на се што има мирис од нафта.