- Член од
- 11 ноември 2009
- Мислења
- 2.809
- Поени од реакции
- 2.631
Почитувани студенти,
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ги информира сите студентите од студиските програми (студиски генерации) 2009/2010, 2010/2011 и2011/2012 година, дека започнувајќи од февруарската (двојна) испитна сесија 2012 година,пријавувањето на испити се реализира исклучиво поелектронски пат преку електронскиот индекс на студентот (е-Индекс). Студентите – странски државјани (превземи) запишани во студиските генерации 2009/2010, 2010/2011 и 2011/2012 година и студентите застапени на дадената листа (превземи), пријавувањето на испити во февруарска (двојна) испитна сесија 2012 година го реализираат на традиционален начин преку шалтер на студентската служба со поднесување на испитна пријава, уплатница за пријавување на испит (за вонредните студенти) и уплатница за административна такса (таксена марка) за секој испит.
Студентот може да реализира електронско пријавување на испити, само за оние предмети кои припаѓаат на семестри кои во системот се запишани и воедно заверени, при што системот нема да дозволи електронско пријавување на испити на предмети кои припаѓаат на семестри кои не се заверени.
Февруарска (двојна) испитна сесија 2012 година е сесија која се реализира во два термини за полагање и тоа:
· Прв термин (06. 02. – 17. 02.2012 година) и
· Втор термин (20. 02 – 02. 03.2012 година),
при што студентот има право еден ист предмет електронски да го пријави и воедно да реализира полагање само во еден од двата термини. Рокот за електронско пријавување на испити во двата термини за февруарска (двојна) испитна сесија 2012 годинае 28. 01 – 03. 02.2012 година.
Студентите од студиските програми (генерации) 2007/2008 и 2008/2009 година, пријавувањето на испити го реализираат на традиционален начин преку шалтер на студентската служба со поднесување на испитна пријава, уплатница за пријавување и уплатница за административна такса (таксена марка) за секој испит. Воедно, рокот за електронско пријавување на испити за овие студенти во двата термини за февруарска (двојна) испитна сесија 2012 годинае 30. 01 – 03. 02.2012 година.
Полуелектронскидобро и шо е разликата во пријавување,кога сите на крајот пак се гужват пред студентски,за мене електронски да пријавеш било што значи да си седеш дома и да си пријавеш испит без да се појавиш пред студентски
Кај мене работи Преку хотмеил се најавуваш ?Колеги да ве прашам нешто : Студентските мејлови ви функционираат ли ??
Јас мојот вчера после Х време го отворив да проверам нешто и гледам не работи. Се логирам, ама не можам ниту мејл да прочитам, ниту нов да напишам, ниту да се одлогирам .. It's like frozen.
Си помислив 'Ајде до нив е, можеби имаат зае*анции'. Ама сега пак го отварам и same story ..
Да, преку хотмејл. Таму лежи зецот ?!--- надополнето: 15 јануари 2012 во 16:35 ---
Кај мене работи Преку хотмеил се најавуваш ?
Еве и сега проверив, се е во ред. Пробај преку outlook.Да, преку хотмејл. Таму лежи зецот ?!
До 20ти треба да се уплати, а од 23-27 треба да се пријават.Сега значи треба до 23ти да платиме семинарски 500 ден и да ги пријавиме електронски така ли?
А сигурно ли треба да се плате за семинарските само за зимскиот семестар, некои викат требало и за двата...........?До 20ти треба да се уплати, а од 23-27 треба да се пријават.
Електронското пријавување на семинарски работи треба да се реализира од Ваша страна за сите предмети од зимскиот (непарен) семестар кои се изучуваат во учебната 2011/2012 година, а за кои според наставната програма е предвидено изработка на семинарска работа. Притоа, електронското пријавување на семинарски работи е предуслов за заверка на зимскиот (непарен) и упис на летниот (парен) семестар во учебната 2011/2012 година, при што доколку од Ваша страна претходно не е реализирано електронско пријавување на семинарски работи за предметите од тековниот семестар (зимски семестар во учебната 2011/2012 година) нема да бидете во можност да реализирате заверка на тековниот семестар и упис на летниот семестар. Рокот за електронско пријавување на семинарски работи е до почетокот на периодот (23.01 – 27. 01.2012 година) за заверка на зимски и упис на летен семестар во учебната 2011/2012 година.А сигурно ли треба да се плате за семинарските само за зимскиот семестар, некои викат требало и за двата...........?
КОНЕЧНО НА СТРАНАТА НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ДА СТАВАТ
Имаш 5 испита. Уплаќаш 5х20 денари за испитите и 5х50 денари за административна такса (сето тоа го реализираш со 2 уплатници со назнака за испит/административна такса). Таа сума се внесува во системот, и во е-индексот во делот финансиски трансакции ќе се појави:
Е сине како бре да ги пријавиме семинарските и испитите преку е-индексот, без да ги доставиме уплатниците на шалтер на студентски ??
Системот сумњам да го имаат толку унапредено за пола година, па уплатниците на некој 'свој начин' да се вметнуваат на нашата сметка од е-индексот. Лани нели ги уплаќавме, уплатниците на шалтер, па ни го префрлаа уплатениот износ ..