Душеци

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Ако има до кај 400-500 евра 180x200 можи да разгледам, за повеќе неможам моментално. Обичен смртник.
Автоматски споено мислење:

 
Ова ми е во потесен избор, треба и јас да земам

 
Дали некој има искуство да сподели со душеците од НЕТАМ?
До сега не најдов лошо мислење за нив, но на прсти се бројат мислењата кои успеав да ги најдам по форумиве.
 
Купив од Алмак Ројал Дрим 180х200, го користам веќе 2 недели и досега добро спијам и сум задоволен.
 
More pred toa imav eden od simpo platen 6000 i ni mufla ni mirizba.Ovaj od 18000 ziva voda se praj odozdola na zima te kako voda da proizveduva.Od dolna strana e zacrnet posiven a od gorna se podeli na 3 branovi a imam okulu 100 kg .E sega ja zaginav garancijata za da im dokazam kolku e antibakteriski no eden den koga imaat reklamen karavan niz Makedonija ke ja tovaram na pikap pa ke imaat dobra reklama na plostad.
Ова е доказ дека на рекламите не треба секогаш да им се верува, во овој случај на маркетиншка измама! Мене ми стана јасно дека ова се случува кога погледнав дека овој тип на душеци има 50% попуст на многу места, денес има интернет и народот брзо дознава за овие п-ди кои лажно ги рекламираат како антибактериски и слично и затоа не се продаваат како што треба и мора да ја намалат цената ( т.е. да излажат уште некој :))
 
Сакам јавно да го споделам моето искуство со Мебел-Ви.

Разгледувавме кревети на нивната страна и отидовме во салонот кај Пинтија за дополнителни информации. Таму ни кажаа дека креветите не можат да се видат бидејќи делот се реновира и не добивме никакви информации освен број за нарачка.

Нарачката ја направив телефонски и преку Viber, со аванс од 30%. Во НИТУ ЕДЕН момент не бев известена дека:

  • креветот пристигнува расклопен,
  • нема качување до стан,
  • нема монтажа,
  • сè тоа дополнително се доплаќа.
Ниту во разговор, ниту во Viber, ниту во договорот го немаше тоа наведено.

На денот на доставата ми се јавуваат: „Симнете се да си го земете креветот“. Тогаш првпат дознав дека станува збор за расклопени делови без монтажа.

Им објаснив дека сум сама и бремена дома и дека доколку бев известена однапред, ќе си доплатев монтажа или ќе организирав мајстор. Наместо разбирање — бев одбиена.

Најлошиот дел беше вториот разговор од салонот:
вработен ми се јави со убедување дека „сигурно сум била известена“, ме прекинуваше додека зборувам, почна да вика и ме убедуваше дека „не е можно да не сум знаела“.

Јас: „Здраво, можеби вие секогаш известувате, но јас не бев известена...“

Односот беше крајно непрофесионален и дрзок. Искрено, да не беше ваквиот однос, веројатно немаше ни јавно да реагирам.

Да, подоцна видов дека на веб страната има дел за монтажа — но јас не правев online нарачка и никој од вработените не ме информираше за тоа. Кога нарачуваш кревет, очекуваш кревет, а не иверици пред зграда.

Разочарувачко искуство и уште полош однос кон клиент.
 
Секое парче мебел стига расклопено, нез што се буниш. Се плаќа за склопување или ако се разбираш од читање шеми, еден шрафцигер чекан и сама ќе го склопиш.
 
Сакам јавно да го споделам моето искуство со Мебел-Ви.

Разгледувавме кревети на нивната страна и отидовме во салонот кај Пинтија за дополнителни информации. Таму ни кажаа дека креветите не можат да се видат бидејќи делот се реновира и не добивме никакви информации освен број за нарачка.

Нарачката ја направив телефонски и преку Viber, со аванс од 30%. Во НИТУ ЕДЕН момент не бев известена дека:

  • креветот пристигнува расклопен,
  • нема качување до стан,
  • нема монтажа,
  • сè тоа дополнително се доплаќа.
Ниту во разговор, ниту во Viber, ниту во договорот го немаше тоа наведено.

На денот на доставата ми се јавуваат: „Симнете се да си го земете креветот“. Тогаш првпат дознав дека станува збор за расклопени делови без монтажа.

Им објаснив дека сум сама и бремена дома и дека доколку бев известена однапред, ќе си доплатев монтажа или ќе организирав мајстор. Наместо разбирање — бев одбиена.

Најлошиот дел беше вториот разговор од салонот:
вработен ми се јави со убедување дека „сигурно сум била известена“, ме прекинуваше додека зборувам, почна да вика и ме убедуваше дека „не е можно да не сум знаела“.

Јас: „Здраво, можеби вие секогаш известувате, но јас не бев известена...“

Односот беше крајно непрофесионален и дрзок. Искрено, да не беше ваквиот однос, веројатно немаше ни јавно да реагирам.

Да, подоцна видов дека на веб страната има дел за монтажа — но јас не правев online нарачка и никој од вработените не ме информираше за тоа. Кога нарачуваш кревет, очекуваш кревет, а не иверици пред зграда.

Разочарувачко искуство и уште полош однос кон клиент.

Имам 3-4 познаници што работат во фирми за мебел, секој ден пример одат до Скопје и носат 4-5 спални. Мислиш дека без компензација тие ќе ти ја качат спалната на 4-5-6-ти спрат? Рбетот што ќе кажи за некоја година,мм? Ај повтори го тоа сега на вкупно 30 спратови денес. Секој ден...

Грешка е што не ти кажале дека бесплатно качување до стан нема, ама мислам дека секој нормален што има купувано мебел неколку пати го знае тоа, а за монтажата, не знам тоа, искрено тоа е и твоја вина што не си прашала како оди.

Дај му на монтерите 50 евричи ќе видиш како се качува и како се монтира во 20 минути, а не да квичиш овде. Секој си го цени трудот, а богами во таа професија и здравјето. И јас би.

И едно прашање до тебе, до толку си мрза што ти треба AI да сврзиш 2 реченици, или, неписмена можеби?
Автоматски споено мислење:

Купив од Алмак Ројал Дрим 180х200, го користам веќе 2 недели и досега добро спијам и сум задоволен.

После 7-8 месеци користење на душеков, можам да речам дека е доста солиден. Се изнаспиваме дома:)
 
На страната пишува бесплатна достава, не бесплатна достава и монтажа.
 
Купив од Алмак Ројал Дрим 180х200, го користам веќе 2 недели и досега добро спијам и сум задоволен.
10 год веќе, Канела Дрим од Алмак (го нема веќе во продажба). Одличен.
 
Back
На врв Bottom