(ЕКСКЛУЗИВНО) Се запали Александар Палас - емирот во „магла"

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
C18FC75495123244ACF2876F8CC58F2E.jpg



Високиот гостин на Македонија, емирот од Катар, Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани вечерва доживеа непријатен инцидент во хотелот "Александар Палас", чиј покрив недадејно почна да гори токму над апартманите на катарската делегација.

Настанот се случи непосредно пред свечената вечера закажана во хотелот, а причина за пожарот бше струен куршлуц на светлата , кој екалираше во оган, за да на крајот почнат да паѓаат парчиња метал, лампи и други материјали врз обезбедувањето на емирот кое, запрепастено но без да покажува паника, се тргна на страна. По дваесетина минути од пожарот интервенираше пожарна екипа а од распрскувачот за гаснење оган хотелот остана прекриен со бел прав и обвиткан во "магла". Обезбедувањето на емирот го следеше пожарот внимателно, а откако беше угаснат, и холот колку толку нормализиран, го спроведе емирот до салата за вечера преку кујната на хотелот. На лицето на емирот можеше да се види шок и лутина, и иако обезбедувањето ништо не прокоментира, јасно беше дека сериозно ја преиспитуваа безбедноста на владетелот кој беше сместен во хотелот и требаше да преспие тука.

Претседателот Ѓорѓи Иванов непријатно затечен од настанот го чекаше сам на влезот на салата гостинот, а премиерот Никола Груевски , поради навика или поради пожарот, дојде дури четириесетина минути по почетокот на вечерата. Беспрекорно облечените гости во снежно бели традиционални мантии или во скапи одела не дозволија правта и бавната интервенција околу пожарот да им го расипат протоколот околу вечерата. (С.Ј.)

abe horhe horhe koga neodi neodi dzabe e (n)
 
Нели викаше сопствен мебел ќе носи, сигурно некој камин си донел и ајт наздравје.
 
Толку од нас сега ќе ни ја купи земјава и робови ќе не направи :pos:
hebrew_slaves252812529.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom