Дрога - Отворете им ги очите на блиските до вас

  • Креатор на темата Креатор на темата *Miss Grenade*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали кога близок ќе западне во тешки проблеми со дрогата, сте успеале да му помогнете?

  • Да и сум успеал/а

    Гласови: 6 14,6%
  • Не сум пробал/а, не се мешам

    Гласови: 21 51,2%
  • Сум пробал/а но не сум успеал/а

    Гласови: 14 34,1%

  • Вкупно гласачи
    41
Денес се инспирирав и решив да ја започнам темава со цел доколку можеме да си помогнеме и да им помогнеме на луѓето кои имаат проблеми со било каков вид на дрога, а несвесно или свесно ги создаваат, не размислувајќи за последиците.

Другар со кој подолго време се дружам, уште од средно пробувам да го насочам на прав пат.Не знам зашто, дали зашто ми е близок и го знам мн одамна, си поставив мисија.
Се повеќе почна да забегува, да прави проблеми, неговите го дознаа од дома, избега па пак се врати дома, се почнувајќи со марихуана па до којзнае какви не работи.Не можев повеќе да се замарам, искрено ме премори со годините бркање и контролирање како да сум му мајка, па решив да го оставам во тој поглед сам да си осознае.
Вчера ми се јави друг другар кој ми кажа дека дал на заем ланче ( со кој памет) на друг другар, за на крај да заврши кај дечково (кој знае што се има продавано и крадено од дома).По ден изгубен во потрага по ланчето се потврди дека е он.Го замолив да се појави, но не дојде. Ланчето нема да се најде гарант, којзнае каде е и дадено и за што, не верувам и дека ќе признае, иако имам и сведоци и докази, но сфатив дека од денеска па натаму ќе се повлечам и повеќе никогаш нема да исконтактирам со него. Јас за жал пробав на секој начин да му ги отворам очите, но не успеав...:(:(:(

Другарски е да се обидеш да му помогнеш и да го исправиш на вистинскиот пат.
Верувај тоа е многу многу тешко ако се работи за тежок зависник, така да исправање на прав пат не помага во случајот кој го наведе горе.
Ако забегал до толку имаш 2 опции, или ќе исконтактираш со некој негов близок и ќе кажеш каква е ситуацијата за да му помогнат со специјални терапии од специјалисти за дрога, или ќе го оставиш сам да се снаоѓа како знае и умее.

Доколку се мешаш многу, а тој е отиден до толку, може да заборави дека и ти си му другарка, и да те искористи за негови потреби (да те поткраднува и да те натера да мислиш дека се сменил, да ти бара пари со цел да се раздолжи, секако сето тоа проследено со ветување дека нема да се дрогира повеќе што ќе биде лага).

Ако веќе до толку ти е грижа за него и сакаш да помогнеш, исконтактирај со некој од неговите родители и кажи им да си превземат мерки.
Доколку е на хероин, лечењето ќе биде ужасно тешко доколку се лечи со апчиња од типот на Налорекс, Синекван исл.
Ќе следат зависнички кризи проследени со бладање, халуцинации, замислување на непостоечки работи, несоници, правење куќен неред и сл.
Сето тоа ќе трае 8 дена....додека се исчисти организмот на зависникот...
Кога ќе се излечи, терапијата ќе се намалува и зависникот нема да се сеќава на ништо што се случило изминатите 7 дена....
Исто така зависникот ќе треба да посетува и друштво на излечени зависници од дрога што ќе му помогне во лекувањето...
Секако ова е поскапата варијанта.....која бара многу финансиски средства...

2ра опција е со навлекување на зависникот на метадон или хептанон, што е исто така навлекување на еден вид дрога, но постепено дозите се намалуваат, така што се спречува зависноста на хероинот.
Многу е битно и тоа како зависникот ја прима дрогата...преку нос или преку игла (што е далеку поопасно).

Доколку неговите од дома знаат што прави и не превземаат никакви мерки, нека му е Бог на помош и на нему и на родителите.
Така да доколку се случило тоа, сметам дека твојата мисија е веќе завршена....
Сепак убаво од тебе што си се обидела да помогнеш, затоа што навистина се ретки таквите како тебе што би пристапиле да помогнат на некој пријател кој има проблеми со дрога. (y)
 
Не знам денов само на дрога оди, само за тоа се зборуе на форумов :pos:

ОН
Немам помогнато оти сум немал такви другари што се ептен на тоа ниво со дрогата, али и да пробам да помогнам не знам колку тоа ќе биде успешно, бидејќи ако он сам не каже ДОСТА Е, нема никогаш да се откаже од тоа.
-- dobrovolno nema da se otkaze, sepak toj e zavisnik, postoi samo eden metod koj uspeva, ama kaznic e so zakon
 
Види.. ова е интернет. Супер and all за отворената тема но само како stand-alone таква не за како problem-solving директно за твојот проблем. Можеш да (и ќе) прочиташ 10000 решенија кои можат сите да бидат од помош и vice versa. Секој човек е различен и различно респондира кон одреден фикс. (pun unintended) Значи со тепање и полиција и закани and whatnot можеш само повеќе да го отргнеш од реалноста и шутнеш подлабоко во абисот, но и ќутење и прифаќање и цел тој позитивен пристап можеби you're just enabling him. Што е подеднакво лошо.

Ако има трошка вистина во овој мој профил, би напишал дека незнам како би реагирал. Ама знам дека сум лојален и би останал покрај него. Можеби си ти таа што го држи колку толку и незнам за тебе, ама барем би почекал, ако се случи нешто полошо би ме гризела совеста дека пресудното за напуштање другар во невоља е ланче со некоја смешна-50евра-сума. But that's just me.

A како би се обидел да го поправам..
Trainspotting, пошо меѓу другото е entertaining.
Па продирање длабоко со Requiem for a Dream.
Па кога е скршен, би удрил со повеќе емотивно нешто као Candy.

Aма барем толку лесно да се поправаше животот, со филмови а..
Секој метод е смешен, ти го знаеш човекот - ти треба да излезеш со пристап. И ти треба да си димензионираш до каде ќе пречекоруваш, пошо ипак на крај никој не би те кривил и обично штом до таа точка е стигнат (како и поголем процент од другите) е lost cause.
 
Затоа на некои деца им треба ќотек.
Прекини да бидеш фина и да се понашаш ко Мајка Тереза.
Јави се на татко му, кажи дека ланчето е твое и он ти го украл, кажи му да ти дае пари или ќе пријавиш во полиција.
Ќе изеде добар ќотек дома. Или у станица, зависи.
Ако не прекине да се дрогира, бар ќе прекине да краде.
Now that's a start.
Замоли го да прекине да зима се и сешто, нек се одржава само на гане. Ако нема позитивни реакции, јави се кај него дома. Ако пак нема позитивни реакции, најди другар што има татко у полиција, контактирај го и замоли го детево да не го носат у затвор него да го преваспитаат.

Незнам...
Некако сум немилосрден за вакви ствари...
Малите птички се учат да летаат, големите се буткаат од гнездо. Мислам дека е време да прекинеш да го учиш и да почнеш да го казнуваш.
Макар и по цена да ти се напне и да не ти збори и све и свашта. When it's all over, ќе се врати и се ќе биде во ред.

Со среќа. This is some fuck'd up shit.
Верувај дека со години го „пеам“дома и неговите знаат, мајка му го има следено од што е целосно во шок, но има и од дома бегано и во станица завршувано. Сите веќе го одбегнуваат, мислам дека јас му останав и уште неколку од „истата негова екипа“.Навистина ми е криво, од мал го знам, не сакам да пропадне
 
Можеби звучи сурово, но моја препорака е да го оставиш и да си се фокусираш на твоите потреби или пак ако имаш вишок енергија да ја посветиш на нешто друго.
Јас имам непријатно искуство се еден таков пријател кој и покрај моите потрошени живци, енергија и пари на крај се обиде да ми наштети во момент на криза за кое не ми се расправа сега по форуми во поддробности.
Треба сам да се обиде да се лечи и да не го игнорира фактот дека е зависник и има проблем.
 
Ај кажи ми жити се како ќе се тргне од сите глупости кога цело друштво му се исти, возат под дејство на алкохол и дрога, ги пљачкаат нивните дома и имаат куп кривични позади нив. Он сеуште не стигнал да тоа ниво.Мене ме одбегнува кога е со нив или кога излага било каде, дури и девојка му е иста , не сакам да судам , ама она мислам дека уште толку го добута до дното.
Исто така мислам дека не е на игла, но не можам ни да знам кога не го гледам што прави, но знам дека почна мн да прави работи кои не го личат на него.
 
Јас ти викам да го баталиш и да си го исполнуваш твојот живот со попозитивни работи од тоа што го правиш сега ама изгледа треба да те повреди (тука не мислам физички само) за да го направиш тоа.
Џабе ќе ти кажувам изгледа како и многумина тој пат треба да си го изодиш сама за да се увериш.
Со среќа и со лесно неговото превоспитување нека ви биди, запрашај се дали тој во моментов го прави истото односно дали се нервира и расправа по форуми да бара решение на неговиот проблем.
Додека тој спие и се дрогира како коњ, ти овде отвораш теми во 1 наутро за да му помогнеш. Мене ич не ми личи дека е вреден за пријател, ама ти си знаеш.
 
Еднаш кога ќе пробаш и готово е. Си ископал сам гроб. Многу е тешко враќањето назад. Јас во такви случаеви доколку имам таков пријател само еднаш му кажувам, следен пат не му кажувам, се повлекувам. Тој е дух за мене. Тој сигурно си знаел што може да му сноси дрогата пред да ја земе.
 
Една од Најсмртоносните и најпроблематичните дроги (статистички) - Алкохолот - е уште легална :facepalm:

Додека постои парадоксов , ништо нема смисла.
 
Додека тој спие и се дрогира како коњ, ти овде отвораш теми во 1 наутро за да му помогнеш. Мене ич не ми личи дека е вреден за пријател, ама ти си знаеш.[/quote]

WOW! Каков муабет! Алал да ти е за муабетов.А ако ти кажам дека веќе немам нерви и дека сум кренала раце, ќе те излажам. Некој погоре пиша „ ќе ти ветува дека ќе прекине, ќе ти кажува дека прекинал и ќе лаже. “ Тоа и се случува. „Еве веќе месец дена не праам ништо“ - ќе рече . Криво ми е за неговите, верувајте лесно е да се коментира, ама таа мајка ја знам и сакам премногу, знам колку ноќи непреспиени помина ради него.Но јас не сум Господ да судам, нити имам сили да му помагам и да го вадам од г**на цел живот, а искрено се мислам и во полиција да го пријавам ако нема чаре.Иначе ланчето е од дома земено без да знае некој и дадено во доверба, не е битна неговата вредност, туку гледам до каде отишле работите и се ми станува јасно.Многу ми е жал и стварно сум у збунка...:notworthy::(
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 10:56 ---
Една од Најсмртоносните и најпроблематичните дроги (статистички) - Алкохолот - е уште легална :facepalm:

Додека постои парадоксов , ништо нема смисла.

Ова е оф топик, ама ќе ти кажам дека кај луѓето и да не постои дрога, алкохол,цигари и сл пороци , ќе најдат и друго со кое ќе си го уништат животот. Само штета за нивните кои ќе патат ради истото...:(
 
Не сакам да те критикувам, но не ми стои како да си му другарка, штом тој има „друго друштво“. Како што напиша еден член погоре, ако сакаш да го одвикнеш од дрога треба да си со него 24/7. Да не му „дозволиш“ да биде во присуство на другите другари. Ако навистина го сметаш за пријател, мислам дека треба да си поставиш мисија да бидеш постојано со него, да му покажеш колку си добро друштво и дека човек може убаво да си го помине денот иако не зема наркотични средства. Но сепак мислам дека ти си „другарка“ која го знае на „Здраво“ и сега се мислиш за „доброчина“ и сакаш од самосебеси он да се откаже од дрогата и од друштвото зошто ти така сакаш...
 
Вака, со мене активно се дружеше до пред 2-3 години, Ние бевме едно друштво.Сепак се распаднавме, на сите им должеше пари освен на мене и уште еден другар.Но пред некое време и тој го остави зашто му позајми телефон за да има како да комуницира и овој му го продаде.Тие му се „ново подобро друштво“ зашто со мене не може такви работи да прави. Не си прочитала се, како што кажав и со неговите се знам и буквално знам се за него. Верувај кога се познаваш со некој долго време не е така лесно да го оставиш кога ќе забега по лош пат. „На здраво“ луѓето не ми се ни битни. Имам блиски другарки и другари за кои ме засега и ме боли, како и нив за мене.Мерило за другарство е кога ќе му се најдеш некому да му помогнеш во тешко, а не кога имате заедно да прославите така?
А не сум мајка Тереза и не сум тип кој сака „да се докажува“, верувај не ми е гајле луѓето што не ме знаат што мислат за мене, тие што ме познаваат знаат каков човек сум и се тука за мене како и јас за нив.
 
Во тој случај ни Св.Петар да се симне неможе да му помогне. Тој си е влезен во „филм“ и секоја твоја постапка да го отргнеш од тоа би те направила „негативец“ и „виновник“, иако твоите намери се добри. Мислам дека дечкото не е повеќе малолетен, така? Во тој случај родителите никако неможат да му влијаат, само органите за безбедност. Но овде се наметнува и прашањето, дали си сигурна дека е виновен, крадец и наркоман... Зошто ако им падне во раце на нашата полиција, може и без никаква причина да го „јаде“. Затоа размисли до каде си спремна да одиш, зошто за секое пријавување од твоја страна во неговите очи ќе изгледаш како „предавник“, а не како другар.
 
Овде тотално се сложуваме.Можеби е подобро да се повлечам. Ќе видам со неговите што можам, за состојбава не знаат уште ( зборам за последново со ланчето) така да они нека решат, така и јас ќе бидам помирна, а татко му е мн строг, нека реши он.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom