Другарка на сопругот

  • Креатор на темата Креатор на темата obicna&sexy
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 август 2011
Мислења
113
Поени од реакции
46
Дали сметате дека е Ок вашиот сопруг да има другарка и сеуште да се слушаат ??? Или јас сум проста и љубоморна или имам право што ми пречи тоа ????????
 
Дали сметате дека е Ок вашиот сопруг да има другарка и сеуште да се слушаат ??? Или јас сум проста и љубоморна или имам право што ми пречи тоа ????????
Имаш целосно право да си против тоа другарство,но за жал доколку упорно инсистираш на тоа само можеш да доведеш до тоа да нивното другарство повеќе да се зацврсти. Сега секако зависи колку време ја познава таа другарка и дали и пред вашиот брак биле пријатели или ова е некое ново пријателство?
Доколку е некое ново пријателство најискрено сметам дека би требало да се загржиш малку повеќе.
Е сега една опција исто така ти е и да го фанеш со фино сопругот и индиректно да започнеш тема околу другаркава.Пр почни со некоја сосема друга тема во која ќе ги напоменеш прво неговите доблести и со која ќе му го нахраниш егото.Работите поради кои го цениш и слично и потоа префрли се на другаркава.
Во секој случај за почеток немој да го напињаш дека не треба да се дружи со неа и сл,пошто која причина би му ја навела?? Би требало во тој случај да му кажеш"Идиоте нема да се дружиш со неа затоа што јас така сакам!"
А тоа и на мало дете да му го кажеш ќе се разбесни не па некој возрасен.Тогаш изгледа како таа личност да нема свое јас и дека е нечија играчка.
 
Не, твојот сопруг не смее да има другарка, не смее ни другари, треба само да биде со тебе. Веднаш барај му развод или во најлош случај рокни го со пиштол.
 
Дали сметате дека е Ок вашиот сопруг да има другарка и сеуште да се слушаат ??? Или јас сум проста и љубоморна или имам право што ми пречи тоа ????????

А имаш основа за сомнеж?
 
Па искрено и јас кога во иднина би имал жена би ми сметало да ми забранува да се слушам со другарки кои ми се доста блиски... И имам другарки кои се веќе омажени па скоро секој ден се слушаме или по телефон или на фб пишуваме. Дури мене ми е чудно и не можам да ги сфатам луѓето што од кога ќе се заозбилат во врска или стапат во брак, ги заладуваат односите со другарите/ките. Не може другарство кое трае повеќе од 10-15 години да се прекине ради тоа што сопругата/сопругот така сака. Нема поента, Е сега се надевам дека во твојот случај се само блиски другари и ништо повеќе.
 
Па, има другарки и другарки.

Ако е во прашање некоја со која се одамна другари, дали од деца, основно, средно, и се само тоа, не нешто повеќе, плус и ти ја знаеш другарката, не гледам причина зошто да се замараш.

Е сега, ако е некоја нова која никнала од негде, заангажирај се да видиш колку му е само другарка.
 
Како бе можете да се замарате со такви работи? Па зошто влагате во врски и бракови ако немате елементарна доверба во партнерот? Никад бе не сум зуцнала за пријателства на дечко, никад нема да зуцнам. Јас имам многу машки другари и мене дечко да ми рече да не се слушам или да ми прави проблеми околу тоа ќе му ја треснам една. Не поднесувам контролирање. За све можам да направам компромис во врска, буквално за се, освен за вакви работи.
Луѓето не се посед, не се имот кој го поседувате, тие се луѓе кои имале живот и пред вас, побогу! Не запира нечиј живот, само затоа што почнал со вас во врска. И ако некого навистина сакаш, ќе го оставиш да има пријателства и никогаш не би му/и дозволил/а да се оттуѓи од оние кои му се блиски. Само себичен, егоистичен човек може тоа да му го направи на друг човек.
 
Лесно се прави глупост тешко се исправа.... ако имало нешто сексуално или љубовно меѓу нив зошто те избрал тебе? Зошто не е со неа?
Ако немало може му значи девојката како пријател, без разлика што е женско, може се сродни души доволно слични за да бидат пријатели и премногу слични за да бидат во некаква врска. Минатото е полно со ситуации во кои си помагале и се радувале заедно и тешко им било заедно. Без разлика што ја сака како другарка или сестра а тебе како жена и семејство, сепак на некој начин ја сака и почитува и не му е лесно сега да и каже „бевме пријатели за добро и лошо, си помогнавме за се, сега си излишна имам нов живот“. Ако го натераш тоа да го направи ќе го повредиш и кога тогаш ќе ти се врати тоа во врската.
Лесно ќе направиш глупост ама тешко ќе го опоравиш бракот од таа глупост.

Имај ги ти очите отворени да не те лаже никој пред нос ама и со другата опција што може да не грешат нигде внимавај.
 
Имаш целосно право да си против тоа другарство,но за жал доколку упорно инсистираш на тоа само можеш да доведеш до тоа да нивното другарство повеќе да се зацврсти. Сега секако зависи колку време ја познава таа другарка и дали и пред вашиот брак биле пријатели или ова е некое ново пријателство?
Доколку е некое ново пријателство најискрено сметам дека би требало да се загржиш малку повеќе.
Е сега една опција исто така ти е и да го фанеш со фино сопругот и индиректно да започнеш тема околу другаркава.Пр почни со некоја сосема друга тема во која ќе ги напоменеш прво неговите доблести и со која ќе му го нахраниш егото.Работите поради кои го цениш и слично и потоа префрли се на другаркава.
Во секој случај за почеток немој да го напињаш дека не треба да се дружи со неа и сл,пошто која причина би му ја навела?? Би требало во тој случај да му кажеш"Идиоте нема да се дружиш со неа затоа што јас така сакам!"
А тоа и на мало дете да му го кажеш ќе се разбесни не па некој возрасен.Тогаш изгледа како таа личност да нема свое јас и дека е нечија играчка.
Тоа е старо пријателство. До сега не сум му рекла нема да се слушаш и готово. Не се слушаат често. Ама мене ми е чудно зашто јас немам другари да се слушам.
 
Тоа е старо пријателство. До сега не сум му рекла нема да се слушаш и готово. Не се слушаат често. Ама мене ми е чудно зашто јас немам другари да се слушам.

Аман, не ти личи на годините вака да размислуваш.
 
А многу е битно и какви се односите на женава со другарката на сопругот;)
Дали се пријателски или непријателски настроени една према друга....жените знаат тоа да го осетат без иеден збор да си кажат,било добар било лош:)
 
Тоа е старо пријателство. До сега не сум му рекла нема да се слушаш и готово. Не се слушаат често. Ама мене ми е чудно зашто јас немам другари да се слушам.

Е па тоа не е негов проблем, искрено, тоа е твој проблем.
За старо пријателство се работи, за луѓе кои споделувале моменти и кои се дружеле, не знам што е проблемот тука.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom