Д
Дамјан_Amstaff
Гостин
Позитивно засилување на однесување на кучето, или така нешто беше. Пробав фенси менси денси дресура не ја биваше, почна да скока и да ми гризе од гардеробава на среде шетање, па постапив како што ми налагаше инстинктот. Павлов не ми е рамен за половина час го научив како треба, а скокна одма шамарче по тенџерестата глава, па виде кој е Алфа тука во чопорот. Добро викаше Дада ако ми е миленик и го сакам мора малку ќотек инаку на глава ќе се качи.....
Другар има повеќе методи на дресура ,од тебе зависи кој ќе го избереш.
Јас сум генерално против ќотек ,но и јас некогаш практикувам по некој шамар.
тоа е премало за шетање воопшто!Пред 3 месеци неби требало да излезе од дома и тоа откога ќе ги прими сите вакцини и ќе го заврши карантинот. И не се прави тоа така, тоа уште не научило правилно само да стои на нозе а ти веднаш поводникот. Првин нека направи барем 2 месеци, па после прво ќе му ставиш некое лесно каивче околу вратот да се навикне на него неколку дена,па после на каивчето ќе врзеш поводниче (лесно исто така) и ќе го оставиш да се влече по него низ дома неколку дена. Така прво ќе се навикне на поводникот и да има нешто околу вратот за да не се вади од памет кога ќе пробаш да го изнесеш. И на првите прошетки не го влечи за поводникот, храбри го да оди само тоа каде сака па ти оди по него држејки го поводникот 