Океј, имаш да ги плаќаш, ама се работи за профит. Пошто фирмата твоја работи на пазарпт кој диктира повисоки цени, а со тоа и плаќа истиот тој пазар.
Ама ако им даваш по повеќе, децата нема да можеш да си ги запишеш на ајви лиг.
Се работи за профит. И нема ништо погрешно во тоа. Се додека се нафатат да работат, сите се среќни и весели.
А среќни и весели се и во ДрекселМајер. Обие шо не се среќни се Ленка и неколку политички партии.
Јас имам едно друго прашање.
У Италија пазарот дава поголеми плати од Благоев.
Е сега, него го плаќа пазарот у Италија, а он им дава 30 посто помали плати него ли шо би им дал италијанскиот пазар. И ДрекселМајер ви смета, а Благоев не ви смета?
Мене лично не ми смета тоа шо човекот си вади профит. оти реално, да не е он, тие фаци не би имале ни толкави плати, пошто не знаат јазик, и немаат контакти у Италија. А он ги има.
Ама, он ги експлоатира ако се водиме според вашата логика, пошто ДрекселМајер дава мали плати и го извезува производот на странски пазар, а Благоев го продава трудот на странски пазар, а им дава плати кои се измеѓу македонски и италијански, и он профитира од нив повеќе него шо би профитирал ако им дава италијански плати.
Прво:
Немам да им платам. Се што заработуваат си го заработуваат сами. Мојата работа зависи од моите партнери таму, и од малите проекти што се наоѓаат од време на време.
Второ:
Можеш да ги извртуваш моите зборови колку сакаш. На крајот на денот јас знам колку плата има секој од нив. И знам дека не се открадени. Има на Запад механизми да се контролира колку и како се исплаќаат платите.

Да не сакаш да ти закачам копии од записници од трудови инспекции, и нивните наоди?
Трето:
Оваа работа со фирмата не ми е вокација. Тоа е нешто настрана од мојата професија и работа. Дури не сум ни бизнисмен, или економист, а нешто сосем трето. А за ајви лига универзитет, лесно е, малце ќе си поиграме со деривати на ЕнУајЕсИ заедно со брат ми и ете ти лесни пари. Нели знаеш, барем на берза математичките модели се тие што прават пари, заедно со шпекулациите.

Четврто:
Јас никогаш не би работел во Италија, ниту пак би пратил работници во Италија без разлика колку се поволни условите за работа. И тоа заради една работа. Затоа што Италијаните се истите корумпирани црева како нашите. Друго, јас не ги дерам луѓето што печалат за нив и за мене. Не сум толку лаком.
Можам да направам педерска финта и да не им платам 3 месеци. Тоа се околу 400к, и да си заминам, затворам фирми, отпуштам работници, прогласувам стечај, фирмата е направена со минимален залог, нема никаков имот, итн. И ете ми ги парите за ајви лига универзитет. За 3 месеци.
Прашањето е после, како ќе живеам јас со тие луѓе?