Египет ослободува затвореници познати и признати терористи.

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.645
Поени од реакции
27.609
http://kajgana.com/egipet-go-oslobodi-bratot-na-vodachot-na-al-kaeda

Египет го ослободи братот на водачот на Ал Каеда

Воениот суд на Египет го ослободил покрај Мохамед ал-Завахири, го ослободил и Мухамед Шавки ал-Исламбули која исто така беше осуден на смрт по истото обвинение за подготвување атентати. Инаку братот на ал-Исламбули во 1981 година го уби египетскиот претседател Анвар ел-Садат.
„Очекуваме негово пуштање на слобода следните денови“, изјавил за агенцијата адвокатот на ал-Завахири, Камел Мандур, не наведувајќи ги мотивите на судот за ослободувањето на неговиот клиент.
Завахири и Исламбули во 1998 година беа осудени во отсуство поради тоа што во Албанија минале обука и планирале напади во Египет. Мохамед ал-Завахири во 1999 година беше уапсен во Обединетите Арапски Емирати, по што им беше предаден на египетските власти и затворен. Со одлуката на Врховниот совет на оружените сили на Египет кој раководи со земјата, тој беше ослободен во март 2011 година, еден месец по падот на режимот на египетскиот претседател Хосни Мубарак, заедно со уште десетина политички затвореници. Меѓутоа, само по неколку дена беше вратен повторно во затвор, а египетскиот воен суд на 28-ми јули 2011 година го повтори процесот на коешто беше осуден на смртна казна, на што Мохамед ал-Завахири поднесе жалба.
Ал Каеда речиси истовремено објави дека нејзин прв човек по ликвидацијата на Осама бин Ладен кој на почетокот од мај беше ликвидиран од американските маринци во Пакистан, стана Египќанецот Ајман ал-Завахири.
Мохамед Шавки ал-Исламбули, минатата година се врати во Египет од егзилот во Иран, како и другите египетски политички осуденици, кои се вратија во татковината по падот на Мубарак.
Ослободителната пресуда којашто за двајцата е изречена во понеделникот, се однесува и на другите поранешни исламистички активисти, изјавил адвокатот Мандур, меѓу коишто е и Сајед Имам Фадл, поранешниот духовен лидер на Египетскиот исламистички џихад и ментор на Ајман ал-Завахири. Како и другите ослободени, и Фадл во 1990-те се откажа од насилството.
Откако Врховниот совет на оружените сили на Египет управува со земјата, ослободени се многу исламистички активисти, како што се Абуд ал-Зомор, поранешен припадник на Џама Исламија, организацијата која е вмешана во атентатот на поранешниот египетски претседател Анвар ел-Садат. Зомор потоа формираше партија којашто е застапена во египетскиот парламент во кој огромното мнозинство го имаат исламистите.

Дали арапската пролет е нова исламска револуција? Неколку секуларни режими паднаа, за да се оформат ектремно радикални исламистички власти, блиски до познати терористички групи. И тоа со помош на западните сили. Се лае на Иран, а од друга страна, се помага во уништувањето на секуларните режими, чии противници биле во егзил во Иран.
 
Изгледа им е потребен втор 11-ти Септември на Јенките, за да удрат на Иран.Баш сакам некогаш барем на кратко да сум им во тие мозоците да видам каква им е играта :)
 
Ако екстремниот ислам кој го пропагира Сауди Арабиа и Ал Каеда се директно поврзани со западот тогаш се поставува прашањето која е нивната цел ?

Се тргнува од парите.
Додека планетарната популација се занимава со прашања дали била арапска пролет или зима во тие земји наголемо се врши есплоатација на нивните ресурси за ефтини пари во чија експоатација се вклучени, шеикот од Сауди Арабиа, оџата вехабија, главните на ал каеда, фамилиите западни вклучени во тој бизнис.

Ние сме влезени во филм каде на големото платно ги имаме верите, позади платното е оргијата на сите тие кои ги потикнаа овие процеси, човек со човек да се мрази.

Обичниот човек е поразен и со арапска пролет и со комунизам и со капитализам и со незнам каков систем.
На светот му треба правдина, а не филмски платна.
 
Изгледа им е потребен втор 11-ти Септември на Јенките, за да удрат на Иран.Баш сакам некогаш барем на кратко да сум им во тие мозоците да видам каква им е играта :)
Абе немора да си им во мозоците за да видиш.

Вo Египет паѓа влада чии противници се кријат во Иран, и кога доаѓа новата власт се враќаат во Египет. А во све тоа ги подржува запад.
Запад подржува режими блиски со Иран, а ги системтски ги уништува противниците на Иран веќе една деценија и повеќе. Прашање е, дали воопшто западот цели да го нападне Иран? Дали лаењето врз Иран не е само параван, за да се случува арапската пролет и да паѓаат секуларните режими еден по еден.
Северна Африка, повеќе не е секуларна. Сега се селат немирите во Сирија, и на блискиот исток воопшто.
 
Jaс баш и не сум нешто умна во светскава политика, затоа барам едноставно објаснување (нормално, лично гледиште) за следново:
Зошто на било кого му одговара арапската пролет, односно создавање радикално исламистички земји?
Која е користа?
 
Се поместува рамнотежата, земјите кои ги тргнаа старите владетели, се надеваат дека новите, од нив спонзорирани, ќе им се благонаклонети.
Само види со што располага земјата и кој ја "спонзорира" моменталната власт.
 
Oti nema negativci i ako zapadot saka i natamu da si ostane "heroj" mora da sozdade novi negativci.
 
Се поместува рамнотежата, земјите кои ги тргнаа старите владетели, се надеваат дека новите, од нив спонзорирани, ќе им се благонаклонети.
Само види со што располага земјата и кој ја "спонзорира" моменталната власт.

Да, но зошто одбрале радикален исламизам, кога самиот по себе води кон терор? Кон непостоење на демократија? Кон уназадување и најмалиот прогрес?
 
Да, но зошто одбрале радикален исламизам, кога самиот по себе води кон терор? Кон непостоење на демократија? Кон уназадување и најмалиот прогрес?
Оти мислиш дека бирале? Важно е да се тргне предниот автократ и угнетувач на кутриот народ и се разбира да се замени со некој кој ќе биде благонаклонет кон ослободителите. Прилично лукративни зделки се склучени за обнова на ослободените земји, плус тука се и договорите за концесија(природни богатства).Не верувам дека сметал било кој дека радикалниот Ислам ќе се докопа да власта, ама ете, успејаа да ги ослободат Муџите и другарите на Ал К.
 
Што знам, мислам дека и самиот радикален исламизам на некој начин е финансиран од запад. Затоа што оневозможува економски развој на тие земји. Оневозможува критичка маса, оневозможува демократија (со тоа оневозможува и глас на народот).
Нешто слично како кај нас што било - никој не се замарал со ислам (Албаниците, да речеме) додека не почнаа да бидат финансирани исламските заедници на Балканот. Моментално исламистите практично плаќаат се на исламските студенти, само тие да бидат радикалисти по тоа прашање. Тоа автоматски ги прави ,,различни,, овде, а со тоа се јавуваат и немири.
Некако слична ми звучи и таа политика, но не знам...
 
Некаков вид на амнестија..имам гледано и во други филмови за случувањава...
 
Да, но зошто одбрале радикален исламизам, кога самиот по себе води кон терор? Кон непостоење на демократија? Кон уназадување и најмалиот прогрес?
Дејвид Ајк има добро и едноставно објаснување на твоето прашање.Се работи за прост механизам кој совршено функционира-создаваш проблем таму каде што го нема,нудиш решение за проблемот кој ти си го створил и на крај превземаш акција за наводно да го решиш проблемот.И не биди наивна,не им е важно на Американците и компанија дали во Либија или Сирија или било која рандом земја ќе има демократија или пак прогрес,важни се нивните интереси.
 
Но самиот радикален ислам е проблем за Америка, тоа го мислев. Исламистите дирекно удираат против Америка. Каков интерес имаш да финансираш некој кој сака да ти објави војна (и пробува на секој начин?).
 
Исламистите ниту удриле на Америка,ниту можат да помислат на сон да и објават војна.Тие се само марионета и еден добар изговор за Америка да го прави тоа што го прави моментално по исламскиот свет.Во сета таа игра има и колатерална штета одвреме-навреме во смисла на невини човечки жртви но тоа е цената која треба да се плати.
 
Верувам.
Само ми делува како глупава идеја да развивам радикален исламизам за да ,,освојувам,, и ,,покорувам,,.
But, it's just me. Америте знаат подобро... :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom