eBay (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата corpz
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам да продадам нешто на eBay ама немам PayPal. Ако има некој добронамерен по можност од Битола нека ме контактира
 
Може ли некој да ми препорача некој таблет, телефон или нешто слично што би било поисплатливо да се земе од Ebay одколку од продавниците во Македонија. :)
 
Барам нешто поефтино до кај 80е ...ако може
 
Дечки, ќе ве замолам за одговор на следниов проблем, многу ми е битно. Имено, порачав производ преку сестра ми од странство кој што вреди околу 40 долари. Производот стаса до дестинацијата пред недела дена, но проблемот е што сестра ми е во Македонија моментално и треба да оди лично да го земе(не очекувавме дека за овој произод ќе остават ливче на врата). Во поштата кај што живее и имаат кажано дека мора лично да го земе производот во рок од две недели, во спротивно производот го враќаат назад. Со оглед на тоа што сестра ми не е во можност да се врати во тој рок, дали е можно некако на ибеј да се издејствува парите да и ги вратат на нејзината сметка и како? Важно ми е ова, бидејќи не сакам четериесет долари да отидат во неповрат, па секоја помош и совет е добредојден.
 
Кажи му ја целава ситуација на продавачот на ибеј и нека ти ги врати парите кога ќе му стигне производот назад.
 
Ајде бе то толку немаат разбирање. Оди ти со твоја лична карта или некој од твоите родители колку да се вид иста адреса на живеење и би требало да ти го дадат пакетот.
Објасниму дека сестрати не е во можност да го подигне, секако кога ке го подигнуваш ке се потпишиш ти, така да не би требало да ти прават проблем.
 
Пред да ми одговориш, прочитав на некои сајтови дека во ваков случај, ако не отидеш да ја земеш пратката, ти ја рачунаат за одбиена и според ибеј законите, немаш нивна подршка за да си ги повратиш средствата, освен продавачот ако сака да го направи тоа. Затоа, да не влагам во таков ризик, одлучив да му пишам за ситуацијава, со тоа што му реков да ми го препрати повторно производот, наместо да ми враќа пари. Пред некој саат ни имаат одговорено дека ќе го препратат пакетот откако истиот ќе дојде кај нив. Па ќе видиме...

Сега друго ме интересира, во одговорот не стигна ништо за тоа дали јас треба да платам поштарина за повторното препраќање на пакетот. Што мислите, дали да го прашам, или самиот ќе ми каже дали е потребно пак да платам за поштарина?
Ајде бе то толку немаат разбирање. Оди ти со твоја лична карта или некој од твоите родители колку да се вид иста адреса на живеење и би требало да ти го дадат пакетот.
Објасниму дека сестрати не е во можност да го подигне, секако кога ке го подигнуваш ке се потпишиш ти, така да не би требало да ти прават проблем.
Проблемот е што се работи за странска пошта таму не ни давале да се потпишеш во друго име. Ако беше за македонска, и кај директорот ќе идев ако требаше, немаше да ги оставам така ;)
 
Луѓе, вака сега порачав маица од Ebay за 19$ + 6$ за превоз. И сега маицава ми е пратена преку DHL, па сега како што знам во Велес DHL немаат претставништво а, запирале на автобуска ако имало нешто за оставање и требало јас да си отидам и да си го земам, затоа што комбето одело од Скопје до Битола. Друго, дали ќе ми земат пари тука за поштарина, царина... немам искуство со порачување односно прв пат порачувам.

http://webtrack.dhlglobalmail.com/?trackingnumber=GM295111190322359032

Еве имам и Tracking History за каде точно сега се наоѓа прозиводот.
 
Луѓе, вака сега порачав маица од Ebay за 19$ + 6$ за превоз. И сега маицава ми е пратена преку DHL, па сега како што знам во Велес DHL немаат претставништво а, запирале на автобуска ако имало нешто за оставање и требало јас да си отидам и да си го земам, затоа што комбето одело од Скопје до Битола. Друго, дали ќе ми земат пари тука за поштарина, царина... немам искуство со порачување односно прв пат порачувам.

Еве имам и Tracking History за каде точно сега се наоѓа прозиводот.
Зошто не се јавиш во дхл Македонија? Ќе ти одговорат за сите подеталности.
--- надополнето: 2 август 2013 во 22:23 ---
http://www.dhl.com.mk/mk/contact_center/contact_express.html
 
Пратката ми е пуштена преку Hong Kong Post...ми пишува дека е во Македонија...можам ли да проверам некако за колку време ке пристигне кај мене дома?
--- надополнето: 12 август 2013 во 18:01 ---
Пратката ми е пуштена преку Hong Kong Post...ми пишува дека е во Македонија...можам ли да проверам некако за колку време ке пристигне кај мене дома?
Друго шо сакав да прашам...сакам да порачам телефон од www.banggood.com има ли некој шо има пари на paypal па преку него да порачам...
 
малце помош околу регистрирање на paypal дека ми барат емаил да пишам кога го внесувам огласот.
 
Некој да ми прати пари на paypal account-от па ќе му ги платам истите во кеш..нека пише некој во пп ако има заинтересиран
 
Ако може некој понакратко да ми објасни како можам да нарачувам производи од ebay ( во која банка да се обратам, каква картичка да извадам, каква сметка да отворам...итн,итн...).
 
Сакам да порачам производ од ebay со вредност 80 фунти. Е сега, имам MasterCard oд Охридска. Пејпел нормално дека немам.
Во payment options на производов пишува:
2rz3st0.jpg

Moжно е некако да го порачам во мизернава ни држава или слабо?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom