H
-HRO
Гостин
Денес се инспирирав и решив да ја започнам темава со цел доколку можеме да си помогнеме и да им помогнеме на луѓето кои имаат проблеми со било каков вид на дрога, а несвесно или свесно ги создаваат, не размислувајќи за последиците.
Другар со кој подолго време се дружам, уште од средно пробувам да го насочам на прав пат.Не знам зашто, дали зашто ми е близок и го знам мн одамна, си поставив мисија.
Се повеќе почна да забегува, да прави проблеми, неговите го дознаа од дома, избега па пак се врати дома, се почнувајќи со марихуана па до којзнае какви не работи.Не можев повеќе да се замарам, искрено ме премори со годините бркање и контролирање како да сум му мајка, па решив да го оставам во тој поглед сам да си осознае.
Вчера ми се јави друг другар кој ми кажа дека дал на заем ланче ( со кој памет) на друг другар, за на крај да заврши кај дечково (кој знае што се има продавано и крадено од дома).По ден изгубен во потрага по ланчето се потврди дека е он.Го замолив да се појави, но не дојде. Ланчето нема да се најде гарант, којзнае каде е и дадено и за што, не верувам и дека ќе признае, иако имам и сведоци и докази, но сфатив дека од денеска па натаму ќе се повлечам и повеќе никогаш нема да исконтактирам со него. Јас за жал пробав на секој начин да му ги отворам очите, но не успеав...![]()
Другарски е да се обидеш да му помогнеш и да го исправиш на вистинскиот пат.
Верувај тоа е многу многу тешко ако се работи за тежок зависник, така да исправање на прав пат не помага во случајот кој го наведе горе.
Ако забегал до толку имаш 2 опции, или ќе исконтактираш со некој негов близок и ќе кажеш каква е ситуацијата за да му помогнат со специјални терапии од специјалисти за дрога, или ќе го оставиш сам да се снаоѓа како знае и умее.
Доколку се мешаш многу, а тој е отиден до толку, може да заборави дека и ти си му другарка, и да те искористи за негови потреби (да те поткраднува и да те натера да мислиш дека се сменил, да ти бара пари со цел да се раздолжи, секако сето тоа проследено со ветување дека нема да се дрогира повеќе што ќе биде лага).
Ако веќе до толку ти е грижа за него и сакаш да помогнеш, исконтактирај со некој од неговите родители и кажи им да си превземат мерки.
Доколку е на хероин, лечењето ќе биде ужасно тешко доколку се лечи со апчиња од типот на Налорекс, Синекван исл.
Ќе следат зависнички кризи проследени со бладање, халуцинации, замислување на непостоечки работи, несоници, правење куќен неред и сл.
Сето тоа ќе трае 8 дена....додека се исчисти организмот на зависникот...
Кога ќе се излечи, терапијата ќе се намалува и зависникот нема да се сеќава на ништо што се случило изминатите 7 дена....
Исто така зависникот ќе треба да посетува и друштво на излечени зависници од дрога што ќе му помогне во лекувањето...
Секако ова е поскапата варијанта.....која бара многу финансиски средства...
2ра опција е со навлекување на зависникот на метадон или хептанон, што е исто така навлекување на еден вид дрога, но постепено дозите се намалуваат, така што се спречува зависноста на хероинот.
Многу е битно и тоа како зависникот ја прима дрогата...преку нос или преку игла (што е далеку поопасно).
Доколку неговите од дома знаат што прави и не превземаат никакви мерки, нека му е Бог на помош и на нему и на родителите.
Така да доколку се случило тоа, сметам дека твојата мисија е веќе завршена....
Сепак убаво од тебе што си се обидела да помогнеш, затоа што навистина се ретки таквите како тебе што би пристапиле да помогнат на некој пријател кој има проблеми со дрога.
