R
Randy
Гостин
Темава е за теоретизирање. Партиски војници и тролови не се замарајте со читање барајте друга тема.
Сме слушнале за одличните достигнувања на Азијските тигри и Келтскиот тигар. Неколку држави кои многу брзо се развија и имаа висок раст на БДП. Денес се актуелни државите BRIC за кои се претпоставува дека за околу 30 години со брзиот развој ќе ги стигнат западните држави. Тоа е желба на многу нации, но им успеа само на неколку.
Колку што ми е познато има повеќе различни теории за развој на една држава. Работите кои водат до повисок бдп може да се на пример природни богатства, штедење и инвестирање во човечки капитал (здравство, образование), физички капитал и технологии, одговорна политика и реформи, странски инвестиции. Некои велат дека неолибералната политика истотака води до поголем раст на бдп.
Истотака како што една држава се приближува кон развиениот свет така растот на бдп се намалува затоа што не може повеќе да копира работи туку мора да измислува нови работи. Друг проблем се и институциите кои за разлика од индустријализацијата бараат многу повеќе знаења.
Проштавајте ако некои термини ги испогрешив ама темава ја отворам лаички па и вашите одговори нека бидат такви да може и обичен човек да ги разбере.
Ме интересираат различните теории и мислења за поголем раст на бдп, за тоа што ќе се случува со државите БРИК. Што е тоа што им овозможи на Азијските тигри и Келтскиот тигар да се издигнат за толку брзо време и да го стигнат западот? И прашањето за милион е дали има надеж за нас дека можеби и ние еден ден ќе видиме 9% раст на бдп (неколку години по ред) и на кој начин би го направиле тоа?