Eden e Martin Bogatinov

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 март 2011
Мислења
85
Поени од реакции
31
ПАОК цензурира интервју на фудбалерот Богатинов

Интервјуто на македонскиот фудбалер Мартин Богатинов за украинските медиуми ги крена тензиите меѓу навивачите на солунски ПАОК. Тие побараа интервјуто да биде симнато од официјалниот сајт на украинскиот клуб Карпати за кој игра Богатинов. Натпреварот меѓу украински Карпати и солунски ПАОК се игра вечерва.​


Украинските новинари го испровоцираа, македонскиот фудбалер одговори, грчките навивачи се налутија - скандал во пресрет на натпреварот ПАОК – Карпати.

„Македонија е Македонија, Грција е Грција: Можеби и Грција има нејзина Македонија, но тоа е погрешно“, е изјавата на Мартин Богатинов која ги разгоре страстите, ги налути Грците и ги исплаши Украинците.

На официјалниот сајт на украинскиот клуб Карпати се појави интервју со македонскиот голман, кое подоцна беше отстрането, во кое акцентот беше ставен на политичките проблеми меѓу Македонија и Грција, а не на натпреварот.

За новинарите е интересен фактот што македонски фудбалер ќе игра против солунски клуб чиј навивачи се нарекуваат Македонци, па се прашуваат дали можеби за нашиот голман тоа е мотив повеќе.

„Натпреварот со ПАОК самиот по себе носи голем поттик затоа што сакаме да минеме во групната фаза. Што се однесува до вашето прашање ќе кажам дека никогаш не ги мешам политиката и спортот. Но, повторно, сакам да потенцирам дека Грција е Грција, а Македонија е нешто друго“, одговара македонскиот репрезентативец.

Богатинов наместо да говори за натпреварот и очекувањата потребно беше во интервјуто да објаснува дека не постои непријателство меѓу Македонија и Грција, бидејќи голем дел од Македонците летните одмори ги поминуваат токму кај јужниот сосед.

Контроверзното интервју беше отстрането од официјалната страница на Карпати. Челниците на украинскиот клуб го тргнаа од веб страта откако видоа колку прав се крена за тоа во Грција​
 

ilijev08

Во виното е вистината,а во ракијата е глупоста!
Член од
18 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
16
Браво за дечкото!!!Зошто се лутат грците?Ги боли тоа што Македонија е посебна земја од нив?Мислат дека Македонија е во нинвиот состав?Не не!Длабоко најебале ако мислат дека е така ...уште еднаш БРАВО ЗА ДЕЧКОТО!!!!
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
In b4 liberal shi*storm.

ОТ:Вакви работи имаше и порано.Кога мислев дека јужниве малку се опаметија да не чаламат кога некој ќе рече нешто што не им е по ќејф,пак ме демантираат.Продолжете така,ве молам.Само на ваков начин ни помагате уште повеќе да се промовираме во светски рамки.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.335
Браво за него, со оглед на тоа дека политиката во спорт не треба да се меша а ова е ваква тема, истава оди под клуч.
Ниту има основа за некаква дискусија, ниту пак доколку се води некаква дискусија, истата ќе има некаква допирна точка со фудбалот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom