Јефто
@JeftoMKD | Јефто™
- Член од
- 30 октомври 2011
- Мислења
- 2.732
- Поени од реакции
- 1.308
Ја отворам оваа тема за да ми (ви) се разјаснат некои дилеми околу новата генерација на телевизија, која ќе стартува во Јуни наредната година.
Ако може некој/а нека ми дообјасни во куси црти која е разликата помеѓу аналогното и дигиталното емитување. Јас знам дека се ослободува повеќе простор, има некои опции, но пак не ми е се' јасно.
______________
DVB-T
Дигитализацијата на радиодифузијата има неколку предности - драстично се подобрува квалитетот на сликата - во еден канал аналогно се зрачи само една телевизиска програма додека со дигтализацијата во еден дигитален канал се зрачат и до 10 телевизиски програми (MPEG-4) со што се штеди на фреквентниот спектар кој што е ограничен природен ресурс - постоење можност да со сликата се пренесуваат и други информации и сервиси кои се во врска со истата - можност за воведување на нови поквалитетни извори на слика , како на пример што е HDTV т.е. слика со висока резолуција - за дигиталниот сигнал е потребен понизок праг на прием т.е. можат да се користат послаби сигнали, а тоа значи дека може да се намали моќноста на предавателните уреди што покрај штедење на енергија и простор , повратно ја зголемува искористеноста на фрекфентниот спектар интегрирање во сеопштите дигитални текови.
Дигиталната земска телевизиска мрежа ( или скратено DVB-T мултиплекс) е комплексен систем кој се состои од:
-Инфраструктура: пристапни патишта, изградени објекти, довод на електрична струја од главната енергетска мрежа на РМ и резервнонапојување со помош на агрегати и батерии
-Преносни врски ( дигитални микробранови ) за дотур на радио и телевизискиот сигнал од студијата на ЈП МРТ до DVB-T предавателите. Истата мрежа ( двонасочно) се користи и за дотур на радио и телевизиски сигнали од територијата на РМ до студијата на ЈП МРТ.
-Мрежа на радиодифузни предаватели и репетитори за зрачење на мултиплексниот сигнал
-Антенски системи кои се состојат од антенски стобови, мултиплексери , кабли и антени.
Според направените анализи за покривање на теренот со дигитален сигнал на 90% од населението , потребно е да се инсталира опрема на 44 радиодифузни објекти, т.е. да се зрачи DVB-T мултиплексен сигнал од 44 точки соодветно распоредени низ територијата на РМ.
Целокупната опрема наменета за дигиталната земска телевизиска мрежа DVB-T се монтира на постојните пунктови на ЈП МРД. Се користат истите антенски системи, антенски столбови како и енергетски системи на ЈП МРД. Географските подрачја на кои се темели процесот на фрекфенциското планирање на DVB-T се определени од АЕК. Територијата на Република Македонија е поделена на 8 зони на доделба (алотмент зони).
Иднината на телевизијата и дигиталната дивиденда
Што е дигитална дивиденда?
Со дигитализацијата на аналогното терестријално емитување на телевизиските содржини ќе се обезбеди поголема компресија на сигналот, па така на некоја сегашна фреквенција за аналогно емитување, каде што се емитува само еден програмски сервис, со дигитално емитување во MPEG-4 компресија, ќе можат да дистрибуираат околу 10 програмски сервиси. Ова овозможува зголемување на пропусниот капацитет на терестријалните мрежи, а со тоа и зголемување на бројот на телевизиските канали, што можат да се примаат безжично, преку антена. Преку ваквата компресија на телевизиските програмски сервиси во дел од UHF-фреквенцискиот спектар се ослободува дополнителен фреквенциски простор, чијшто распон е од 790Mhz до 862Mhz и се нарекува дигитална дивиденда
.
Дигиталната дивиденда – голема географска покриеност со мали трошоци
Карактеристиките што ги има дигиталната дивиденда неа ја прават многу атрактивна затоа што со помали инвестиции во инфраструктурата за пренос се постигнува поголемо географско покривање на сигналот. Многу телекоми во дигиталната дивиденда гледаат можност за воведување услуги на широкопојасен и мобилен интернет, како што е на пример германски Водафон, кој веќе тестираше брзини на мобилен широкопојасен интернет од 50 Mbit/s даунлоуд и 20 Mbit/s аплоуд. Директорот на „Водафон Германија и Аркор“ (Vodafone Deutschland & Arcor), Фридрих Јоунсен, стартуваше проект „Брз интернет за сите“, чијашто цел е покривање на целата територија на Германија – особено руралните подрачја – со широкопојасен интернет. „Дојче Телеком“ (Deutsche Telekom) постигна брзина од 50Mbit/s на мобилен интернет, при брзина на движење од 110Km/h. Јапонскиот телеком ДоКоМо (DoCoMo) отиде чекор понапред и понуди брзини на безжичен широкопојасен интернет во овој спектар од 250 Mbit/s. Овој тип на мобилни комуникациски услуги се дел од напредната 4G мобилна комуникација, којашто ќе ја замени сегашната „веќе подзастарена“ 3G – технологија.
Ставот на медиумите: „ ... своето не го даваме“
Но, сепак претставниците од медиумскиот бизнис не се откажуваат толку лесно од фреквенцискиот спектар во кој до пред некое време емитуваа аналогни телевизиски сигнали. За разлика од мобилните оператори и провајдерите на безжичен широкопојасен интернет, коишто можат да оперираат и во други фреквенциски опсези (WiMax – 3,2 Ghz и UMTS – 2,1 Ghz), аудио-визуелните сервиси најдобро се пренесуваат во за нив одредениот спектар од 470Mhz до 862Mhz (вклучително и дигиталната дивиденда (790Mhz – 862Mhz).
ЕБУ (EBU – European Broadcasting Union), во името на европските јавни радиодифузни сервиси недвосмислено застана во одбрана на спектарот за да го спречи се’ пореалното „Eлдорадо“ на телекомите – дигиталната дивиденда. И тоа со право: главната причина против скусувањето на радиодифузниот фреквенциски спектар ќе ја ограничи, ако не и целосно спречи можноста за воведување на телевизија со висока дефиниција (HDTV), којашто зафаќа најмалку дупло повеќе ресурси од дигиталната телевизија со стандардна дефиниција. Значи со компресијата на програмските сервиси навидум се добива плус простор, само затоа што во моментов доминираат содржините со стандардна дефиниција. Но, публиката инвестира во приемници со висока дефиниција и со право бара услуги, коишто ќе мораат да бидат со ХД-квалитет. Па така, повторно ќе се појави потреба за поголема проточност на безжичните дигитални мрежи. На сето ова се надоврзуваат и другите типови на услуги од подрачјето на „интерактивната телевизија“, услугите „на барање“ (on demand), за коишто недвосмислено ќе бидат потребни и попроточни мрежи, но и повратен сигнал од корисникот до обезбедувачот на медиумските услуги.
Дигиталната дивиденда во Македонија да се користи за медиумски услуги
Од сондажата што ја направи СРД, менаџерите на македонските медиуми не сакаат фреквенцискиот спектар од дигиталната дивиденда да им биде одземен, зашто планираат воведување на нови медиумски услуги, за коишто ќе им биде потребна дигиталната дивиденда. Со оглед на големиот број на обезбедувачи на медиумски содржини (радиодифузери) и непостоењето на понуда на домашни канали со висока дефиниција, постои потреба за зачувување на дигиталната дивиденда, што ќе се добие по целосната дигитализација на терестријалниот пренос и исклучувањето на аналогните предаватели, којашто ќе даде простор за следниот чекор, а тоа е премин од телевизија со стандардна дефиниција во телевизија со висока дефиниција. Затоа, Советот за радиодифузија упати мислење до македонските власти, фреквенцискиот спектар од дигиталната дивиденда и понатаму да се користи за обезбедување аудио-визуелни медиумски услуги, затоа што преминот од аналоген во дигитален пренос не е крај на развојот на медиумите, туку само една етапа од него. Иднината, сепак е HDTV.
Дигитална телевизија од втора генерација - DVB-T2
DVB-T технологијата се чини дека навлегува во „позрела фаза“. Оваа технологија на дигитален безжичен пренос, којашто се“ уште не го достигнала својот максимум на експлоатација, доживува конкуренција од нејзиниот директен наследник – втората генерација на DVB, a тоа е DVB-T2. Втората генерација на дигитален терестријален (безжичен) пренос нуди можност да се зголеми капацитетот на мултиплексите за пренос на телевизиски содржини. Во споредба со сегашниот дигитален телевизиски стандард, DVB-T, втората генерација овозможува минимален пораст на капацитетот за најмалку 30 до 50 насто во еквивалентни услови за прием и користење на истите антени. За споредба, сегашната искористеност на еден мултиплекс, практично објаснето е пренос на околу 10 ТВ-канали со стандардна резолуција (SD) или 5 со висока резолуција (HD). Од друга страна пак, DVB-T2 технологијата ќе овозможи дополнителна искористеност на капацитетите, па така во само еден мултиплекс можно би било да се пренесуваат и до 15 канали во SD.
Меѓународни искуства со DVB-T2
Бидејќи оваа технологија нуди големи капацитети на каналите за пренос, DVB-T2 станува погоден начин за пренос на HDTV сигнали на земските ТВ канали, што сега засега технички најисплатливо е за операторите на оптички, кабелски и сателитски мрежи.
DVB-T2 е актуелен во неколку држави како Велика Британија, Италија, Шведска, Данска и неколку други земји. Некои земји, коишто се’ уште се наоѓаат во почетната фаза од воведувањето на DVB-T, планираат уште веднаш да почнат да емитуваат преку DVB-T2 мрежи, како што е примерот со Србија или Украина со цел да се избегнат непотребните инвестирања во „подзастарената“ DVB-T технологија од првата генерација.
Слична е ситуацијата и во Африка: во текот на минатата (2011) година, четири африкански земји – Замбија, Уганда, Кенија и Нигерија – веднаш започнаа со дигитално емитување, користејќи ја DVB-T2 технологијата. По истиот пат чекорат и некои источно-африкански земји како што се: Танзанија, Руанда и Бурунди.
Монголија веќе и официјално се одлучи, стандардите за терестријално, кабелско и сателитско емитување да ги подигне на ниво на втора генерација, па така во оваа земја, операторите мораат да ги користат: DVB-T2 (за безжично терестријално), DVB-C2 (дигитално емитување преку кабел), DVB-S2 (стандард за сателитско емитување, што уште од поодамна е присутен на пазарот за DTH-услуги).
Какво е значењето на DVB-T2 за земјите кои што веќе ги користат DVB-T услугите?
DVB-T е најшироко распространет дигитален земски систем во светски рамки, со преку 60 земји кои што усвоиле и поставиле DVB-T стандард и повеќе од 200 милиони приемници. Денеска, цените на приемниците постојано се снижуваат и основните модели на приемници се достапни за ниски цени и во Македонија. Во светски рамки, достапни се и DVB-T2 сет-топ боксови и интегрирани ТВ приемници по пристапни цени. Разликата во цени помеѓу DVB-T и T2 интегрираните ТВ приемници е многу мала.
Во наредните години, во земјите каде што почнале да се користат DVB-T услугите, очекувано е регулаторите да бидат заинтересирани да се постигне целосно аналогно исклучување, а процесот да ги ослободи високите фреквенции од спектарот за други намени. Воведувањето на нови услуги кои што ја користат DVB-T2 технологијата, може да биде овозможено после аналогниот свич-оф, на пример, поставување на нови национални мултиплекси кои што ќе нудат мултиканални HDTV сервиси, или можеби иновативни податочни услуги. Во овие земји, преминот од DVB-T услуги на DVB-T2 услуги би требало да биде изведен со големо внимание, па очекувано е дека некој одреден временски период, би требало да истовремено да постојат и двата типа на услуги.
Состојба во Македонија и премин кон DVB-T2
Бидејќи Македонија беше една од земјите коишто релативно порано воведоа DVB-T (2009 година), преку операторот на дигитална терестријална телевизија – ONE- сега за сега стандардот на мрежата на ONE и мрежата што започна да ја гради Македонската радиодифузија (МРД) за пренос на програмите на МРТ е од првата генерација на DVB-T. Преминот кон DVB-T2 технологијата од страната на предавателите не би требало да биде многу тежок и скап, дотолку повеќе што некои компании понудија на пазарот и софтверски решенија за надградба на преносните системи од DVB-T на DVB-T2.
Евентуалната промена на технологијата би можела да стане проблематична на приемничко ниво: оние што веќе си купиле нов ТВ приемник, кој е прилагоден за прием на DVB-T сигнал, не ќе можат да примаат DVB-T2 сигнал. Ним ќе им требаат дополнителни рисивери за конверзија на сигналот – DVB-T2 сет-топ-боксови.
Извор: СРД, ЈПМРД

![](http://jpmrd.gov.mk/images/pomenija/SFN_allotment_zoni_sredna.jpg)

![](http://srd.org.mk/images/stories/digitalna_dividenda.jpg)

![](http://srd.org.mk/images/stories/pal-hdtv1.jpg)
Дигиталната дивиденда во Македонија да се користи за медиумски услуги
Од сондажата што ја направи СРД, менаџерите на македонските медиуми не сакаат фреквенцискиот спектар од дигиталната дивиденда да им биде одземен, зашто планираат воведување на нови медиумски услуги, за коишто ќе им биде потребна дигиталната дивиденда. Со оглед на големиот број на обезбедувачи на медиумски содржини (радиодифузери) и непостоењето на понуда на домашни канали со висока дефиниција, постои потреба за зачувување на дигиталната дивиденда, што ќе се добие по целосната дигитализација на терестријалниот пренос и исклучувањето на аналогните предаватели, којашто ќе даде простор за следниот чекор, а тоа е премин од телевизија со стандардна дефиниција во телевизија со висока дефиниција. Затоа, Советот за радиодифузија упати мислење до македонските власти, фреквенцискиот спектар од дигиталната дивиденда и понатаму да се користи за обезбедување аудио-визуелни медиумски услуги, затоа што преминот од аналоген во дигитален пренос не е крај на развојот на медиумите, туку само една етапа од него. Иднината, сепак е HDTV.
![](http://srd.org.mk/images/stories/dvb-t2-logo.jpg)
Дигитална телевизија од втора генерација - DVB-T2
DVB-T технологијата се чини дека навлегува во „позрела фаза“. Оваа технологија на дигитален безжичен пренос, којашто се“ уште не го достигнала својот максимум на експлоатација, доживува конкуренција од нејзиниот директен наследник – втората генерација на DVB, a тоа е DVB-T2. Втората генерација на дигитален терестријален (безжичен) пренос нуди можност да се зголеми капацитетот на мултиплексите за пренос на телевизиски содржини. Во споредба со сегашниот дигитален телевизиски стандард, DVB-T, втората генерација овозможува минимален пораст на капацитетот за најмалку 30 до 50 насто во еквивалентни услови за прием и користење на истите антени. За споредба, сегашната искористеност на еден мултиплекс, практично објаснето е пренос на околу 10 ТВ-канали со стандардна резолуција (SD) или 5 со висока резолуција (HD). Од друга страна пак, DVB-T2 технологијата ќе овозможи дополнителна искористеност на капацитетите, па така во само еден мултиплекс можно би било да се пренесуваат и до 15 канали во SD.
Меѓународни искуства со DVB-T2
Бидејќи оваа технологија нуди големи капацитети на каналите за пренос, DVB-T2 станува погоден начин за пренос на HDTV сигнали на земските ТВ канали, што сега засега технички најисплатливо е за операторите на оптички, кабелски и сателитски мрежи.
DVB-T2 е актуелен во неколку држави како Велика Британија, Италија, Шведска, Данска и неколку други земји. Некои земји, коишто се’ уште се наоѓаат во почетната фаза од воведувањето на DVB-T, планираат уште веднаш да почнат да емитуваат преку DVB-T2 мрежи, како што е примерот со Србија или Украина со цел да се избегнат непотребните инвестирања во „подзастарената“ DVB-T технологија од првата генерација.
Слична е ситуацијата и во Африка: во текот на минатата (2011) година, четири африкански земји – Замбија, Уганда, Кенија и Нигерија – веднаш започнаа со дигитално емитување, користејќи ја DVB-T2 технологијата. По истиот пат чекорат и некои источно-африкански земји како што се: Танзанија, Руанда и Бурунди.
Монголија веќе и официјално се одлучи, стандардите за терестријално, кабелско и сателитско емитување да ги подигне на ниво на втора генерација, па така во оваа земја, операторите мораат да ги користат: DVB-T2 (за безжично терестријално), DVB-C2 (дигитално емитување преку кабел), DVB-S2 (стандард за сателитско емитување, што уште од поодамна е присутен на пазарот за DTH-услуги).
![](http://srd.org.mk/images/stories/DVB_T_vo_afrika.jpg)
Какво е значењето на DVB-T2 за земјите кои што веќе ги користат DVB-T услугите?
DVB-T е најшироко распространет дигитален земски систем во светски рамки, со преку 60 земји кои што усвоиле и поставиле DVB-T стандард и повеќе од 200 милиони приемници. Денеска, цените на приемниците постојано се снижуваат и основните модели на приемници се достапни за ниски цени и во Македонија. Во светски рамки, достапни се и DVB-T2 сет-топ боксови и интегрирани ТВ приемници по пристапни цени. Разликата во цени помеѓу DVB-T и T2 интегрираните ТВ приемници е многу мала.
Во наредните години, во земјите каде што почнале да се користат DVB-T услугите, очекувано е регулаторите да бидат заинтересирани да се постигне целосно аналогно исклучување, а процесот да ги ослободи високите фреквенции од спектарот за други намени. Воведувањето на нови услуги кои што ја користат DVB-T2 технологијата, може да биде овозможено после аналогниот свич-оф, на пример, поставување на нови национални мултиплекси кои што ќе нудат мултиканални HDTV сервиси, или можеби иновативни податочни услуги. Во овие земји, преминот од DVB-T услуги на DVB-T2 услуги би требало да биде изведен со големо внимание, па очекувано е дека некој одреден временски период, би требало да истовремено да постојат и двата типа на услуги.
Состојба во Македонија и премин кон DVB-T2
Бидејќи Македонија беше една од земјите коишто релативно порано воведоа DVB-T (2009 година), преку операторот на дигитална терестријална телевизија – ONE- сега за сега стандардот на мрежата на ONE и мрежата што започна да ја гради Македонската радиодифузија (МРД) за пренос на програмите на МРТ е од првата генерација на DVB-T. Преминот кон DVB-T2 технологијата од страната на предавателите не би требало да биде многу тежок и скап, дотолку повеќе што некои компании понудија на пазарот и софтверски решенија за надградба на преносните системи од DVB-T на DVB-T2.
Евентуалната промена на технологијата би можела да стане проблематична на приемничко ниво: оние што веќе си купиле нов ТВ приемник, кој е прилагоден за прием на DVB-T сигнал, не ќе можат да примаат DVB-T2 сигнал. Ним ќе им требаат дополнителни рисивери за конверзија на сигналот – DVB-T2 сет-топ-боксови.
![](http://srd.org.mk/images/stories/Logo_MRT_ONE.jpg)
Извор: СРД, ЈПМРД