Дресура

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.599
@Uluru , да, се што напиша погоре е точно. Би додала дека пред да се разболи имаше период од 2 - 3 месеци кога немавме проблеми да го оставиме сам, почнавме прво полека на заграден простор со по еден час дневно па постепено зголемувавме. Не му беше проблем да е сам кога знае дека нема никој во куќата, е кога ќе не осетеше дека сме дошле дома почнуваше да лае ама ќе се смиреше после некое време. Сега кога излегуваме од дома, посебно татко ми кога излегува, не можам да ви опишам колку панично лае и општо се однесува панично , абе ти се чини го оставаш и не се враќаш. Се смирува после некое време кога не сме дома, ама кога се враќаме сите од работа пошто знае дека сме дома готово, завива цело попладне. 5 минути да не ме видел кога ќе излезам надвор стално е како да не сме се виделе 5 години, радосен, скока, трча хиперактивно.
На ветеринар нема шанси да стои мирен ни за преглед, тоа е права борба. Знам дека е истрауматизиран од луѓе, кој стигна го боцна или го прсна со нешто, сега ни бега и нас кога треба да го прскаме/капиме за демодексот. Имаше и рани нели, му ги мачкав со кантарион, по саат, саат и пол сме го мачкале пошто бега и од нас веќе.
Ќе го спомнам и ова пошто мислам дека е важно. За првичната дијагноза - шуга, ветеринарот ни даде да го испрскаме со сулфур. Тие денови имаше температура, секој ден бевме на инфузии, паралелно го прскавме со амитраз, хаос. Песот многу лошо го поднесе сулфурот, после пола сат имаше многу лоша реакција на сулфурот, имаше тикови на задната нога и му се јавив на ветеринарот во паника. Ми рече измиј го само со топла вода. Вечерта не спиеше, т.е од страв спиеше стоејќи. Сабајлето кога станавме бегаше од нас домашните, само ќе седнеше на крај на дворот сам, кога и да му се доближеше некој веднаш заминуваше подалеку. Не спиеше, чекаше да се увери дека нема никој околу него за да заспие, и тоа заспиваше стоечки и ќе се струполеше од умор. Јас тој викенд го преплакав пошо бев убедена дека кучето нема да се избори. Два дена после ова почна со лендоцинот пошо не му паѓаше температурата, па постепено се крена.
А добро еве настрана фактот што ја нападна другарка ми, мада ја знаеше од порано, уште пред да почне со терапијата, ама зошто кога тргнав накај него ми се сврти и мене и спрема мене се понашаше агресивно?
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Бидејќи не ти верува. Како што ти кажа Улуру, ќе мораш постепено да работиш за да тој сфати дека во тој чопор ти можеш да се грижиш за него. Ние знаеме зошто ти и го носиш по вет, зошто го мачкаат и зошто го боцкаат, но тој не знае и се брани. Постепено и многу трпение, мислам дека ќе се опушти. Ако не разговарај и со дресер, чисто за да те упати тебе, како ти да се поставиш како да изреагираш за да не доаѓа до вакви ситуации.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Емкаа, како што реков, се тоа е во ред, ребота на ветеринарот е да го дијагностицира и истерапира кучето. Проблемот е што повеќето ветеринари ќе направат како што нив највеќе им одговара за најбрзо и најбезбедно за нив да ја завршат нивната работа, а потоа тебе ти останува проблемот со кучето. Значи мое мислење е ова- прво, ти имаш анксиозно куче, и тоа му е карактеристика уште од мало. И тоа генерално анксиозно, тоа што не сака да е сам е само еден од начините на кој тоа го покажува. Друг е што не стои мирен да го допираат. Тоа е крактерна маана - најчесто резултат на лошо/неодговорно одгледување. И тоа не е твоја грешка, битно е да знаеш што имаш и како тоа да го менаџираш. Друго, сето ова што го поминал сосе сите боцкања, прскања и слично, него сега му е страшна траума и сега тој нема доверба во никого - во познати и непознати дека нема да го повредат а во вас (фамилијата) дека ќе го спасите од повреда. И поради сето тоа што го поминал, било која ситуација или дел од ситуација може да му личи на опасност, па негова нормална реакција е да се одбрани.
Многу битно - се што прави пред да проба да касне некого - ржење, кревање муцка и слично - никако не го крајте и казнувајте за тоа - на тој начин тој комуницира и кажува дека ситуацијата го плаши и сака да се одбрани. Ако го казниш тоа однесување, само ќе го научиш да касне без предупредување во друга слична ситуација. Ако ги гледаш и слушаш предупредувачките знаци, ќе можеш и да ги спречиш.
Треба да работите и вие дома со него, вратете се наназад како го учевте да биде сам како помал, прабајте сега пак, да почне да создава предвидлива рутина,за да може да се смири и да не паничи кога е сам.
Обавезно треба да работите и со дресер - никако некој што работи со тепање, казни или страв, бидејки не му треба на кучето дополнително да се плаши, доволно е тоа што го доживеа досега. Оваа реакција не е туку така агресија, туку е од страв. Не знам кого да ти препорачам во Македонија кој има бар некакво искуство со модификација на однесување, ако некој знае, нека даде препорака.
И на крај, овој проблем иако се создаде за наколку недели, очекувај дека ке треба долго време и многу работа да се поправи.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.134
Поени од реакции
23.636
Де бре како да прајте муабет за 5 годишно дете а не за куче. Ами зборјате му тивко и пополека ако не пак за да не се дотрауматизира :facepalm:
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Де бре како да прајте муабет за 5 годишно дете а не за куче. Ами зборјате му тивко и пополека ако не пак за да не се дотрауматизира :facepalm:
Bez nikakva navreda, ako nemas nekoj sovet, poarno i ne pisuvaj.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.325
Поени од реакции
7.076
Де бре како да прајте муабет за 5 годишно дете а не за куче. Ами зборјате му тивко и пополека ако не пак за да не се дотрауматизира :facepalm:
готов си сеа анима дунди ќе го уништи твојот профил
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.134
Поени од реакции
23.636
Bez nikakva navreda, ako nemas nekoj sovet, poarno i ne pisuvaj.
Без навреда ама подобар совет од овој нема ни да добие само кој колку сфаќа.
Како само вие дома да чувате кучиња , ние другите појма немаме шо е то куче.[DOUBLEPOST=1500710891][/DOUBLEPOST]
готов си сеа анима дунди ќе го уништи твојот профил
Ги чекам секој момент на врата да ми го земат џукелчето и да го успијат пошто не било расно , башка и да го куртулат од тешкиот кучешки живот што го има.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Без навреда ама подобар совет од овој нема ни да добие само кој колку сфаќа.
Како само вие дома да чувате кучиња , ние другите појма немаме шо е то куче.[DOUBLEPOST=1500710891][/DOUBLEPOST]
Ги чекам секој момент на врата да ми го земат џукелчето и да го успијат пошто не било расно , башка и да го куртулат од тешкиот кучешки живот што го има.
Да не кажеш дека не си опоменат.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.134
Поени од реакции
23.636
Да не кажеш дека не си опоменат.
Да де дека си модератор. Да не беше шо аргумент ќе користеше освен бан? Ете за момент замисли дека ја немаш таа моќ да банираш луѓе со различни гледишта од твоите и пробај така да ја водиш дискусијата како за промена
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Да де дека си модератор. Да не беше шо аргумент ќе користеше освен бан? Ете за момент замисли дека ја немаш таа моќ да банираш луѓе со различни гледишта од твоите и пробај така да ја водиш дискусијата како за промена
Нема што да замислувам. Модератор сум. Ако немаш што да и одговориш на девојката, не гледам потреба да објаснуваш празни муабети. На наредниот коментар, ќе добиеш казнени.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Де бре мајката, колку мора да се плашите од Анима Мунди, што филмови си изнаправивте со нив...... страшна работа...
Е ако завршивте со Ем шуто, ем боде сесијава, нема врска дали чувате кучиња или не, овој проблем не е за секој Трајко и Петко да си прави експерименти, туку за дресер што знае што работи, Емкаа, моја препорака е да почнеш да се распрашуваш по дресерите дали некој работел со ваков проблем.Не верувам дека ќе најдеш некој во Охрид, мислам ќе треба да се обратиш во другите градови. Пепа, некој предлог?
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
41
Поени од реакции
42
Здраво! Не пишувам често но читам постојано :) би сакал да се консултирам со поискусните членови во групава за некои проблеми кој ги имам со кучето поточно неговото однесување. Пред се да напоменам дека пред ова не сум чувал куче и дека без разлика на тоа бев запознаен со карактеристиките на расата но сепак неискуството за некој работи си го направи своето очигледно... Имам Џек Расел мажјак кој има 9 месеци. Го земав од леглото кога имаше 35 дена, грешка која ја сфатив подоцна но работам постојано на некој проблеми кој ги влече карактерно и ден денес. Додека беше мал престојуваше во претсобјето и му беше отворена вратата од купатило за да може да врши нужда и немаше никаков проблем. На некаде 2 и пол месеци доби уринарна инфекција и тоа ептен силна, сеуште не излегувавме надвор и ден денес незнам како ја добил, веројатно се напил од сопствената урина. По некое време забележавме дека има искривување на нозете и му беше констатиран рахитис од ветеринар. Толку многу тоа не скрши што сите бевме тажни по дома и цело време сето внимание беше на него бидејќи почна да губи сила, не ни сакаше да се движи од болки. Денес кога ќе го погледне некој не ни може да претпостави кој маки и секирации ги имаме поминато со него бидејќи нема никакви траги од сето тоа, барем физички. Но сето тоа остава трага во неговиот карактер, ден денес имаме проблем со гризенње по раце, едноставно кога ќе се израдува веднаш го удира хиперактивност и незнае како да ја искаже среќата и почнува да по нас и да грицнува по раце, да не се разбереме погрешно, не се тоа гризења туку само допири со забите но доколку е тоа во движење може да биде и болно. Додека беше болен лежеше на кревет во дневна и тоа не претставуваше проблем, денес кога го бркам од креветите во дневна имам проблем, господинот се брани и сака да грицне по рака иако не го прави тоа само се јача и додека не го добие по газ не се симнува. За грицкањето по раце нема што не пробавме, мислам дека можеби треба во очај да намачкам раце со оцет и да не му текне веќе :) Во целата ситуација кога ќе почне да грицка неколку пати пробав да го удрам по муцка со другата рака која ми е слободна но не удирање да боли туку чисто само да му тргне внимание и да го врати во реалноста :) Уште еден факт, многу е плашлив од други животни, кога беше мал околу 4 месеци шетавме надвор на поводник и накај нас се стрчаа Дого Аргентино и Пит Бул, кучево доживеа траума и почна да писка од страв, се испокарав со сопствениците на кучињава пошто нели муабетот е абе тие не гризат сакаат да си играат... но за таквите сопственици не зборувам пошто знаеме колку се одговорни и што се може да се случи, од такви сопственици јас дткав до осмо одделение но небитно. Мислам дека имам многу лоша варијанта на особини кај кучето кој се стекнати низ неговиот живот со мене поради мој поточно грешки од дома. Најголем проблем е грицкањето и тоа што не се одзива на команда секогаш, само кога му одговара, знам дека е Џек Расел но кога ќе го пуштам некогаш надвор во затворен простор имам мака да го фатам, не доаѓа на повик само ако се исплаши од некое куче и бара заштита кај мене. Пробувам да го социјализирам полека со кучиња да ги галам пред него, да го викнам и него до мене но штом кучето се сврти накај него овој рипа од страв и се накострешува од глава до опаш. Ве молам за помош... што да направам да му помогнам него а и себе? Секогаш кога добива јадење мора да седи и да е мирен, никогаш не му се дава нешто без да послуша но ете некој работи очогледно не штимаат, ве молам за совет :) благодарам однапред :)
 
Член од
23 ноември 2016
Мислења
525
Поени од реакции
511

Drugar,ti nemas eden problem tuku mnogu problemi! Ustvari kuceto ti stanalo problem a ne zadovolstvo,i nema nikakva vrska so rahitisot tuku so tebe i tie sto go cuvaat.
Na forum ne se resavaat problemite,ti stom ne si gi resil do sega,i da te posovetuva nekoj nema da napravis nisto.
Moj sovet e da si platis za dreser i da rabotite zaedno so dreserot,a ne on da ti go nauci,zosto mi lici deka koga ke ti go dade doma pak ke bide po staro
 
Знам конкретно на што мислиш. Ги нафрлив овие работи стриктно како проблем во смисол што да направам. Кученцето никогаш не тргнало да не гризне со намера, кога грицка провоцира за да си играме со него, никогаш не тргнал некого да гризне од агресија. Кога нема некој да го возбудува поточно кога сме сами е најдоброто куче на светот но кога ќе се израдува на некој тогаш ништо не е битно веќе, збеснува и сака да се закача и да си игра и тогаш ги прави глупостите уствари :)
Знам дека на форум не се решаваат вакви проблеми но чисто мислев да слушнам совет од некој поискусни членови како насоки како да се справам со овие работи. За дресериве кај нас немам некое убаво мислење пошто знам дека со ќотек ги воспитуваат. Секој совет е добредојден :)
 
Ti nemas mislenje za dreserite tuku predrasudi!
Kako ke go tepa pred tebe te molam kazi mi?
Jas ti kazav sovet i ti garantiram deka samo taka ke go resis problemot.
Si zemal dzek russel i se cudis zosto bilo mnogu zivo a? Da procitase nesto za rasata pred da go zemes na dusa ne ke bese loso,ama garant ti go poklonile ili "mnogu bilo ubavo kako malo"?
Ovoj problem - izbor na kuce spored izgledot,a ne spored karakterot,e glavna pricina za golemiot broj napusteni kucinja vo mkd.
Gledam deka si go sakas kuceto,ama toa ne znaci deka si dobar sopstvenik. Pobaraj strucna pomos za kuceto ili pokloni go na nekoj sto znae sto so nego
 
Kajgana Shop

На врв Bottom