Раније (сеа анон превртуе очи), кога беа само МТВ 1, 2 и 3, пошо третиот канал беше експериментален, со програма која беше само во вечерните саати, често се случуваше да ја пуштаат NBC. Или програмата ќе заврши до кај 22, па после го пуштаа и обично идеше Лено, у тој prime time или такозван Tonight и тој после 11 како late night идеше Conan O'brian. Дали некој го давал Letterman, не сум сигурен, може А1 да давале пошо порано имаа многу разновидна програма (радиото на пример беше супер, авангардно со многу електронска музика, па и гитарска).
Сеа, не знам кој го воспоставил овој тип на шоу, меѓутоа, мислам дека своевремено "ривалството" на Лено и Летерман го донесе до прилично голема популарност внатре во рамките на САД. После почнаа и на RTL да се праат шоуа од сличен тип...и Германците имаат некој свој Лено.
Овој Жаре каде го фатил ова, не знам, пошо е прилично помлад, мада Лено до пред неколку години беше активен (сега има свој youtube канал посветен на огромната автомобилска и мото колекција).
Сега ги пуштам од време на време помладиве. Jimmy Fallon ми е поинтересен од Kimmel, пошо вториов е веќе опседнат со Trump и само со него се бави. Fallon и добро пее, а и The Roots се многу харизматични и одлични музичари.
Сеа, кај нашиов, ок е со желбата да се напраи нешто, меѓутоа не морал буквално. Graham Norton (не знам од кој британски канал е) практично истиот концепт го има, со тоа што си е седнат со луѓето у гарнитура и целиот дизајн на студиото е прилагоден за англиски вкус, што делува малку пооригинално. Жаре дури и фурнирот го бирал како кај Fallon.
Генерално, нашиот проблем со ваков тип програма е шо неаме celebrity некој да кажеш, да има група луѓе шо не ти е скурчено од нив и нон-стоп ги има (бејби, Тамара, Тијана....преку стојан од истите). Еве, оваа Ристеска ја поглеав 3 минути, у кои 5 пати се смееше со некое гримаси, долго кљафтање со кое го "умира" муабетот. Своевремено, гостувањата на Џим Кери, Крис Фарли и такви будалетини кај Лено, се прераскажувале на големо. На Жаре исто промашен му е и терминот и тоа што малку не се труди да внесе и сериозност - не мислам на траорна, тажна атмосфера за плачење, туку да вклучи и поширока, повозрасна публика. Сега и со форите, прераскажувања на твитер статуси, ко да е фокусиран на средношколци и ништо повеќе што делуе ко пародија да е, ко да праи мајтап на Лено.