Дрекслмајер

  • Креатор на темата Креатор на темата cige
  • Време на започнување Време на започнување
Ако ти имаш факултет и сметаш дека трудот ти вреди 220 еврс како општ работник, некој друг ти е крив?

:pos:

Абе ако јас сум отепал 4 + години за да бидам стручњак за одредена област зошто да бидам општ и неквалификуван работник?

ама системот е таков нели.....идиш на факултет да го полниш буџетот,а после работиш како опш работник пошто само за такви има работа стрнаски инвестиции се битно :facepalm:

Самата фабрика е у можност да манипулира како сака и со цените и условите..... некој му ги одврзал раците.

а работниците самоволно потпишуват за 9к незнам шо е проблемот
 
Уште не ми се верува дека имало олку тврдоглаво створење на планетава , па ти @UpaDown ѕид со глата туркаш од инает , толку инает собран , тешко на околината околу тебе искрено незнам како те трпи , секоја чест

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Кој те тера кога имаш факултет да работиш како општ работник? Шо очекуваш, некој од дома да те викне да работиш како неопшт работник? :D
Уште не ми се верува дека имало олку тврдоглаво створење на планетава , па ти @UpaDown ѕид со глата туркаш од инает , толку инает собран , тешко на околината околу тебе искрено незнам како те трпи , секоја чест
Јас имам едно друго прашање.
У Италија пазарот дава поголеми плати од Благоев.
Е сега, него го плаќа пазарот у Италија, а он им дава 30 посто помали плати него ли шо би им дал италијанскиот пазар. И ДрекселМајер ви смета, а Благоев не ви смета?
Мене лично не ми смета тоа шо човекот си вади профит. оти реално, да не е он, тие фаци не би имале ни толкави плати, пошто не знаат јазик, и немаат контакти у Италија. А он ги има.
Ама, он ги експлоатира ако се водиме според вашата логика, пошто ДрекселМајер дава мали плати и го извезува производот на странски пазар, а Благоев го продава трудот на странски пазар, а им дава плати кои се измеѓу македонски и италијански, и он профитира од нив повеќе него шо би профитирал ако им дава италијански плати.
 
Океј, имаш да ги плаќаш, ама се работи за профит. Пошто фирмата твоја работи на пазарпт кој диктира повисоки цени, а со тоа и плаќа истиот тој пазар.
Ама ако им даваш по повеќе, децата нема да можеш да си ги запишеш на ајви лиг.
Се работи за профит. И нема ништо погрешно во тоа. Се додека се нафатат да работат, сите се среќни и весели.

А среќни и весели се и во ДрекселМајер. Обие шо не се среќни се Ленка и неколку политички партии.

Јас имам едно друго прашање.
У Италија пазарот дава поголеми плати од Благоев.
Е сега, него го плаќа пазарот у Италија, а он им дава 30 посто помали плати него ли шо би им дал италијанскиот пазар. И ДрекселМајер ви смета, а Благоев не ви смета?
Мене лично не ми смета тоа шо човекот си вади профит. оти реално, да не е он, тие фаци не би имале ни толкави плати, пошто не знаат јазик, и немаат контакти у Италија. А он ги има.
Ама, он ги експлоатира ако се водиме според вашата логика, пошто ДрекселМајер дава мали плати и го извезува производот на странски пазар, а Благоев го продава трудот на странски пазар, а им дава плати кои се измеѓу македонски и италијански, и он профитира од нив повеќе него шо би профитирал ако им дава италијански плати.

Прво:
Немам да им платам. Се што заработуваат си го заработуваат сами. Мојата работа зависи од моите партнери таму, и од малите проекти што се наоѓаат од време на време.

Второ:
Можеш да ги извртуваш моите зборови колку сакаш. На крајот на денот јас знам колку плата има секој од нив. И знам дека не се открадени. Има на Запад механизми да се контролира колку и како се исплаќаат платите. :)
Да не сакаш да ти закачам копии од записници од трудови инспекции, и нивните наоди?

Трето:
Оваа работа со фирмата не ми е вокација. Тоа е нешто настрана од мојата професија и работа. Дури не сум ни бизнисмен, или економист, а нешто сосем трето. А за ајви лига универзитет, лесно е, малце ќе си поиграме со деривати на ЕнУајЕсИ заедно со брат ми и ете ти лесни пари. Нели знаеш, барем на берза математичките модели се тие што прават пари, заедно со шпекулациите. ;);)

Четврто:
Јас никогаш не би работел во Италија, ниту пак би пратил работници во Италија без разлика колку се поволни условите за работа. И тоа заради една работа. Затоа што Италијаните се истите корумпирани црева како нашите. Друго, јас не ги дерам луѓето што печалат за нив и за мене. Не сум толку лаком.
Можам да направам педерска финта и да не им платам 3 месеци. Тоа се околу 400к, и да си заминам, затворам фирми, отпуштам работници, прогласувам стечај, фирмата е направена со минимален залог, нема никаков имот, итн. И ете ми ги парите за ајви лига универзитет. За 3 месеци.

Прашањето е после, како ќе живеам јас со тие луѓе?
 
Јас слушнав дека во Драксел Мајер има и работни места кои се платени од 25 илјади денари па нагоре. А како што гледаш за овие никој не зборува.

еве кажи ... дали може да се најде таков податок?
 
:pos:

Абе ако јас сум отепал 4 + години за да бидам стручњак за одредена област зошто да бидам општ и неквалификуван работник?

ама системот е таков нели.....идиш на факултет да го полниш буџетот,а после работиш како опш работник пошто само за такви има работа стрнаски инвестиции се битно :facepalm:

Самата фабрика е у можност да манипулира како сака и со цените и условите..... некој му ги одврзал раците.

а работниците самоволно потпишуват за 9к незнам шо е проблемот
Големо чудо ако си завршил факултет пример машински инжињер.Незначи и дека мора прво вравотување да ти биде тоа.
Ќе почнеш од најдоле па со тек на време ако ти фаќа текнувалото ќе се качуваш нагоре по скалите .
Друг проблем е што пазарот непризнавајќи ги трошоците за производот и трудот ги диктира цените.
Во повеќето случаи политиката има вмешно прсти а имаме и синдикати кои место да застапуваат интерсесите на работниците и нивните права
тие седат во скут на тој што е на власт и како некоја џукала чекаат да им се фрли некоја коска или расипано месо

Се додека е ваква состојбата ќе има вакви работи
 
Синдикатите никад не решиле ништо. Оној кој решавал секогаш се е пазарот
У Америка у период од 40 години платите пораснале за 100%. Не постоел минималец како концепт, и не членувале повеќе од 2 посто од работниците у синдикати.
Тоа почеток на 20-ти век. За да дојдат до ситуација кога платите достигнале вредност и по 1.500 долари.

За другото се слагам.
 
Сеа и за Италија си експерт. :pos: Мислев да напишам нешто пошо често одам натаму ама ми текна нема потреба и онака се знаеш. :pos:

Valvoline 2 дел.
 
Valvoline 2 дел.
Не бе друже не си во право,бидејќи тој,валволине и многу малку на форумов а за жал и во реалноста ја имаат проценто состојбата со своја глава и очи
 
Валво е барем итар, прави кеш и има некоја поента. Ова овде е само селско-детски инает.
По Џим Морисон дорси ли си ти, и се умишљаваш некој хипик ко него? :D
 
Дечко, твоето однесување се сведува на две можни опции:
1) економски неписмен си и затоа го мразиш Дрексел
2) ти смета оти го донесе партијата шо ти нема ветено работно место

За глуп сигурно си, тоа не влегува у опциите.
Ставрески ти си :icon_lol:?

Не знаев дека имаме баш онака закоравени републиканци и во Македонија :unsure:. На капитализмот му фали оној човечен фактор. Единствен мотив е профитот, што за мене е невидена бесмислица. А баш спротивно, толку омразениот социјализам се залага за права и само за права. Ти како сопственик на бизнис, на крајот на денот ќе бидеш задоволен ако имаш 500 000 профит или ако имаш 200 000 профит и плус 50 задоволни и добро платени работници? Џабе ти е и диплома и толкаво знаење за економски работи што си го набацал ако го одбереш првото.

П.С. Дали го имаш гледано Мајкл Мур? Што мислиш за филмовите, ама без предрасуди од типот комунист и предавник на ЈуЕсЕј?
П.П.С. Државно или приватно здравство :D?
 
Кога работниците у Дрексел ќе имаат плати по 400+ евра, ќе се свртите и против другите ли македонски фирми кои работат за македонски пазар, даваат по 10.000 плати, и не би можеле да дадат повеќе?
Пак тераш инает или па повеќе пишуваш него шо читаш :icon_lol:. Прочитај наназад и кажи дали зборувам против Дрексле. Дошле, супер тоа, се отвориле работни места, пак сеупер, се заработува плата, пакс супе рнеам ништо против, со среќа нека е.
Мојата поента е:
1. платите нема да се креваат така како што ти и некои други предвидувате.
2. дури и да се отворат повеќе фабрики платите нема да пораснат.
Да не должам многу накратко ќе пробам во три реченици да објаснам зошто.
Оди некогаш до Италија, ама до тие некои градчиња со фабрики. Уште подобро оди до Германија. Ќе ти стани јасно дека они имаат 2000евра плата од други причини. Од причина што едно гратче има повеќе фабрики отколку цела Македонија, и од причина што секоја една цела фабрика е тотално роботизирана и работата ја работат 5 работници, т.е. 5 работници управуваат со машините. Друго е и што имаат долга традиција, стабилност, одлични институции.
Ние и да успееме малку да се поткрениме ќе не удратн шпекуланти со еден шпекулативен напад и ќе ни кажат кај ни е местото (да бидиме ефтина работна снага). Пошо некој треба да биде ефтина работна сила на овој свет. За да може да има богати мора и сиромаси т.е. ефтина работна снага. Држава од 2М жители нема шанси за никаков успех.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom