- Член од
- 11 ноември 2009
- Мислења
- 2.809
- Поени од реакции
- 2.631
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Почитувани студенти,
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ги информира сите студентите од студиските програми (студиски генерации) 2009/2010, 2010/2011 и2011/2012 година, дека започнувајќи од февруарската (двојна) испитна сесија 2012 година,пријавувањето на испити се реализира исклучиво поелектронски пат преку електронскиот индекс на студентот (е-Индекс). Студентите – странски државјани (превземи) запишани во студиските генерации 2009/2010, 2010/2011 и 2011/2012 година и студентите застапени на дадената листа (превземи), пријавувањето на испити во февруарска (двојна) испитна сесија 2012 година го реализираат на традиционален начин преку шалтер на студентската служба со поднесување на испитна пријава, уплатница за пријавување на испит (за вонредните студенти) и уплатница за административна такса (таксена марка) за секој испит.
Студентот може да реализира електронско пријавување на испити, само за оние предмети кои припаѓаат на семестри кои во системот се запишани и воедно заверени, при што системот нема да дозволи електронско пријавување на испити на предмети кои припаѓаат на семестри кои не се заверени.
Февруарска (двојна) испитна сесија 2012 година е сесија која се реализира во два термини за полагање и тоа:
· Прв термин (06. 02. – 17. 02.2012 година) и
· Втор термин (20. 02 – 02. 03.2012 година),
при што студентот има право еден ист предмет електронски да го пријави и воедно да реализира полагање само во еден од двата термини. Рокот за електронско пријавување на испити во двата термини за февруарска (двојна) испитна сесија 2012 годинае 28. 01 – 03. 02.2012 година.
Студентите од студиските програми (генерации) 2007/2008 и 2008/2009 година, пријавувањето на испити го реализираат на традиционален начин преку шалтер на студентската служба со поднесување на испитна пријава, уплатница за пријавување и уплатница за административна такса (таксена марка) за секој испит. Воедно, рокот за електронско пријавување на испити за овие студенти во двата термини за февруарска (двојна) испитна сесија 2012 годинае 30. 01 – 03. 02.2012 година.
добро и шо е разликата во пријавување,кога сите на крајот пак се гужват пред студентски,за мене електронски да пријавеш било што значи да си седеш дома и да си пријавеш испит без да се појавиш пред студентски![]()
Колеги да ве прашам нешто : Студентските мејлови ви функционираат ли ??
Јас мојот вчера после Х време го отворив да проверам нешто и гледам не работи. Се логирам, ама не можам ниту мејл да прочитам, ниту нов да напишам, ниту да се одлогирам .. It's like frozen.
Си помислив 'Ајде до нив е, можеби имаат зае*анции'. Ама сега пак го отварам и same story ..
--- надополнето: 15 јануари 2012 во 16:35 ---
Кај мене работиПреку хотмеил се најавуваш ?
Да, преку хотмејл. Таму лежи зецот ?!![]()
Сега значи треба до 23ти да платиме семинарски 500 ден и да ги пријавиме електронски така ли?
А сигурно ли треба да се плате за семинарските само за зимскиот семестар, некои викат требало и за двата...........?До 20ти треба да се уплати, а од 23-27 треба да се пријават.
А сигурно ли треба да се плате за семинарските само за зимскиот семестар, некои викат требало и за двата...........?
КОНЕЧНО НА СТРАНАТА НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ДА СТАВАТ
Е сине како бре да ги пријавиме семинарските и испитите преку е-индексот, без да ги доставиме уплатниците на шалтер на студентски ??
Системот сумњам да го имаат толку унапредено за пола година, па уплатниците на некој 'свој начин' да се вметнуваат на нашата сметка од е-индексот. Лани нели ги уплаќавме, уплатниците на шалтер, па ни го префрлаа уплатениот износ ..