Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Колега, во тетратка ми се, која ја неам уште отворено да видам што и како, утре ќе ти пишам ПП.

Демографија - Минималната граница колку му е за поминување? Не мора од годинава, општо на колку ја става.


Лани беше 60%, 24/40 се положуваше.
 
Чувството кога ќе излезеш од кај него од кабинет и ќе ти внесе оценка во индекс е непроценливо. Сач амејзинг филинг :pipi:



А чувството кога ќе влезеш и ќе ти рече се гледаме во Јануари колега. Е тоа е филинг :D
 
А чувството кога ќе влезеш и ќе ти рече се гледаме во Јануари колега. Е тоа е филинг :D

Го доживеав и тоа, паднав втор колоквиум јас, и бев може некои си 10 секунди кај него во кабинет додека пиеше виски со Ивановски, набрзина ми ја даде тетратката он ја прелиста, ме праша од кај сум добил точни резултати без решена задача и то беше то, ми рече се гледаме на испит. Зајебао сам га, положив во Јануари и тоа со осмиче. :love:
 
Ќе ве замолам за помош бидејќи сум нов студент на уким на двегодишни постдипломски студии,департман Сметководство и ревизија. Распоред за полагање нема,ниту пак распоред за предавања кои сигурно веќе се во тек а ние не сме информирани. Ниту сум запознаена со професорите ниту со матријалот а како што добив информација ќе треба да полагам прв колоквиум(ако воопшто се полага на колоквиуми) во Декември. Па затоа ќе ве замолам за било какви информации од вашето искуство.

Предметите што ќе ги полагам овој семестар се Ревизија, Екстерно известување, Корпоративно финансиско известување и Финансиски пазари и институции.

Прочитав дека земате прашања од книжарниците, дали често се паѓаат истите, дали можам да се потпирам на нив?
 
Колеги, дај кажете на што да ставам повеќе акцент по Меѓународни финансии, посебно за 18тото поглавје каде што е меѓународниот монетарен систем, златниот стандард...
 
Море те заборавив за економски развој, инаку до 333 страна треба да се учи за прв колоквиум. А Економија на инвестиции мене ми беше лесен предмет затоа што ги знаев задачите, а теоријата послабо али решив и од тоа нешто. Најбитно ти е задачите да ги знаеш, за теоријата ќе се снајдеш. А регионална ти е на пишување цел колоквиум, 12-13 прашања одприлика.

П.с. Дај некој нека ми каже до која страна треба да се учи Микроекономија...
како помина на испит денес ?
 
Не отидов, слабо го спремав овој, имав два побитни вчера. Ти како? Каков беше тестот?
Не се ни сомневав дека ке даде да се изведе фомула од Солоу.

Имаше 30 на заокружување и две отворени прашања.
Отворените беа:
1.Изведи ја равенката од моделот на Солоу (и притоа кажа да се објасни од почеток до крај,значи не само штура равенка)
2.Да се напише формулата за придонесот на образованието во економскиот раст (кажа само равенка без многу објаснувања)
Од заокружувања најмногу имаше од моделите на Кејнз,Херод,Домар (што ке биде ако приридната стапка на раст ја надминегарантираната...такви работи), Хикс,Коб-Даглас...
На стр 73 се падна прашање за претпоставки потребни за разбирање на Херод-Домаровиот модел
од стр.109 се падна она со ГНП и ГНИ (на која странае гнп, а на која гни, кај се впишуваат др
авните набавки на ГНИ или на ГНП...такви прашања да заокружиш)
Имаше ситна задача која ниту ја решив,ама беше вака:ако најолниот слој од население е 40%, средниот 30% и највисокиот 30%...(понатаму не ја запамтив,ама имаше нешто Р1=2%,Р2=5%...)
Од 147 страна се паднаа повекепрашања за заокружување во врска со прозодната функција(дали е конкавна, конвексна, дали паѓа од лево на десно, кај е пострмна...
Од 170 стр. падна прашање воврска со теорија на оптимално население
Се падна прашање од 192 страна од финасиска либерализација,дали на долг/краток рок е ОК и кон што води-рецесија, инфлација....одностот меѓу штедење и инвестиции...
од 201 за концептот на Хикс, трудо-интензивно....такви заокружуванки

Ако сака да ме пушти, ке ме извлече...ама познавајки го Петрески, тешко....
 
КОга ке има резултати од Економски развој од колоквиумот ако некој може нека ги сликне или нека пише барем дека се истакнати.
Частам Милка чоколадо за известување;)
 
Колеги, дали минатата година имаше Банкарски Менаџмент нешто семинарска/проект... за плус поени? Или се си е од колоквиум колку добиеш...?
 
Јас си положив трговско,сметководство и економија...ама ептен блиску сум до границата по сите предмети,па ме интересира дали може да направам семинарска или нешто слично за да добијам плус некој поен..
 
Што е тоа со одењето на Водно и дали е точно тоа со печатите? И ако е точно, како можеш да се извадиш од тоа?
 
Јас си положив трговско,сметководство и економија...ама ептен блиску сум до границата по сите предмети,па ме интересира дали може да направам семинарска или нешто слично за да добијам плус некој поен..

Трговско и сметковдство не дават семинарски. Економија може ако го замолиш Предраг фино лепо, Таки Фити даваше лани ама само на тие што слушат кај него. Предраг е малце себичен за такви работи, тешко да даде, ама пробај си.

Што е тоа со одењето на Водно и дали е точно тоа со печатите? И ако е точно, како можеш да се извадиш од тоа?
Немаме ни лани вакво нешто со Водно и слично. Не можам да ти кажам со сигурност што би било ако не отидеш.
 
Трговско и сметковдство не дават семинарски. Економија може ако го замолиш Предраг фино лепо, Таки Фити даваше лани ама само на тие што слушат кај него. Предраг е малце себичен за такви работи, тешко да даде, ама пробај си.


Немаме ни лани вакво нешто со Водно и слично. Не можам да ти кажам со сигурност што би било ако не отидеш.

Епа јас кај Таки Фити сум
 
Епа јас кај Таки Фити сум

Е па пробај оди му во приемно време и закажи си за семинарска, тоа ако го правиш мора пред почетокот на втори колоквиуми, така да пробај деновиве.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom