Дворови

  • Креатор на темата Креатор на темата kratovcanec
  • Време на започнување Време на започнување
Летото, откоа се исфарба куќата, смени се дограмата, ролетни, ово оно. Сега и ограда на терасата требе да се смене, новата ќе е напраана од дрво за да личе на чардак.

EMYyj.jpg
Луки, ного ме ареса чардако, оше поубав ќе биде кога ќе ставеш дрвена ограда. Само да туреш и јамболија на чардако, да се познава дека е тава домаќинска куќа
 
Луки, ного ме ареса чардако, оше поубав ќе биде кога ќе ставеш дрвена ограда. Само да туреш и јамболија на чардако, да се познава дека е тава домаќинска куќа

Да, и мен ме ареса. Ќе го правеме мешавина од кедар и чам. Мама си порача рогозини да и исткаат по мерка. Исто и некакви перници така поголеми за седејне. Нејќе да си го вала чеизо (јамболии и ткаени черги.. Чувала ги за невестите на мен и брат ми.. Семејно наследство и богатство).
 
Здравје напролет ќе се занимавам со дворот. Сега е ладно.
Освен бекатон, друго и нема :)
Напред треба малце тревичка, чешмата да се среди... и такви работи.
Ништо посебно.
 
Некој предлог за цвеќиња што успеваат во зима?
Имам аранжирано мал дел од дворот ограден со камења а во средината јабука-цвеќиња и зимзелени дрвца. Сега слана попара ги направи цвеќињата а без нив ми изгледа шуто целото место.
 
Хризантеми...темјанушки... сигурно има уште некои ама не ги знам. :)
 
Дечки некој што се занимава со хортикултура да ме посоветува.
Посадив туја смарагд па сакам да знам како да грижам за нив.

Човекот од кој ги купив ме посоветува да ги наводнувам секој ден но нешто не се свежи, почнаа да пожолтуват на места. Исто и тие кој ги посадив лани(а кој не ги наводнував претходно) од кога почнав да ги наводнувам почнаа да пожолтуват, да губат свежина.
 
Има повеќе видови туја. Еден вид на туја, пожолтуваат , па стануваат кафеави и тек напролет почнуваат жолтеат , па позеленуваат. Но има еден вид на туја каде понекогаш само пожолтуваат краевите на листовите. Ништо страшно таква сорта се.
Јас во ментов разгледував да засадам жива ограда од туја пликата и од јуниперус скајрокет.
Имам трвдење од една личност дека јуниперус скајрокер не ја бивала многу во Македонија. Се сушела за некоја година. Што ме пишманува да ја садам како жива ограда на еден плац.
Ако има некој искуство со туја пликата и од јуниперус скајрокет, дали се добар избор за жива ограда во Македонија?
 
Дали некој познава архитект или дизајнер, да му дадам слики и димензии од двор и да ми го осмисли и нацрта?
Се скапав барање по интернетов, повеќето се околу хортикултура. И тоа ке ми треба али ништо не најдов околу дизанј на ограда, плочки и слично.
 
Еве некои идеи за во двор... Ајде малку да ја активираме темава...
FB_IMG_1566681575405.jpg
FB_IMG_1558767299254.jpgFB_IMG_1555096006265.jpgFB_IMG_1567778635143.jpgFB_IMG_1564500770040.jpg
 
Attachments

  • backyard-playground.jpg
    backyard-playground.jpg
    102,1 KB · Прегледи: 5
Дали некој познава архитект или дизајнер, да му дадам слики и димензии од двор и да ми го осмисли и нацрта?
Се скапав барање по интернетов, повеќето се околу хортикултура. И тоа ке ми треба али ништо не најдов околу дизанј на ограда, плочки и слично.
Ако најдеш таков препорачај ми го и мене
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom