Staufer
Драган Богдановски
- Член од
- 17 јануари 2008
- Мислења
- 17.189
- Поени од реакции
- 23.776
Ова ми беше прво одење. Спиев една вечер во Баница (Веви) што е околу 10км оддалечено. Идам и зборнав на Англиски после две реченици ме праша на Македонски дали знам Македонски. Му викам да и ми вика епа ајде на Македонски тогаш оти не знаел добро Англиски. Доста добро зборуваше беше меѓу 40-50 год. човекот.Дај кажи ми, никогаш не сум бил по беломорските села...Луѓето таму, погсебно младинава, како се чувствува? Гледам со голема жар ги уживаат македонските песни, а од друга страна не сум сигурен дека добро го зборат македонскиот јазик, или дека се нешто премногу приврзани за Македонија..би рекол дека се доста добро асимилирљни од страна на јунистанците?
Вечерта во Горно Врбени буквално имаше све, луѓе кои меѓусебе зборуваат Грчки или Македонски или мешаат. Младите меѓу себе претежно грчки зборуваат. Мене кога ќе ме сетеа дека не знам грчки автоматски на Македонски свртуваа пример кога земав јадење или пиење. Во тој дел луѓето во средните и постарите години знаат претежно Македонски, така беше мој печаток. Во политички теми не навлегував бев за други дојдено.
Почеток официјално беше во 21ч. Во 22ч мислам вистински почна прво со играорна група па потоа со нормални народни песни. Домаќине, Што ти текна Јана, итн. Многу весело многу луѓе многу млади песните ги пееја сите. Нешто пред 24ч почна со Гајда и Виена Лоза како да е некој пресврт доста повесело од тогаш имаше огномет, бенгалски огони преполно беше на оро. Вистинско доживување. Потоа почнаа и со по некоја по патриотска песна, Вардаре Пирин кај ти е, Велат не нема, Егејки мајки, итн. Интересно на тие песни почнаа луѓе да заигруваат кои пред тоа не играа. Останав до 3 а уште имаше луѓе и музика.
Е сега за тоа како се гледаат себеси не можам да кажам мислам е индивидуално. Имаше тука и луѓе од Виножито за кои јасно е како се гледаат. Групата Македонски Мерак исто така е позната по тоа што со песните одат подалеку од тоа што Грците поднесуваат. Има разни видови на панаѓури со мешана музика и грчки песни, со Македонска музика и без пеење ова ми се чини е најмакедонски начин цела вечер само Македонска музика со пеење и патриотски песни имаше. Затоа сметам луѓето се гледаат како Македонци ама како не гледаат нас другите Македонци и колку се идентифицираат дополнително како Грци, не знам.
Тоа се ете мои лични печатоци.