Лесно се прави глупост тешко се исправа.... ако имало нешто сексуално или љубовно меѓу нив зошто те избрал тебе? Зошто не е со неа?
Ако немало може му значи девојката како пријател, без разлика што е женско, може се сродни души доволно слични за да бидат пријатели и премногу слични за да бидат во некаква врска. Минатото е полно со ситуации во кои си помагале и се радувале заедно и тешко им било заедно. Без разлика што ја сака како другарка или сестра а тебе како жена и семејство, сепак на некој начин ја сака и почитува и не му е лесно сега да и каже „бевме пријатели за добро и лошо, си помогнавме за се, сега си излишна имам нов живот“. Ако го натераш тоа да го направи ќе го повредиш и кога тогаш ќе ти се врати тоа во врската.
Лесно ќе направиш глупост ама тешко ќе го опоравиш бракот од таа глупост.
Имај ги ти очите отворени да не те лаже никој пред нос ама и со другата опција што може да не грешат нигде внимавај.