EDC (everyday carry)

  • Креатор на темата Креатор на темата 4NHK0
  • Време на започнување Време на започнување
Ок, кои плетки и кој паракорд - 325 или 550?
Па ти ги напишав горе разликите меѓу конците, а плетките најубаво можеш да ги видеш и научиш од TIAT на јутјуб.
https://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=3WsR3GQgmGg
https://www.youtube.com/watch?v=HxgooYOtkv8&feature=player_detailpage
https://www.youtube.com/watch?v=aPEDO_DoVhQ&feature=player_detailpage
https://www.youtube.com/watch?v=cwqI8gQZFGw&feature=player_detailpage
И гледај некое друго негово видео, тој за мене е мастер за плетки.
 
Си најдов едно кујнско ноже на работата (3+ години на отворено) немаше никаква 'рѓа и беше малку свиткано. Земав една турпија за острење ланец од моторна пила за дрва и го направив тоа запчето. Сече како лудо. Намената му е за сечење паракорд, каиш од автомобил (за секој случај) и такви имрџнси работи...2014-11-21 11.50.57.jpg 2014-11-21 11.47.49.jpg 2014-11-21 11.48.14.jpg 2014-11-21 11.49.05.jpg
И мал бонус: Го обоив титаниумското мултитулче и на него му направив такво запче, ама многу е потешко да се наостри и сега малку е тапо...
2014-11-21 11.53.28.jpg 2014-11-21 11.53.58.jpg
 
Само што си дојдов од Скопје и што да видам на бирото... Ми стигнале Nite Ize Key Rack S-бинерите. Баш се кул, кога ќе ги наредам ќе сликам, сега некако да се потсоберам... Еве туѓа слика.
IMG_9922.JPG
 
Практични се овие дупливе карабинери, јас имам еден што појма немам кај ми е во овој моментo_O.
 
Практични се овие дупливе карабинери, јас имам еден што појма немам кај ми е во овој моментo_O.
И мене така ми изгледаат, по некое време употреба ќе видам дали вредат за тие 6-7 долари што ги платив...
 
Само што си дојдов од Скопје и што да видам на бирото... Ми стигнале Nite Ize Key Rack S-бинерите. Баш се кул, кога ќе ги наредам ќе сликам, сега некако да се потсоберам... Еве туѓа слика.
IMG_9922.JPG
И јас сакам такви
 
И јас сакам такви
Најди ги на ибеј. Со беаплатна поштарина од Америка ги праќаат. И секако први импресии - 10/10 цврсти, со силни порти, малечки, лесни, не се ни виткаат со тегнење со раце... Сега за сега се закон, после ќе видиме, иако им верувам и се потпирам на нив дека ништо нема да изгубам :).
 
Моментално: На каиш од десната страна Колд стил Ti Lite4 со мој ворнклив мод, Свистул и Конвој С3
SAM_0761.JPG
И преден лев џеб.
SAM_0768.JPG[DOUBLEPOST=1419531083][/DOUBLEPOST]И педерушата...
@cesma
SAM_0777.JPG
SAM_0780.JPG
SAM_0781.JPG[DOUBLEPOST=1419531658][/DOUBLEPOST]Е сега неможам едит да направам, ама ^ има: чатал, 96% алкохол, (во организерот) молив, пенкало, армиран лепак, ААА батерија на полнење, Викторинокс филдмастер, мало парче кожа со полир паста на него, најлонски стеги, 550 паракорд, шмиргли, ханзапласт, пенкало за острење Викторинокс, капсула со памук нацицан со 96% алкохол, парчиња хартија, алуминиумска фолија и комбинирана алуминиумска фолија со хартија, (во кутивката за прва помош) мало ноже, ластик, памук, капсула со памук нацицан со 96% алкохол, фластер, ханзапласт, парчиња палома, мало најлонско ќесе, во другата прегратка има Узи тактичко пенкало #6 со клуч за лисици, Опинел #8 карбон, Ледрмен вингмен, електрик Роче Ф6, паракорд 325.
 
Последно уредено:
Прегледај го приврзокот 89084
абе мало си е мало...на пр.моето електриче е 800
лумени,а користам 1x алкална од 1.5v и сигурно е послабо...а ако ставам вакво нешто,ќе биде помоќно...инаку има приспособувачки фокус и со најмал радиус има домет од над 200 метри :)
Како DIY електроничар ти советувам да не ставаш батерија со поголем напон од оригиналот.
Капацитетот во mAh гледај да е голем затоа што ќе ти ја цеди брзо...
 
Како DIY електроничар ти советувам да не ставаш батерија со поголем напон од оригиналот.
Капацитетот во mAh гледај да е голем затоа што ќе ти ја цеди брзо...
На кој оригинал мислиш? За мА/ч знам, а за другото не сфаќам што сакаш да ми кажеш.
 
Мислев онаква за каква е наменет електрикот....;)
Па не верувам дека има батерии со идентична големина на ААА батерија, а да е на пр. 3 волти или пак со големина на 18650 и да е 1,5 волти.
 
Има и такви, напонот не се одредува со големината на батеријата туку со бројот на галвански елементи што ги содржи...
На пример, Лекланшеовиот галвански елемент создава околу 1,5V, една батерија од 1,5V е еден таков галвански елемент...
Кога се потребни поголеми напони, галванските елементи се поврзуваат паралалено доколку е потребна поголема јачина на струјата, и сериски доколку е потребно да се добие повисок напон. На пример акумулаторот од 12V е составен од 6 сериски поврзани елементи од по 2V. Кај камионите се поврзуваат 2 акумулатори сериски и всушност се поврзуваат 12 елементи од по 2 волти сериски.
Заклучок- ти можеш да направиш Лекланшеов галвански елемент голем колку една зграда и тој сепак ќе дава 1,5V, но неговиот струен капацитет ќе биде огромен!;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom