M 
		
		Mario Gómez
Гостин
Две години затвор за возачот на Тоше
                                                                                                                                                                           
	                          21.10.2009 15:35             
		
Две години затвор за Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот на џипот во кој загина Тоше Проески. Пресудата е изречена пред малку, а претходеше емотивна исповед на Ѓорѓиевски во завршните зборови на судскиот процес.
Судот оцени дека тој е одговорен за предизвикување на сообраќајната несреќа во која загина музичката ѕвезда.
Одбраната на Ѓорѓиевски во понеделникот до судот и Обвинителството достави медицинската документација, со која тврди за нарушено здравје на обвинетиот од моментот на несреќата, а побара и да се изврши ново техничко вештачење на џипот поради контрадикторноста во претходното.
Судот го одби ваквото барање и за денеска го закажа финалното рочиште на кое адвокатите на Ѓорѓиевски и на семејството Проески ги дадоа своите последни зборови и беше изречена пресудата.
Извор А1
				
))