Е брат, болдираното ти е голем минус. Ако не го слушаш не го слушај до крај.
Неможе да ми каже некој дека турбофолкот бил добар за пиење. Ја си знам што ми е убаво да слушам кога пијам. Турбо фолкот несакам да го чепкам, немам ни намера. Почитувам кога некој почитува тоа што си го слушам. Сходно на тоа и ја не го дирам за неговата музика. За турбо фолкот можам да се изразам на разни начини дека е шит од било кој аспект, психички, музички, културолошки. Меѓутоа со самото тоа што се мачам да размислувам за него ми произведува негативна енергија. Тоа е дел од мојата филозофија за позитивност, затоа не се замарам.
Од друга страна горд сум кога можам да кажам дека за жал сум еден од ретиките што слушаат метал и рок, а не запеале во кафана на турбо фолк. Да нема забуни, јас одам во кафана за ради друштво, меѓутоа фактот што сум таму неможе да ме натера да запеам на тие песни. И од се срце почитувам кога тие околу мене не се замараат дали во кафана седам и пијам, или со нив рипам и пијам.
Со почит, од човек што слуша метал.