Економски раст од 7%

  • Креатор на темата Креатор на темата NACIONALIST
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 декември 2005
Мислења
503
Поени од реакции
6
Историски економски раст од седум проценти
Според премиерот Никола Груевски, оваа убава вест е значајна затоа што станува збор за најважниот показател за движењето на економијата во земјава

F64FB038F88C2E48BE3DAA1EA403EF51.jpg
Во првиот квартал од годинава е остварен историски раст од 7 проценти, споредено со истиот период лани, соопшти премиерот Никола Груевски повикувајќи се на најновите податоци добиени од Државниот завод за статистика. Според Груевски, оваа убава вест е значајна затоа што станува збор за најважниот показател за движењето на економијата во сите земји во светот.
- Историски ова е највисок пораст споредбено со кој било друг квартал во изминатите 17 години во самостојна Македонија. Покрај ова, во првите четири месеци индустриското производство е зголемено за 10 проценти, извозот на стоки е пораснат за 53 проценти - изјави премиерот Груевски.
Според вицепремиерот Зоран Ставревски, овој податок е показател дека конечно го достигнавме историски највисокото ниво на економски раст, којшто е идентичен на најбрзорастечките економии во регионот и во светот. Тој соопшти дека е значајно што порастот не е остварен во една или две стопански гранки, туку ги опфаќа сите сектори во економијата.
Во индустријата и рударството вкупниот пораст - новосоздадената вредност е 11,6 проценти, во трговијата на големо и мало 13,6 проценти, во сообраќајот - 11,1 проценти, во банкарските услуги 12,5 проценти, градежништвото 5,8, а во земјоделството и шумарството - 3,5 проценти.

- Буквално во сите сектори на економијата има силен економски раст. Уште позначајно за идниот економски раст е што инвестициите во машини и опрема во првиот квартал на 2007 се повисоки за 10,7 проценти во однос на првиот квартал од 2006. Тој податок покажува дека е почнат сериозен инвестиционен циклус во земјата по долгогодишниот период на неинвестирање - вели вицепремиерот Ставревски.
Тој информираше и дека по долги години македонскиот извоз почнал да расте со двоцифрени цифри, при што во првите три месеци од годината извозот на стоки во вредност оствари раст од 42,6 проценти, а извозот на услуги околу 19,4 проценти. Во истиот период се остварил двојно помал пораст на увозот што значи дека земјава го стеснува јазот помеѓу извозот и увозот.
- Македонската економија станува се поконкурентна и македонските производи наоѓаат нови пазари во земјите од ЕУ и од регионот. Станува збор за реално формиран пораст, којшто очекуваме да продолжи и во следните квартали - рече Ставревски.
Тој изјави дека со континуиран раст и во наредните квартали сигурно ќе се подобри стандардот на граѓаните.






PUSTOSOT STO GO OSTAVIJA GNASITE KOMUNJARSKI, SEGA PREMIEROT SO SUDNI MAKI USPEVA NESTO DA PODIGNE NA ZAVIDNO NIVO, NEMOZI OD TOJ PUSTOS ODMA DA POTECI MED I MLEKO,!!! AMA POLEKA I SIGURNO MAKEDONIJA ODI NAPRED, A KOMUNJARITE I SEKERINSKA KE SI LAAT, DO SLEDNITE IZBORI, I KOGA KE GI SNEMA OD POLITICKA SCENA, STO ZNACI EDNAS ZASEKOGAS OVOJ NAROD DA SE KURTULI OD ODRODNICITE.
CESTITKI ZA PREMIEROT I IDNIOT PRESEDATEL NA MAKEDONIJA
(А.Се)
 
se gleda deka se podobruva barem malce situacijata u zemjava
 
dap se podobruva samo treba nesto okolu zdravstvovo umiraat lugje ....Napwed Gwujo
 
NACIONALIST напиша:
1.Историски економски раст од седум проценти
2.CESTITKI ZA PREMIEROT I IDNIOT PRESEDATEL NA MAKEDONIJA

:pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2: Da si ziv , me iznasmea :toe:
 
By „економските показатели” : Во индустријата и рударството вкупниот пораст - новосоздадената вредност е 11,6 проценти, во трговијата на големо и мало 13,6 проценти, во сообраќајот - 11,1 проценти, во банкарските услуги 12,5 проценти, градежништвото 5,8, а во земјоделството и шумарството - 3,5 проценти!!!???

Бранко и Грујо се разликуваат само во едно - Бранко го мрзеше или не знаеше или си мислеше најпаметен е па не му треба агенција за ПиАр, за разлика од малиов кој добро го работи тоа - па подобар е и од Пинк Телевизија. Од г...о успева да создаде слика на Picasso. Единствено економскиот пораст во сообраќајот некако тешко се проголтува, на што се мисли на зголемениот број на канти од автобуси што експлодираат низ Скопје или за 11.1% зголемено присуство на мерцедеси и BMW-a со странски таблички од 2 од можни 4 пардон 5 соседни држави.

Другар ми од Љубљана кратко ми кажа дека ако таму автобус повреди патници, по доста кратко време за м....а ќе висат доста луѓе што биле градоначалник, па разни одговорни за превозот и тн. ОВде следниот ден слушам ни се развил сообраќајот. Истото ова економско чудо се случува секојдневно:pos2: во : Северна Кореа, Куба, Либија , Ирак пред да стане Американски Ирак итн. Deja VU...
 
Дечко за второ мислење на форумот, бааги зелени натропа. Наоѓаш поврзаности и каде што ги нема. Како прво и прво, овие економски показатели се за првиот квартал на 2007, и тие покажуваат дека тој економски раст е поголем од другите квартали во минатото. Значи полека (се надевам и сигурно), македонската економија се подобрува. А ако ти очекуваш за 3 месеци експресно да се поправи тоа што во минатите 20 години се расипувало, оди кај другар ти во Љубљана бесете луѓе за мади*а :)
 
Иако се гледа БДП и квартално, јас сепак би сакал да видам што ќе испадне на годишно ниво. За еден квартал премногу ми е краток период за да се види дали има нешто барем среднорочен ефект.
 
Како прво Дечко, без навреди доколку можеш да се воздржиш. Не прочитав никаде кога се зачленив дека е забрането да напишам дека не се сложувам со канти автобуси, таканаречени параметри за врвен економски раст и за тоа дека конечно сме добиле месија, не прочитав во здравството и таму ли рипнал ЏиДиПиТо, пошто Докиќ, Борче и Димов се under arrest, па сега е една милина и убавина таму.
Дечко сам ја кажа разликата помеѓу демократските држави и бананите - кај нас се предавници оние што не ја сакаат власта и ја критикуваат - тоа трае вероватно од турско па наваму, а во нормалните држави предавници се оние што биле на државна функција и направиле неуспех - ја предале државата.
Сите нормални дрќави имаат многу јаки граѓански иницијативи и движења кои ако малку приметат девијации делуваат, можда и кај нас ќе зајакне граѓанинот како институција. Тогаш многу потешко ќе им биде на полтроните на актуелните власти преку медиуми и вакви форуми да трубат лажни успеси, а на теренот се да е тотално расуло. :pov:
 
jon напиша:
и вакви форуми да трубат лажни успеси, а на теренот се да е тотално расуло.
Полека малку. Не заборавај дека на форумите членовите самите отвараат дискусии.
 
Ок е мистичен и јас отидов можда остро,имено и самиот сум модератор на друг форум (IT форум) и многу добро ми се познати можностите на еден Web форум.:cds:
 
А да се вратевме на темата, а да не си ги фалиме атрибутите?:)

Тенк ју...

Економски раст од 7% ќе речам „Браво” ако се задржи тоа на годишно ниво. Ама сетете го овој податок

За македонскиот стандард два пати се зголеми, потребно е континуиран 7% раст во рок од 10! години

А ние кренавме прашина за 3 месеци!

Не се палите луѓе...ама сепак секоја чест што тоа се случи!
 
Доколку е вистина, тогаш е одлично, иако еден квартал е мал период за да биде значаен показател. Особено доколку е точно тоа дека извозот на стоки пораснал за 53%. Е сега, малку е збунувачко тоа што според статистиката индустриското поизводство пораснало за 10%, а извозот за 53%. Тогаш, што извезуваме? Услуги?
 
изгледа извезуваме курви :vozbud: мајтап малку стварно ова шо го потенцира Мистичен е збунувачки и е за дискусија
 
Volkswagen напиша:
Економски раст од 7% ќе речам „Браво” ако се задржи тоа на годишно ниво. Ама сетете го овој податок
За македонскиот стандард два пати се зголеми, потребно е континуиран 7% раст во рок од 10! години
А ние кренавме прашина за 3 месеци!
Не се палите луѓе...ама сепак секоја чест што тоа се случи!
Тоа и мене ми беше муабетот. Не се остава да „слегне” работата и да се види дали континуирано може да се вадат позитивни резултати, туку одма мора да се пишуваат контрапродуктивни критики, малициозни споредби, и навреди од типот „полтрони на власта”.
Дајбоже да ни живне државата малце, полека но сигурно, па да даде господ сите да се тепате да бидите „полтрони на власта”.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom