Сите работници прво имат работено во Македонија, армирање и градежништво. Неуки и лоши мајстори без квалификации не примам. Сите имат завршено курс, или барем 5+ години работно искуство во градежништво. Јас не си играм со аџамии и квази мајстори. Си има интервју, си има истражување, си има разгледување, јавувања кај поранешни газди, муштерии, итн. Не пијам јас нафта.
Тие се фер со мене, јас сум 10 пати повеќе фер со нив. Зошто мислиш никој не се откажа досега, и да се врати да биде мајстор во Македонија.
Кај се видело на мајсторот да му се роди син, автоматски да добие одмор 10 дена, авионска карта поклон за да се израдува како човек. Или да имаат сите заштитна опрема како нивните швајцарски колеги.
Па ќе ти кажам, ти ја дрвиш и теоризираш додека зборуваш за економски модели, системи, и слични други дилетантни анализи. Ти имаш информации од прва рака.
Јас ги создавам тие информации.