Duran Duran за прв пат во Македонија - 7.7.2012

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
:( штета што не бев :(
 
Некаде од '95-та одам по концерти, журки, ово-оно - по Скопје, па и негде надвор ако можам....ова вчера беше луда работа - еден од подобрите концерти на кој сум бил....
На фб, прочитав некој малоумни коментари колку непрофесионално било што имало пауза од пола минута - пошо му се заглави папучата на басот на тапанарот или некоја многу кратка фрка што ја имаа со Girl panic - коментари што може само некој неизживеан хејтер да го состави....пристапот на Duran 2 спрема публиката и жарот со кој настапија (посебно со годините кои ги имаат) беше за најголем респект и не би ме чудело ако дојдат пак во МК, ако имаат нова турнеја во овие предели...10ка за концертов...
 
Леле најјако ми е, на фан страната на Фејсбук направиле албум од настапите и во Грција и кај нас и го крстиле: Greece + Macedonia... Чудесии коментари...:pos:
Уште фалело да напишат Greece + Macedonia = то су срца два....:pos:

Жал ми е што не бев...
 
Бев, се истрескав ко напалена тинејџерка, си заплакав на Save a prayer, a на Rio го пипав дечко ми за газ, пиев пиво, газев луѓе, уживав во професионализмот и емоцијата која сепак имаше драж и не беше ладен концерт како што знае да биде. Концерт на место, за паметење, за прераскажување.

Кој не бил, криво да му биде, а тој што не ни сакал, не ни мислел да иде.
Ч.
 
Криво ми е и ако ми е :place:.
 
си лежев на кревет и си ги слушав ко у двор да ми беа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom