Економски раст од 7%

  • Креатор на темата Креатор на темата NACIONALIST
  • Време на започнување Време на започнување
да не ја влечиме темава во погрешен правец...само едно: и маркетингот е инвестиција. Покрај буџетот за развој на нови продукти втор е буџетот за маркетинг...се работи за големи пари...кај мене се за една година одприлика 10 милиони долари само за „giveaways"...широк поим а:)

тие производители кои авансираат оставаат дистрибутерот да им менаџира "cash flow" тие произведители не се глобални плејери

не сум работел во такви фирми ами во фирми каде јас му диктирам на дистрибутерот колку очекувам од него...тој е под константен притисок да ги исполни зацртаните 20-40% пораст (во споредба со лани) и тоа под строги критериуми за плаќање. Ако не...го менувам

Види, фирми како Данон или Нестле не можат да се војна со Карфур, а не пак некоја македонска фирма... :)
Маркетингот е инвестиција, да - платена од ПРОИЗВОДИТЕЛОТ. Кој дистрибутер ти рекламира? За во книжето со „посебни понуди“ да им се најдеш им плаќаш... За да си на добра висина на рафтовите им плаќаш... За се даваш пари, кога сакаш да си во Големата Дистрибуција. Тоа го викаме задни маржи (не знам како е македонскиот израз, ова е преводот)

Иначе, смешен македонски муабет ми е овој со милјардиве денари :)) И за глобалните плејери :))
Секогаш кога седнувам во Македонија на маса со некои „бизмисмени“ се за милиони и милјарди зборуваат.

Јас сум не глобален плејер, еве, и јас знам дека ако сакам да бидам референциарана во големата дистрибуција (Верополус, Карфур, Леклер...) ќе давам пари и оро ќе играм. И залихата ќе ја финансирам.
Ама тоа зашто сум јас не така голем играч, нели :) А ти, не знам што бараш на интернет, оди да работиш.. милионите те чекаат. Пих
 
Ама тоа зашто сум јас не така голем играч, нели :) А ти, не знам што бараш на интернет, оди да работиш.. милионите те чекаат. Пих

Што произведуваш чепкалки за уши?
 
...не се ставој во сезнајниот модус на еден гастарбајтер кој се прави дека повеќе разбира од локалните умови,не го потценувај знаењето и искуството од другите.

иначе и јас не сум во Македонија...разбирам чудно е некој кога така на форум формулира...изгледа смешно бидејќи ниту човекот ниту неговите резултати, професија итн ги знаеш.

Да го видиш на телевизија поинаков впечаток ќе добиеш...

може ти се смешни бројките ама оделот на фирмата во кој работам има 300 милиони долари за цел оваа година. Се работи за една индустриска гранка не за другите во која оваа корпорација има свои продукти. Во тој дел моето работно место е во вториот ешалон одма после вице за маркетинг и продажба.
 
Што произведуваш чепкалки за уши?

Аха, висококачествени

Не го, смешно ми е само, кажав дека е нелогично да се чукаш во гради со тоа колку си ти влијателен, спрема ланците на супермаркети. Има еден куп литература на темата, имаат казни плаќано, има судења... Прогуглај, ќе видиш за што зборувам...

Не знам што работиш, јас за агроалиментарната индустрија зборувам. И зошто сум во неа знам дека не е ни малку како што велиш ситуацијата. А ако си ти во друга гранка, смешно е да ги вадиш истите заклучоци.. Не е исто кола и компири. И прехранбените производи се лесно заменливи. Ланцијте на супермаркети ако им се курчиш брзо ќе те кикнат и ќе најдат друг...
Освен ако не си Кока Кола де...
--- надополнето: 23 мај 2012 во 17:30 ---
Во тој дел моето работно место е во вториот ешалон одма после вице за маркетинг и продажба.

ЛОЛ, ова е гастрбајтерскиот муабет :)
Иначе, честитки ^^
 
Јас само го зедов примерот на прехрамбената индустрија како пример за слаб сегмент кој не ги користи потенцијалите во Македонија. Не ги зедов методите на операција 1:1 со другите бранши...иако ти така разбра.

Технологијата во која сум над 15 год ја нема, не се произведува во Македонија ниту на Балканот...бидејќи Македонија е и слаб маркет за неа немаме директен претставник и дистрибутер кој би си ги сносел трошковите за маркетинг, сервисна подршка и презентација на саем и други трошкови.

Затоа дистрибутерот е во Загреб... Ако би имало стручни лица кои од Македонија би го покривале цел Балкан тогаш јас би можел да ги движам работите да се промени тоа. За жал нема...има само луѓе кои обеќаат и немаат реална слика за пазарот, неговите развојни трендови итн..
--- надополнето: 23 мај 2012 во 17:53 ---
Аха, висококачествени
--- надополнето: 23 мај 2012 во 17:30 ---

ЛОЛ, ова е гастрбајтерскиот муабет :)
Иначе, честитки ^^

:) ако сакаш аплицирај за работно место, има потреба моментално за продажни инжинери во Германија (реон источна и јужна)...природноматематички универзитет и 5 год раб искуство или МБА диплома.

Плата окилу 5К евра...со провизија од продажба. Или ако си толкав експерт имам потреба од апликативна подршка во југоисточна Азија.
 
За се претходно - прехранбената индустрија не е слаб сегмент во македонија.. Толку.

Од кај доби претстава дека работам во продажба, жити кариера? Нема врска со твоево
 
За се претходно - прехранбената индустрија не е слаб сегмент во македонија.. Толку.

Од кај доби претстава дека работам во продажба, жити кариера? Нема врска со твоево

golem ekspert si, pa rekov mozebi si zainteresiran za karierni skokovi
 
dap se podobruva samo treba nesto okolu zdravstvovo umiraat lugje ....Napwed Gwujo

Ајде објасни што сакаше со ова да кажеш.. баш здраството претрпи најголеми измени докторите се стегнати под конец..бркања од работа,казни заради манипулации имаше..
 
Ајде објасни што сакаше со ова да кажеш.. баш здраството претрпи најголеми измени докторите се стегнати под конец..бркања од работа,казни заради манипулации имаше..
http://www.healthpowerhouse.com/files/Report-EHCI-2012.pdf

Читни го извештајов и тоа дека сме 30ти од 34 ревидирани земји. И колку се троши на здравство пер капита...
 
Здравството...пред некој ден починала жена чекајќи на протеза на Ортопедија. Бројот на мртвородени јануари-март во однос на лани е зголемен за 27%. Пациентите на онкологија немаат цитостатици заради долгови на онкологија. Што значи терапија на заболен од карцином знае оној кој треба да знае. Долговите на неколку клиники према неколку веледрогерии надминува 6 милиони евра...Вакви успеси се се поретки во Европа. За возврат се има пари за мост од скоро 2 мил. евра, за реклами на АЕК од милион евра, Филип ќе не чини 5 милиони евра, некои врби и што уште не.
Покрај толку "олеснувања", субвенции, реклами, кампањи резултатите не ги гледам, се оди на полошо.
Единствено банките растураат од профити.
 
Ајде објасни што сакаше со ова да кажеш.. баш здраството претрпи најголеми измени докторите се стегнати под конец..бркања од работа,казни заради манипулации имаше..

Кај ги виде измените, факти каде имаш да споделиш? Ова и ова се промени, оваа машина се донесе и проработи, овој оддел доби реновирање, овде има супер нега, овде има тоа и тоа...
Известување на Шител тв не е факт ниту има врска со реалноста да се разбереме.
 
некој само си ги сменија улогите: Велјо Пилјарот е сега Латас Кафанџијата....

какво здравство какви бакрачи: оди 75 годишен бара помош а докторот го прашува: колку години имаш бе чиче....75. Докторот: па што да ти правам јас сега....и да ва знак, носете го, не е тој за кај мене.

Ебате хуманоста кога новородилки умираат...еден пријател ми вика: во Македонија ако одиш и треба да лежиш во болница прво избаци се со роднините пред да излезеш од дома..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom