Eден на еден со Жарко Димитриоски

Член од
10 септември 2016
Мислења
7.760
Поени од реакции
14.029
@krakrist Во српските шоуа има политичка сатира/хумор грешка си дека е 0%
Ете Иван Ивановиќ имаше неколку најави за шоуто каде го имитира Вучиќ.
Зоран Кесиќ има цела емисија сатира/хумор со политички теми.
Синот на Исидора Бјелица има слична емисија како Иван Ивановиќ и тој тера сатира/хумор со политика.
Настрана што Кесиќ е платено дебело да тера пропаганда против сегашната власт во Србија,човекот им се посерува буквално со страшната сатира на цела ботовско владеење кое го има Вучиќ и на неговите соработници од влада и медиуми.Почнав да го следам од лани и ретко да пропуштам некоја епизода да ја изгледам на јутуб.Мајстор на својот занает.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.841
Поени од реакции
6.318
Таско, Раста, Амди Бајрам....очигледно дното за Жаре не постои.
Ajде Таско и Раста ќе разберам вкусови се во прашање, дали ти се допаѓа или не ти се допаѓа. Додека пак Амди иако немам ништо против ромите он стварно како политичар дно.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
3.382
Поени од реакции
13.274
Сепак вистинското прашање е дали некој што седи дома ќе си рече Аха! Одлична шанса да ги погледнам Таско и Раста на токшоу, сигурно имаат нешто интересно да кажат!
Знам само дека јас да треба да бирам меѓу Таско и Раста и гледање во ѕид два саати, ќе го изберам ѕидот.
Ама па и нас никако не ни чини, ако ги вика едни те исти, зошто вика едни те исти, ако вика нови зошто вика неинтересни, сега тоа е. Толку ни се луѓето.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
7.760
Поени од реакции
14.029
Си ја тера емисијата само за пари и ништо повеќе,прави добра пара од маркетинг и затоа и на сила ја бутка емисијата секоја сезона,плус и тоа што нема никаква конкуренција му дава за право да си е опуштен и да не го допираат "хејт" коментарите.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
3.382
Поени од реакции
13.274
Си ја тера емисијата само за пари и ништо повеќе,прави добра пара од маркетинг и затоа и на сила ја бутка емисијата секоја сезона,плус и тоа што нема никаква конкуренција му дава за право да си е опуштен и да не го допираат "хејт" коментарите.
Никого никогаш во светот не треба да го допираат "хејт" коментари ако сака некаде да стигне во животот. Also, никој никогаш не прекинал емисија зашто некој на форум пишал hehe bra4e dno ti e souvo
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
7.760
Поени од реакции
14.029
Никого никогаш во светот не треба да го допираат "хејт" коментари ако сака некаде да стигне во животот. Also, никој никогаш не прекинал емисија зашто некој на форум пишал hehe bra4e dno ti e souvo
Под "Хејт" коментари,мислев на оние со вистинска критика,за лошиот хумор,малиот простор оставен за разговор со гостите,лошиот избор на гости.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.248
Поени од реакции
3.743
Се гледа по гостите до кој степен е стигната емисијата.
 

Hello Kitty

Soft Kitty, Warm Kitty
Член од
14 август 2006
Мислења
38.302
Поени од реакции
62.752
Oд погоре најавава, се гледа дека Жаре баш и поима нема од темава и поставува нерелавнтни прашања.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.695
Поени од реакции
14.275
Interesna emisija ke bide Vecerva 18:30 Kanal 5 TV

Интересна, озбилно? Зошто?


Жаре ако читаш, викај нормални гости плс, никој не го интересира Тошо по шести пат или Филипче и колегите.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.695
Поени од реакции
14.275
Како на пример?
Пример Мрме, пошто за 4 дена играме најбитен натпревар во историјата. Пример Дејан Лилиќ, пошто никој никогаш нема салам интервју направено со него. Пример било кој настрана од српски пејачи, јутубери, луѓе кои немаат што да кажат и луѓе со кои има 7 претходни емисии.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.841
Поени од реакции
6.318
Пример Мрме, пошто за 4 дена играме најбитен натпревар во историјата. Пример Дејан Лилиќ, пошто никој никогаш нема салам интервју направено со него. Пример било кој настрана од српски пејачи, јутубери, луѓе кои немаат што да кажат и луѓе со кои има 7 претходни емисии.
Дејан Лилиќ еднаш му беше гостин.

Српските пејачи почит до нив следам нешто од српска, хрватсја музика но не фала ако е премногу со пејачи од соседниве држави поточно србија ќе му стане емисијата како на Ами Џ шоу.

Мој совет е Жаре да се проба со бизнис да отвори телевизија. Ако можеше Боки да има своја телевизија зошто па да нема Жаре.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
22.791
Поени од реакции
51.996
Тошо по 10ти пат да гостува ќе е поинтересен за слушање од оние што ги наброја.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom