Две гранати испукани кон Владата

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.288
Поени од реакции
12.752
Аман бе

Потврден нападот на полициска станица на границата со Косово

Истрели кон полициската станица во Гошинце и експлозии на рачни бомби во непосредна близина на станицата, лоцирана на границата кон Косово, потврди официјално полицијата.

Инцидентот во кој нема повредени се случил синоќа околу 20:45 часот, кога непознати лица со пешадиско оружје стрелале кон полициската станица во Гошинце, при што, дел од куршумите завршиле во дворот и станицата.

Во исто време, на оддалеченост од 50 до 100 метри од полициската станица се слушнале неколку детонации, за кои е утврдено дека се предизвикани од експлозии на рачни бомби.
Полицијата не соопштува други детали.
 

Attachments

  • get_img.jpg
    get_img.jpg
    48,7 KB · Прегледи: 90
Welcome to the mutated Cuba! :)
Lipkovsko_zname.png
 
Две гранати испукани кон Владата

Кон Владата на Република Македонија рано изутрината се испукани две гранати од тромбонски минофрлач. Утврдено е дека станува збор за противпешадиско оружје со домет од 400 до 450 метри, произведено во Јужноафриканската Република, изјави денеска владиниот портпарол Ивица Боцевски.
„Владата рано утринава беше предмет на терористички напад. Повредени нема, но испуканите гранати може да бидат смртоносни ако во близина се најде жива сила“, истакна Боцевски.
Владата, додаде Боцевски, им порачува на сторителите и наредбодавците на овој чин дека ќе се најдат зад решетки.
„На политичките инспиратори, пак, Владата им порачува дека пораката е примена и дека со овој чин само ја зацврстија нејзината одлучност да продолжи со истите политики што ги спроведуваше и досега“, рече владиниот портпарол Ивица Боцевски.



МИА
 
Абе откако Гвујо замина на одмор,може владата и во воздух да ја кренат,ќе се најде нова зграда,оваа и така беше "излитена".:)Им е криво на некои дека владава постигнува невидлив успех на сите фронтови па сега дај ќе ги заплашиме да подзапрат со успесите.:)
 
Sto uspesi postignue Vladata ne sum u tek bas me interesira ?
 
Па затоа реков невидени,значи успеси што не се гледаат моментално ама некогаш може и ќе се видат,и кога ќе се видат успесите на сите ќе ни биде толку мило што ќе се топиме од радост и ќе бликаме од среќа,и зората ќе зори,ќе цути карпа-мрак.........или ова беше од друга песна?
 
“Владата сака да им порача на сите кои учествувале во терористичкиот напад дека кога-тогаш ќе завршат во затвор. Ги известуваме напаѓачите дека пораката е примена, но Владата нема да отстапи од својата досегашна политика“

Нека пукнат душманите!
 
Abe sami si ja puknale garant ko amerite toa avionite da se zdobijat so publicitet i odvrzani race ... dole vlada pa koja i da e
 
Абе, ај иди лади си го у базенот...шо те боли тебе за Македонија...трпе...Или кењај па не е битно за што а...
 
Mногу влади во историјата не сакале да отстапат од својата политика иако требало да знаат дека тие се одбрани да му служат на народот а не обратно како кај нас.Сепак гранатирањето е последна форма со која некој треба да го изрази своето незадоволство откако ќе ги исцрпи сите форми на други солуции.Па зарем овде е толку црно што се прибегнува кон ваква радикална мерка,или сценариото е толку црно што немаше друг начин да се изрази незадоволство.Двете гранати ја враќаат Македонија минимум 2 години назад од определување датум за преговори во ЕУ и можеби уште толку време кон пристапот во НАТО.
 
Абе откако Гвујо замина на одмор,може владата и во воздух да ја кренат,ќе се најде нова зграда,оваа и така беше "излитена".:)Им е криво на некои дека владава постигнува невидлив успех на сите фронтови па сега дај ќе ги заплашиме да подзапрат со успесите.:)
колку што сум информиран НИП Нова Македонија за неколку години ќе биде влада...

он-топик: ако така им треба
 
Абе каква војна... Неможат по човекот па по сенката. Ако ако ама да знаете ке се врати од одмор па има сите да ги испозатвори не само Бучко:pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom