Две години затвор за возачот на Тоше

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување
M

Mario Gómez

Гостин
Две години затвор за возачот на Тоше

prazno.gif
prazno.gif
21.10.2009 15:35
tose-protesti1.jpg

Две години затвор за Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот на џипот во кој загина Тоше Проески. Пресудата е изречена пред малку, а претходеше емотивна исповед на Ѓорѓиевски во завршните зборови на судскиот процес.
Судот оцени дека тој е одговорен за предизвикување на сообраќајната несреќа во која загина музичката ѕвезда.
Одбраната на Ѓорѓиевски во понеделникот до судот и Обвинителството достави медицинската документација, со која тврди за нарушено здравје на обвинетиот од моментот на несреќата, а побара и да се изврши ново техничко вештачење на џипот поради контрадикторноста во претходното.
Судот го одби ваквото барање и за денеска го закажа финалното рочиште на кое адвокатите на Ѓорѓиевски и на семејството Проески ги дадоа своите последни зборови и беше изречена пресудата.


Извор А1
 
Зошто глупости? :toe:

Убил човек од небрежност. Две години мислам дека е соодветна казна. Можеби и премала?
 
Судот што сака може да си пресуди....

Поголема казна од носењето цел живот на товарот дека си на некој начин крив за смртта на близок човек и пријател здравје....:toe:
 
Зошто глупости? :toe:

Убил човек од небрежност. Две години мислам дека е соодветна казна. Можеби и премала?

Абе возачо на камионо не беше ни присутен на судењето,ова циркус е не судење.
 
Абе возачо на камионо не беше ни присутен на судењето,ова циркус е не судење.
И, што ќе беше ако беше присутен? Сигурно немаше да ја промени изјавата, поготово кога македонскиот суд не може да го товари него за ништо. Возачот ако сака ќе дојде, ако не - ништо. Дури и да ја прими поканата, не мора да дојде. Нема друга работа он, ќе се трауматизира пак и ќе прави трошоци за да дојде во Македонија... И што очекувавте да каже возачот, дека Ѓорѓи не е виновен и не треба да се осуди? Дај малце бидете реални... Можеби е подобро што не му текнало да дојде.
 
И, што ќе беше ако беше присутен? Сигурно немаше да ја промени изјавата, поготово кога македонскиот суд не може да го товари него за ништо. Возачот ако сака ќе дојде, ако не - ништо. Дури и да ја прими поканата, не мора да дојде. Нема друга работа он, ќе се трауматизира пак и ќе прави трошоци за да дојде во Македонија... И што очекувавте да каже возачот, дека Ѓорѓи не треба да се осуди? Дај малце бидете реални...

Абе каква реалност,од кај знајме шо било со камионо,дали ги пуштал да претицат едно друго,овие влегоја в суд и за еден сат го осудија.
 
И што, возачот на камионот ќе рече: "Не ги пуштав да ме претицаат, јас сум крив“ :)))
Ти изгледа не прочита дека возачот на камионот може да дојде само како гостин (сведок) на судењето. А и немора. И нормално дека нема.
 
Абе каква реалност,од кај знајме шо било со камионо,дали ги пуштал да претицат едно друго,овие влегоја в суд и за еден сат го осудија.

Ај да не се занесуваме.....
камионџијата едноставно може да рече дека не ни бил свесен за постоењето на фолксвагенот се до моментот кога овој се залепил во него.....
 
И што, возачот на камионот ќе рече: "Не ги пуштав да ме претицаат, јас сум крив“ :)))

Епа то ми е муабето,ич не е испитано,колку за крив некој да најдат набрзина.
 
Епа то ми е муабето,ич не е испитано,колку за крив некој да најдат набрзина.
Абе... Еве, да видиш како можеш и ти да размислуваш правилно ако сакаш:

- Според тебе, кој е виновен: Тој што возел 157км/час на магливо време (кај што ограничувањето на брзината било два пати помало) и не држел растојание (и удрил од позади во друго возило), или тој што возел 70 и бил удрен?

Првиот не само што со непочитување на ограничувањата за брзината убил човек од небрежност, туку и ги загрозил животите на Љиља и на возачот на камионот.

Не е наше да судиме, ама ете, така некако би звучела разумната „пресуда“.
Не викам дека МОЖЕБИ и возачот на камионот бил виновен со некаква постапка, ама возачот на Туарегот е и тоа како виновен.
 
Болна е работава, меѓутоа еве да и веруваме на пресудата.

Сепак, некако со резерва приоѓам кон префрлање на целата вина врз возачот на Тоше, бидејќи како што беше истакнато уште по самиот инцидент, трагите од кочење на камионот биле во лентата по која возел џипот.
 
Абе... Еве, да видиш како можеш и ти да размислуваш правилно ако сакаш:

- Според тебе, кој е виновен: Тој што возел 157км/час на магливо време (кај што ограничувањето на брзината било два пати помало) и не држел растојание (и удрил од позади во друго возило), или тој што возел 70 и бил удрен?

Првиот не само што со непочитување на ограничувањата за брзината убил човек од небрежност, туку и ги загрозил животите на Љиља и на возачот на камионот.

Не е наше да судиме, ама ете, така некако би звучела разумната „пресуда“.
Не викам дека МОЖЕБИ и возачот на камионот бил виновен со некаква постапка, ама возачот на Туарегот е и тоа како виновен.


Ако гледаме законски нема дискусија дека има вина возачот,ама не ми беше првиот коментар за то.

На негово место можеше да биди и Тоше.А и бил како шо разбрав,оти секогаш се менвале кога возеле.Сакав да кажам,дека судењето требаше да биди посериозно.Не,ај една изјава од возачо на камионо,фала пријатно.
Главнио збор ми е дека,место казна од 2 години,можеле да му ја земат возачката :toe:,т.е пресудата е преоштра и непотребна.
 
Да била Љиља менаџер,Тоше ке се возел најмалку со конвој од 3 возила со по 3 возачи.Башка муабетот што чартер лет ке и беше и поевтина варијанта.Ама ете ненаситност за пари...па сега човекот жртвено јагне.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom