- Член од
- 27 март 2011
- Мислења
- 85
- Поени од реакции
- 31
ПАОК цензурира интервју на фудбалерот Богатинов
Интервјуто на македонскиот фудбалер Мартин Богатинов за украинските медиуми ги крена тензиите меѓу навивачите на солунски ПАОК. Тие побараа интервјуто да биде симнато од официјалниот сајт на украинскиот клуб Карпати за кој игра Богатинов. Натпреварот меѓу украински Карпати и солунски ПАОК се игра вечерва.
Украинските новинари го испровоцираа, македонскиот фудбалер одговори, грчките навивачи се налутија - скандал во пресрет на натпреварот ПАОК – Карпати.
„Македонија е Македонија, Грција е Грција: Можеби и Грција има нејзина Македонија, но тоа е погрешно“, е изјавата на Мартин Богатинов која ги разгоре страстите, ги налути Грците и ги исплаши Украинците.
На официјалниот сајт на украинскиот клуб Карпати се појави интервју со македонскиот голман, кое подоцна беше отстрането, во кое акцентот беше ставен на политичките проблеми меѓу Македонија и Грција, а не на натпреварот.
За новинарите е интересен фактот што македонски фудбалер ќе игра против солунски клуб чиј навивачи се нарекуваат Македонци, па се прашуваат дали можеби за нашиот голман тоа е мотив повеќе.
„Натпреварот со ПАОК самиот по себе носи голем поттик затоа што сакаме да минеме во групната фаза. Што се однесува до вашето прашање ќе кажам дека никогаш не ги мешам политиката и спортот. Но, повторно, сакам да потенцирам дека Грција е Грција, а Македонија е нешто друго“, одговара македонскиот репрезентативец.
Богатинов наместо да говори за натпреварот и очекувањата потребно беше во интервјуто да објаснува дека не постои непријателство меѓу Македонија и Грција, бидејќи голем дел од Македонците летните одмори ги поминуваат токму кај јужниот сосед.
Контроверзното интервју беше отстрането од официјалната страница на Карпати. Челниците на украинскиот клуб го тргнаа од веб страта откако видоа колку прав се крена за тоа во Грција