Поимот „едем„ има песриско потекло и значи богатство, изобилие, уживање...Едемската градина, Рајот, е ограничен дел од Земјава, поставен помеѓу реките Тигар и Еуфрат. Кога Бог го созаде Адам , Адам е внесен, воведен во тој ограничен простор, градина, во кој Адам, а подоцна и Ева, имале се што им било потребно. По нивното истерување од Едем, Бог поставува огнен херувим-ангел, кој не им дозволувал на нашите прародители да се вратат во градината, поради сторениот грев. Едемската градина била видлива но недостапна за првите генерации луѓе, се до Потопот, кога Рајот станува невидлив за подоцнежните луѓе. Дел од Светите велат дека Едем е сеуште таму каде бил: во меѓуречјето. Но, втрото Христово доаѓање, кога Он се ќе создаде одново, ќе имаме и сосема нов Рај заедно со небесниот Ерусалим, во кој ќе живеат одбраните.