Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Колеги кои од предметиве го препорачувате за изборен во семестаров на кој може да се извади висока оцена (9, 10). И друг предлог е добредојден. :)
- Стратегиски менаџмент
- Методи на продажба
- Европски економски интеграции
- Менаџмент информациони системи
- Е-бизнис иновации
- Англиски 1
Англиски 1 не знам каков е концептот сега, а Стратегиски менаџмент е доста лесен, ако веќе си го поминал Основи на менаџмент и слични предмети со набројуванки, овој ќе ти биде лесен. :)
 
Продавам

1) Оригинал книга Методи на продажба. = 300
2) Аграрна политика книга = 100
3) Европски економски интеграции = сите потребни материјали за положување и висока оцена = 400

+ Гратис - Стратегиски менаџмент книга (копија) ако земете нешто од овие
 
Теткиве од студентски ми рекоа дека тек на 14-ти или после тоа ќе може да се достават формуларот и примероците од дипломска ради тоа што тогаш биле уписите за четврта година, држи вода ова или? Колку што знам јас секој кога сака си оди да се запишува, многу ретко кој навистина се држи до тоа. Сакам да прашам некој да не има искуство ако се договори професорот да брани ден откако ќе се отвори досието, а сепак да му стое како да дипломирал на датум кога е затворено досието, односно некој ден подоцна, пошто не ми се чека, а имам и обврски, а не знам колку би траела таа проверка на досие, на iknow се ми е внесено, се чека само проверка на пријавите. :mad:
 
Препорачајте некој изборен за 7ми семестар и ако имате повеќе инфо за Сметководство на јавен сектор
 
Теткиве од студентски ми рекоа дека тек на 14-ти или после тоа ќе може да се достават формуларот и примероците од дипломска ради тоа што тогаш биле уписите за четврта година, држи вода ова или? Колку што знам јас секој кога сака си оди да се запишува, многу ретко кој навистина се држи до тоа. Сакам да прашам некој да не има искуство ако се договори професорот да брани ден откако ќе се отвори досието, а сепак да му стое како да дипломирал на датум кога е затворено досието, односно некој ден подоцна, пошто не ми се чека, а имам и обврски, а не знам колку би траела таа проверка на досие, на iknow се ми е внесено, се чека само проверка на пријавите. :mad:

Охоооо епа ќе си почекаш малку или малку поче за пријавување на дипломскава на студентски плашила. Најважно е да ги имаш сите оцени во електронскиот и аналогниот индекс. Ако ги имаш сите документи пополнето со уплатницата и 4те примероци од дипл. тогаш појди на 15ти или 16ти. Пред 10 часот застани пред врата да си фатиш ред пред да се наполни за уписи. За отварање на досие можеш да појдеш после 2-3 дена од пријавувањето на дипл. на студ. плашила. Најмногу 7 дена се потребни да стигнат формуларот со примероците од дипл. до проф. После тоа проф. ќе реши кога би те викнал за одбрана. :pipi:
 
Последно уредено:
Колеги, може некој да сподели искуство и карактеристики на следниве предмети:
  • квантитативни методи во финансии
  • методи на продажба
  • статистичка контрола на квалитет
  • англиски 1
Фала!
 
Колку треба да е просекот за стипендија за студенти со висок успех 9,00 или 9,50 ?
 
Дечки може да споделите искуство од Квантитативни методи во финансии ?
 
Продавам книги за 1год и тоа: Основи на економијата+ прашања Основи на сметководството(збирка+ Книга) и Математика за економисти. ПП
 
Дечки може да споделите искуство од Квантитативни методи во финансии ?
Супер предмет и многу убаво предава Драган, а ако си имала анализа на временски серии ќе ти биде преселно. Од колоквиуми вкупно се вадат 40 поени, од домашни мислам 10, есеј 20, берза 20 (максимум), семинарска 20 итн... како и да е, лесно се стига до 10ка бидејќи имаш и многу други активности.
 
Дајте збор-два-три за Теорија на организација,Наука за менаџмент и Деловно комуницирање...и некој изборен шо би одел полесно со овие(Трговско,Демографија и Аграрна иам земено)
 
Дајте збор-два-три за Теорија на организација,Наука за менаџмент и Деловно комуницирање...и некој изборен шо би одел полесно со овие(Трговско,Демографија и Аграрна иам земено)
Општествено богатство и нац. сметки, методи на продожба или англиски 1.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom