Дуел на бендови (оваа недела: Fantomas vs Melvins)

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Led Zeppelin нормално, и Queen се легенди али Led Zeppelin колку што имаат постигнато тоа никој го нема. У секој аспект и тоа. Покреативни, разнолики се Цепелин од Queen. Бар според мене, и двата бенда ги имам доста слушано.
 
Квин ми се добри до кај `80-та некаде т.е. до Jazz албумот, после тоа не знам кој Цацко ги дупнал да тераат диско музики и не можам да ги поднесам тие албуми.
Цепелин за разлика од нив нема албум што не ми се свиѓа :D.
 
Квин. За мој вкус далеку подобри.

И Лед Цепелин имаат богата дискографија, легендарни рок хитови, но никогаш не успеаа да ме "заразат" нивните песни.

Мислев да ги пишам во префорсирани бендови, но ќе ме бомбардиравте со цитати како за Редиохед. :D Не, не можам да ги оспорам нивните квалитети, но не ми се по вкус...

@Malcolm van den Сабаховић :love:

Иначе за Лед Це(плин) и за Џими и за солажите.
 
Led Zeppelin нормално, и Queen се легенди али Led Zeppelin колку што имаат постигнато тоа никој го нема. У секој аспект и тоа. Покреативни, разнолики се Цепелин од Queen. Бар според мене, и двата бенда ги имам доста слушано.
Е па не е фер ова :D. Ги ценам Queen, ама Цепелините се цепелини, нема споредба, ниту па жанровски се слични.
Led zeppelin пред се и после се :P
 
Рејдиохед ни за бркот на Фреди не можат да се фатат, али ако некој е блиску, тогаш ваљда се овие, зепелиниве.

Иначе Квин, овај пат не за инает на модераторот. :D
 
Рејдиохед ни за бркот на Фреди не можат да се фатат, али ако некој е блиску, тогаш ваљда се овие, зепелиниве.

Иначе Квин, овај пат не за инает на модераторот. :D
:facepalm:
 
И едните и другите се култни бендови и многу имаат направено за музиката и служеле како инспирација за многу идни музичари.
Ама Бонам си е Бонам, огромен плус за Цепелин во овој дуел. Од моја гледна точка. :D
 
Оловниот Цепелин ќе ја смачка Кралицата, нема тука двобој.

Zeppelin се непропорцијално повлијателни во музиката, пионери се на еден правец што искористи огромен потенцијал. И Queen можеа да бидат, ама изгледа видоа каде лежи парата. Времињата се смениле, не се тие криви. Го достигнаа врвот кога веќе Zeppelin кажаа се` што имаа да кажат. Ама тоа откога станаа секси, ама онака, секси и за тетки, не само за следбениците на Белзебуб. :D

Како и да е, Зеплин сум ги слушал неспоредливо повеќе, така да, нив.

OB-JO765_0814hi_G_20100814162559.jpg
 
Со Цепелиниве по малце ми ги имаат направено цепелини (не дека со Флојд е поинаку де) али нема везе, друга тема тоа.
Повеќе сум се заразил и сум ги слушал Квин. Инструментално веројатно повеќе Цепелин, вокално Квин.
Исходот е очигледен, али пишете ме кај Квин.
 
Кој 2 култни бенда, овие на дуел не се стават бе, ало. И двата имаат безвременски хитови, хитови за памтење. Нема шанси да гласам. Дуел глава да те заболи :)

Памтам лани професор по ликовно коа цртавме ни пуштаме лед цепелин да слушаме, таа беше првата моја средба со еден култен бенд.
 
Би одел со Цепелин, а дека нешто сум свршувал на двата бенда, не сум свршувал никогаш. Ми биле онака, добри, што го означиле времето во кое постоеле, извршиле понатамошно влијание во музиката, и сето тоа во ред е така, ама не ми правеле некоја маскимален мерак на душава :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom