Екстерни тестови

  • Креатор на темата Креатор на темата theTinule
  • Време на започнување Време на започнување
На 15ти Октомври сите на протест пред Министерство за Образование против екстерното оценување. Во 12 саат :)) Од ГУЦ идеме :)
 
На 15ти Октомври сите на протест пред Министерство за Образование против екстерното оценување. Во 12 саат :)) Од ГУЦ идеме :)
Браво! Само да не биде ко со мојата генерација. Преку сила 15 души дали бевме.
 
Затоа што нема смисла цела оцена што се формира во текот на цела учебна година со присутност, активност, знаење, домашна работа и така натаму, да зависи од краен тест на 3 страни. Да бидеме реални никој неможе да памти што учел цела година, за секој предмет. Доколку не се среди овој систем на екстерно тестирање, како на пример да има кратки тестови по одреден предмет месечно кој претходно ќе ни биде соопштен, а не како сега кога не се знае за кои предмети ќе бидеме тестирани па сите професори намалуваат по една оценка од реалната, мислам дека треба да се протестира.
 
Me заебаваш?
И јас бев средно, знам како се оценува во поголем дел. Да бидеме реални, ако си ја заслужуваш оценката истата ќе ја оправдаш на екстерното. АКо знаеш нема што да се противиш на ова.
Ако се знае кои прдмети ќе се тестираат многу е лесно за манипулација од страна на средните училишта заради заштита на нивните критериуми.
Тестовиве се добри за да се види дали правилно оценуваат професорите и дали учениците ја добиле правилната оценка спрема нивниот труд и знаење.
 
денеска ја добив првата книга...напредуваме! Иначе со среќа во врска со штрајкот ,јас во 8 мо штрајкуев а од сета работа добив само 4 неоправдани :kesa:Затоа сеа не се замарам...ако се штрајкуе ќе одам да не бидам црна овца,ако не како ќе кажат така..
 
Кај нас се собравме сите прецедатели од 1ва и 3та ќе одиме СИТЕ на протести од 1 до 4 и после во училиште ќе се вратиме за да не обработуваме сабота :)
 
А ние 4-та шо сме ќе полагаме, така? Зошо не протестираме ние?
 
А ние 4-та шо сме ќе полагаме, така? Зошо не протестираме ние?

Ке си учиш и ке си полагаш.Сега ги бапнаа и во сведителства оцените од екстерните, барем така јас слушнав...Во Јануари ке биде за четврта година екстерните и оцените ке одат во сведителство...:vozbud:
 
Знам за тоа. Него прашањето ми беше зашо од 4-та нема шо ќе идат на протести? Не дека ќе сменат нешо, онака колку да фигурираме као бројка.
 
Знам за тоа. Него прашањето ми беше зашо од 4-та нема шо ќе идат на протести? Не дека ќе сменат нешо, онака колку да фигурираме као бројка.

Џабе протести, ако речат ќе има тоа значи дека ќе има. Исто беше и со државната матура, протестиравме и пак полагавме и ништо страшно не беше. Од протестите добивме само скратени викенди, заради исулчвањето во сабота.
Мојот став за екстерните е пишан погоре.
 
Ова со екстерниве тестови ќе биде иста глупост како и матурата. Ќе се имплементира и на крај никој ништо нема да може. Јас сум некако и за и против тестовите. За бидејќи треба некој начин на оттргнување на петкоманијата што владее во Македонија со години, но против бидејќи за средношколци е премногу не-флексибилна. Големи ќе бидат случаите како со матурата каде што поради грешка во дефинирање на работата што носи најмногу бодови и само таа ако ја имаш грешка ќе имаш четири на граница со три многу стварно паметни деца и што учат редовоно имаа тројки и им беше тешко да се запишат на факултет. Исто кога некој ќе биде спречен да присутствуа поради некоја Х причина тој автоматски е паднал и џабе ќе биде и да е најпаметниот во генерација.

Ако веќе ги емплементираат екстерните нека не прават утки како првиот пилот екстерен кога го ставија на интернет и преку компјутерите ќе се работи. И што ако снема струја? Сите во тоа училиште ќе имаат 1. Ако ги правите, правите ги како што треба на хартија со пенкало и одвоете недела-две слободни за спремање за тестот.
 
Не можеме да протестираме да ги укинат оти веќе поминаа на уставен.
Можеме само да штрајкуваме да бидат помалку предмети за полагање и да бидат полесни.
 
Само што се пофалив дека добив 1 учебник ....и тој не ни го дадоа..демек го повратиле назад.....шо не е фер не е фер..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom