eBay (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата corpz
  • Време на започнување Време на започнување
продавачот е овој http://stores.ebay.de/minnasdesign ама не гледам таму за такви услови или сум ќорав малку:)
--- надополнето: 26 март 2012 во 19:35 ---
Си дава посебни услови секој купувач. Овој што си го начекал, ги праќа одделно производите и му бараат за секој да се плати посебно поштарина.
Има некои кои праќаат повеќе работи во една пратка, ама ретки се тие. Пред да се наддаваш, прочитај, убаво си пишува таму дека се плаќа за секој продукт посебно.
 
продавачот е овој http://stores.ebay.de/minnasdesign ама не гледам таму за такви услови или сум ќорав малку:)
--- надополнето: 26 март 2012 во 19:35 ---

Ако земеш еден продукт пример 4 пати, негде имаш опција да платиш еднаш за сите 4, негде имаш да платиш посебно за сите 4 а негде имаш да платиш пример 5 долари за првиот и за секој нареден по 3 долари.

А ако купуваш различни продукти, 99% ги плаќаш посебно ОСВЕН ако не го контактираш продавачот и да му кажеш дека ќе земеш повеќе работи па да ти ги спакува заедно, само не верувам дека ќе се усреќиш.
 
нормално дека ке ви наплати за секој посебно поштарина.
ако се сите исти има опција претежно кај сите да имате некој попуст во пратката, ама ако се различни скоро никогаш нема заедничка поштарина.
да не мислите тој дома си ги чува и ви ги продава. тој е само посредник или препродавач. едниот производ е од една фирма, другиот од друга третиот од трета и тн. така да тој воопшто и не ви ги пакува туку само ја препраќа пратката каде што треба и зема провизија за тоа.
за тракингот воопшто не е невообичаено да каснат информациите и по неколку дена некогаш и повеќе. друга работа е што зависи и од тракингот како што и објаснија погоре.
јас обично ги проверувам тука па ако има има ако нема нема. тоа е.(најчесто кај што пишува
Post/EMS(with USPS)
со пикапчето на сликата)
 
Зависи од која пошта е пратката. Ако е USPS, тракингот е само за територија на Америка, штом излезе повеќе нема податоци, само на поскапи предмети знаат да стават и интернационален тракинг ама тоа е ептен ретко, а ако е сингапурска, кинеска, британска пошта, можеш да го впишеш кодот на тракинг сервисот од нашата пошта и ќе ти даде информации штом пристигне пакетот на наша територија.

Да преку USPS е пратена, и откако е пратена останато е таму. Само пишува дека е прифатена во толку и толку часот, што е прифатено и тоа е тоа.

Под тракинг бројот пишува

Estimated Delivery: 03/24/12 - 03/29/12


Колку е точно ќе видиме. Пратено е на 16 овој месец, до 29 да стигни некако ми е сумливо.
 
Луѓе ве молам ќе може ли некој да ме услужи да ми порача еден производ од ибеј да му дадам пари?Само ради тоа се регистрирав овде,се надевам ке ми помогне некој :unsure:
 
Се согласувам и јас со тебе Zorica_777, потребен ми е мене производ кој чини само 15 долари а не ја знам целата процедура. Па затоа ако има некој којшто може да ни помогне ќе му бидеме крајно благодарни...
 
Јас би ви ги порачал, но ако не стигнат не превземам никаква одговорност.
 
Се согласувам и јас со тебе Zorica_777, потребен ми е мене производ кој чини само 15 долари а не ја знам целата процедура. Па затоа ако има некој којшто може да ни помогне ќе му бидеме крајно благодарни...
Има кој да помогне но мојата нарачка е $100 и никој не ми е сигурен:unsure:
 
Јас мислам дека едно време имаше paypal и во Македонија, но пошто се правевме многу паметни и го укинаа.
 
Јас мислам дека едно време имаше paypal и во Македонија, но пошто се правевме многу паметни и го укинаа.

Официјално никогаш немало како што знам, имаше финта да се регистрираш преку друга земја, али мислам дека го открија тоа и сега не може некој што сака нова сметка да си отвори и да се регистрира, само оние што веќе имале направено до пред да го откријат тоа.
 
Ај некој да ми каже како иде ова купувањево.. Значи сакам да пробам да нарачам некоја ситница, поточно флет кабел. Цената на флетот е 220 ден. Е сеа, имам дополнителни трошоци после? И колку ќе ме кошта да ми го донесат до овдека?
 
Ај некој да ми каже како иде ова купувањево.. Значи сакам да пробам да нарачам некоја ситница, поточно флет кабел. Цената на флетот е 220 ден. Е сеа, имам дополнителни трошоци после? И колку ќе ме кошта да ми го донесат до овдека?

Откако ќе кликнеш на чекаут, ќе ти ја пише цената и треба да кликнеш ОК, дали се согласуваш. Е таа е цената, нема дополнителни трошоци. :D
 
Сакам да купам нешто од E-bay.електроника 3 производи со вредност некаде околу 350-400 долари.
1.Дали можмо да се нарача нешто од E-bay од Македонија
2.Доколку е тоа можно каква картичка треба да се користи и од која банка
3.Каква е процедурата дали плаќањето оди преку PAY-PAL Односно да се регистрираш преку Словенија и такви некои работи
4.Доколку е можно сето горе наведено за колку време отприлика стигнува пратката
5.На Некои од овие производи што сакам да ги нарачам пишува Free Shiping дали значи дека за нив не морам ништо да плаќам односно дополнителни трошоци
6.Дали овие производи ти стигнуваат директно на домашна адреса или морам доколку треба да се плати царина треба да ги земам од друго место (знам дека обично кога ти доаѓа пратка ја земаш од пошта плаќаш поштарина итн.)
7.Од кој Е-bay е подобро да се порачува од американскиот или англискиот
Ќе му бидам благодарен на секој кој што може да одвои малку време да ми објасни процедури,постапки итн.
Поздрав и фала однапред:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom