Економски факултет- Штип

  • Креатор на темата AFI
  • Време на започнување
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Почитувани студенти,

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ги информира сите студентите од студиските програми (студиски генерации) 2009/2010, 2010/2011 и2011/2012 година, дека започнувајќи од февруарската (двојна) испитна сесија 2012 година, пријавувањето на испити се реализира исклучиво поелектронски пат преку електронскиот индекс на студентот (е-Индекс). Студентите – странски државјани (превземи) запишани во студиските генерации 2009/2010, 2010/2011 и 2011/2012 година и студентите застапени на дадената листа (превземи), пријавувањето на испити во февруарска (двојна) испитна сесија 2012 година го реализираат на традиционален начин преку шалтер на студентската служба со поднесување на испитна пријава, уплатница за пријавување на испит (за вонредните студенти) и уплатница за административна такса (таксена марка) за секој испит.
Студентот може да реализира електронско пријавување на испити, само за оние предмети кои припаѓаат на семестри кои во системот се запишани и воедно заверени, при што системот нема да дозволи електронско пријавување на испити на предмети кои припаѓаат на семестри кои не се заверени.
Февруарска (двојна) испитна сесија 2012 година е сесија која се реализира во два термини за полагање и тоа:
· Прв термин (06. 02. – 17. 02.2012 година) и
· Втор термин (20. 02 – 02. 03.2012 година),
при што студентот има право еден ист предмет електронски да го пријави и воедно да реализира полагање само во еден од двата термини. Рокот за електронско пријавување на испити во двата термини за февруарска (двојна) испитна сесија 2012 година е 28. 01 – 03. 02.2012 година.

Студентите од студиските програми (генерации) 2007/2008 и 2008/2009 година, пријавувањето на испити го реализираат на традиционален начин преку шалтер на студентската служба со поднесување на испитна пријава, уплатница за пријавување и уплатница за административна такса (таксена марка) за секој испит. Воедно, рокот за електронско пријавување на испити за овие студенти во двата термини за февруарска (двојна) испитна сесија 2012 година е 30. 01 – 03. 02.2012 година.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Почитувани студенти,

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ги информира сите студентите од студиските програми (студиски генерации) 2009/2010, 2010/2011 и2011/2012 година, дека започнувајќи од февруарската (двојна) испитна сесија 2012 година,пријавувањето на испити се реализира исклучиво поелектронски пат преку електронскиот индекс на студентот (е-Индекс). Студентите – странски државјани (превземи) запишани во студиските генерации 2009/2010, 2010/2011 и 2011/2012 година и студентите застапени на дадената листа (превземи), пријавувањето на испити во февруарска (двојна) испитна сесија 2012 година го реализираат на традиционален начин преку шалтер на студентската служба со поднесување на испитна пријава, уплатница за пријавување на испит (за вонредните студенти) и уплатница за административна такса (таксена марка) за секој испит.
Студентот може да реализира електронско пријавување на испити, само за оние предмети кои припаѓаат на семестри кои во системот се запишани и воедно заверени, при што системот нема да дозволи електронско пријавување на испити на предмети кои припаѓаат на семестри кои не се заверени.
Февруарска (двојна) испитна сесија 2012 година е сесија која се реализира во два термини за полагање и тоа:
· Прв термин (06. 02. – 17. 02.2012 година) и
· Втор термин (20. 02 – 02. 03.2012 година),
при што студентот има право еден ист предмет електронски да го пријави и воедно да реализира полагање само во еден од двата термини. Рокот за електронско пријавување на испити во двата термини за февруарска (двојна) испитна сесија 2012 годинае 28. 01 – 03. 02.2012 година.

Студентите од студиските програми (генерации) 2007/2008 и 2008/2009 година, пријавувањето на испити го реализираат на традиционален начин преку шалтер на студентската служба со поднесување на испитна пријава, уплатница за пријавување и уплатница за административна такса (таксена марка) за секој испит. Воедно, рокот за електронско пријавување на испити за овие студенти во двата термини за февруарска (двојна) испитна сесија 2012 годинае 30. 01 – 03. 02.2012 година.


добро и шо е разликата во пријавување,кога сите на крајот пак се гужват пред студентски,за мене електронски да пријавеш било што значи да си седеш дома и да си пријавеш испит без да се појавиш пред студентски :unsure:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Колеги да ве прашам нешто : Студентските мејлови ви функционираат ли ??

Јас мојот вчера после Х време го отворив да проверам нешто и гледам не работи. Се логирам, ама не можам ниту мејл да прочитам, ниту нов да напишам, ниту да се одлогирам .. It's like frozen. :cautious:

Си помислив 'Ајде до нив е, можеби имаат зае*анции'. Ама сега пак го отварам и same story ..
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
добро и шо е разликата во пријавување,кога сите на крајот пак се гужват пред студентски,за мене електронски да пријавеш било што значи да си седеш дома и да си пријавеш испит без да се појавиш пред студентски :unsure:
Полуелектронски :D
--- надополнето: 15 јануари 2012 во 16:35 ---
Колеги да ве прашам нешто : Студентските мејлови ви функционираат ли ??

Јас мојот вчера после Х време го отворив да проверам нешто и гледам не работи. Се логирам, ама не можам ниту мејл да прочитам, ниту нов да напишам, ниту да се одлогирам .. It's like frozen. :cautious:

Си помислив 'Ајде до нив е, можеби имаат зае*анции'. Ама сега пак го отварам и same story ..
Кај мене работи :) Преку хотмеил се најавуваш ?
 
Член од
13 септември 2010
Мислења
114
Поени од реакции
2
Сега значи треба до 23ти да платиме семинарски 500 ден и да ги пријавиме електронски така ли?
 

AFI

Член од
17 ноември 2009
Мислења
389
Поени од реакции
98
КОНЕЧНО НА СТРАНАТА НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ДА СТАВАТ

Почитувани студенти, во прилог е наведена хронологијата на активности која е потребно да биде реализирана од Ваша страна во следниот период:
  1. Пријавување на семинарски работи за непарен семестар во учебната 2011/2012 година:
    • За студентите од студиските програми (генерации): 2009/2010, 2010/2011 и 2011/2012 најдоцна до 23.01.2012 (најдоцна пред заверката на непарниот семестар), преку електронскиот индекс (без приложување на уплатниците за семинарски работи на шалтер на студентска служба);
    • За студентите од студиските програми (генерации): 2007/2008 и 2008/2009 најдоцна до заверката на непарниот семестар (со самата заверка), на шалтер на студентска служба (со приложување на уплатниците за семинарски работи на шалтер на студентска служба).
  2. Заверка на непарен и упис на парен семестар во учебна 2011/2012 година од 23.01.2012 до 27.01.2012 – за сите генерации на студенти на шалтер на студентска служба:
    • Не е возможна заверка на семестар без претходно пријавени/реализирани уплати на семинарски работи;
    • Не е возможна заверка на семестар без потписи од сите предмети за непарниот семестар во физичкиот индекс на студентот (со можност доколку недостасуваат најмногу 2 потписи, истите да бидат купени при заверката на непарниот семестар).
  3. Пријавување на испити во февруарска (дупла) сесија 2012 година:
    • За студентите од студиските програми (генерации): 2009/2010, 2010/2011 и 2011/2012 од 28.01.2012 до 03.01.2012, преку електронскиот индекс, без приложување на уплатниците за пријавување на испит на шалтер на студентска служба, а со претходно приложување (при заверката на непарниот семестар) на уплатата за административна такса на шалтер на студентска служба или преку процесирање на уплата за административна такса преку СМС (пред пријавувањето на испитите) со користење на следното упатство;
    • За студентите од студиските програми (генерации): 2007/2008 и 2008/2009 од 30.01.2012 до 03.02.2012, на шалтер на студентска служба (со приложување на соодветните уплатници и физички пријави).
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
А сигурно ли треба да се плате за семинарските само за зимскиот семестар, некои викат требало и за двата...........?
Електронското пријавување на семинарски работи треба да се реализира од Ваша страна за сите предмети од зимскиот (непарен) семестар кои се изучуваат во учебната 2011/2012 година, а за кои според наставната програма е предвидено изработка на семинарска работа. Притоа, електронското пријавување на семинарски работи е предуслов за заверка на зимскиот (непарен) и упис на летниот (парен) семестар во учебната 2011/2012 година, при што доколку од Ваша страна претходно не е реализирано електронско пријавување на семинарски работи за предметите од тековниот семестар (зимски семестар во учебната 2011/2012 година) нема да бидете во можност да реализирате заверка на тековниот семестар и упис на летниот семестар. Рокот за електронско пријавување на семинарски работи е до почетокот на периодот (23.01 – 27. 01.2012 година) за заверка на зимски и упис на летен семестар во учебната 2011/2012 година.

Значи, само за предметите од непарниот семестар треба да се уплати. Провери си го студентскиот меил, сигурно и ти имаш добиено ваква порака :)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959

Е сине како бре да ги пријавиме семинарските и испитите преку е-индексот, без да ги доставиме уплатниците на шалтер на студентски ??

Системот сумњам да го имаат толку унапредено за пола година, па уплатниците на некој 'свој начин' да се вметнуваат на нашата сметка од е-индексот. Лани нели ги уплаќавме, уплатниците на шалтер, па ни го префрлаа уплатениот износ ..
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804

Е сине како бре да ги пријавиме семинарските и испитите преку е-индексот, без да ги доставиме уплатниците на шалтер на студентски ??

Системот сумњам да го имаат толку унапредено за пола година, па уплатниците на некој 'свој начин' да се вметнуваат на нашата сметка од е-индексот. Лани нели ги уплаќавме, уплатниците на шалтер, па ни го префрлаа уплатениот износ ..
Имаш 5 испита. Уплаќаш 5х20 денари за испитите и 5х50 денари за административна такса (сето тоа го реализираш со 2 уплатници со назнака за испит/административна такса). Таа сума се внесува во системот, и во е-индексот во делот финансиски трансакции ќе се појави:
Административна такса (таксена марка) Уплатени:250 Расположливи: 250 Искористени: 0
Такси за испит: Уплатени:100 Расположливи:100 Искористени: 0

Потоа, кликаш во делот „Пријава за испит“, го бираш предметот и го пријавуваш. Системот сам ти одзема 20 денари за пријавувањето и 50 денари за административна такса (еве како изгледа тоа http://pic.mk/images/UJlP3.jpg). Истото ќе го повториш и за сите останати испити, и тоа е тоа :)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
^ Да де, тоа го знам .. Лани летниот семестар така ги уплаќавме.

Збунет сум само околу уплатниците .. Фиши ми е некако само со уплаќање (без нивно предавање на студентски) да ни се префрлат дирекно средствата на сметка. Али ајде нека е така, па видечемо .... :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom