E што е де турбофолкот?

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Табана во Охрид на лето е откупена. Преку година се пуштат џез и блуз. Не мешај баби и жаби. И татко ми да пушташе турбо фолк то немат никаква врска со мене.

Каков татко, таква ќерка. И не се вади со откупвење сеа.
 
нема врска тоа каков татко таква ќерка(деца) татко ми е слушал pink floyd и beatles мајка ми ac dc ја слушам ги тие групи ама највеќе слушам метал а брат ми слуша електронска музика и шо сега брат ми посвоен ли е
 
Гледам на форумов има доста членови кои го презираат турбофолкот и не го сметаат за музика,а 90% од нив откачуваат секој викенд у кафана,па сакам една дискусија околу тоа што е тоа турбофолк и зашто не е музика:)

Pa kako demek site nie sme cool moderna generacija koja ne moze da ja zamisli ovaa muzika....Malku potpivnuvaat i racete vo vis!!!
Obozavam rock ama i Aco Pejovic!:wink:
 
Ако збораме реално, некој не може да поднесе куп гитаристи со растресени долги коси :)

Aко збориме реално светот не е црно-бел и следствено не е изборот помеѓу турбофолку и куп гитарисит со растресени долги коси, туку спектарот на можности и жанрови е далеку побогат, од тоа твое црно-бело гледање на светот.
Инаку за тие што не знаат каков друг избор на музика имаат освен турбофолкот еве ви малку едукација:
Класична музика
Блуз
Соул
Фанки
Диско
Џез
Рок енд Рол
Рок
Метал
Рап
Ар Ен Би
Техно
Транс
Хаус
и многу други Жанрови, како и многу други поджанрови на гореспоменатите.
 
Сепак мислам дека се работи за вкус,каков таков,лош,најлош ама пак е до вкусот:)
 
Aко збориме реално светот не е црно-бел и следствено не е изборот помеѓу турбофолку и куп гитарисит со растресени долги коси, туку спектарот на можности и жанрови е далеку побогат, од тоа твое црно-бело гледање на светот.
Инаку за тие што не знаат каков друг избор на музика имаат освен турбофолкот еве ви малку едукација:
Класична музика
Блуз
Соул
Фанки
Диско
Џез
Рок енд Рол
Рок
Метал
Рап
Ар Ен Би
Техно
Транс
Хаус
и многу други Жанрови, како и многу други поджанрови на гореспоменатите.

Ако збораме реално, Бацилус Сезнајковски, овде дебатата се сведе на металци VS турбофолкери.
 
Ако збораме реално, Бацилус Сезнајковски, овде дебатата се сведе на металци VS турбофолкери.

Те молам не го употребувај тој збор реално. Затоа што ти реално не знаеш кој е металец а кој е турбофолкер тука.
Има тука и луѓе што слушаат други жанрови на музика-но да не зборам и јас напамет која ти всушност целта на постовите?

Сакаш да докажеш дека турбофолкот е поквалитетен и поподнослив (во твојот случај) од металот или рокот каде што гитарисити тресат коси.
А во турбофолкот баш с подносливи со порно фустани силикони и мажи облечени во тесни розови панталони, баш се уникатни и креатвини.
Ајде сега те молам.:toe:
 
Јас лично мислам дека турбофолкот е срање! Не одрекувам дека слушам (само кога сум во кафана слушам), турбофолкот ја труе нашава младина. Кога ќе видам некои шестодделенци како се палат на Цеца, и пеат нејзини песни ми иде да ги тепам:), не озбилно. Мислам, не е нормално.
 
Боље разголено пиченце да фрцка со газето и да ломи, отколку мрсни металци да се издераваат и трескаат од земја
 
ама ти дебилен си малце а .. ај признај !
Ако некој има размислување различно од твоето, не ти дава право да се дрзнеш да го навредуваш. Не ти доликува на годините...Овој пат, пројде со опомена, немој да има следен, те молам.
 
а зашто не прочиташ он што има напишано а ?

"мрсни металци се трескаат од земја" ... и мене ми даваш опомена .... фала ти многу !
Тоа не е лична навреда. Разграничи си ги поимите.
 
Боље разголено пиченце да фрцка со газето и да ломи, отколку мрсни металци да се издераваат и трескаат од земја
ако не ти се свиѓаат не ги слушај ! не мора да ги навредуваш !
 
Боље разголено пиченце да фрцка со газето и да ломи, отколку мрсни металци да се издераваат и трескаат од земја

Ако сакаш да гледаш убави девојки има за тоа и посебни телевизиски канали, интернет и тн да не ти објаснувам.

Тука дискусијата се води за музика-конкретно за турбофолк а не само во кој музички правец пејачите имаат поголема естетска вредност.
 
забава, добра забава. Јас во кафана најубаво сум си проаѓал. Единствено место каде што сите луѓе се весели, расположени, насмеани. Ако турбофолкот дава расположение, задоволство пријатна атмосфера зошто па да не? Да се согласувам дека музиката не е квалитетна (тука да не се мешаат поимите турбофолк со староградска музика) ама не мора интересните и позитивните работи во животот секогаш да се базираат на квалитет.
Башка колку металци, трансери, рапери знам што се опуштаат во кафана.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom