Дрекслмајер

  • Креатор на темата Креатор на темата cige
  • Време на започнување Време на започнување
Не е само тоа проблемот, еве ако нечини отворањето на нови фабрики, каде работеа претходно жителите од овој крај, нека си кажат кои се од таму...... Целта е да се зајакне приватниот сектор кој го храни буџетот најдобро, но и сакам да го видам денот кога приватниците ќе молат нивните квалитетни работници да не си одат, а не како сега да викаат има кој да те замени. Така да нека има сега бројки, а за 10 години ќе чекаме и квалитет.
 
Инаку незнам што ве чуди минималната плата за работници кои почнуваат со работа и кои се во процес на учење. И во Германија додека се школуваш заработуваш од 350 до 700 евра. Незнам колку ви е јасно на сите овде дека човек што се учи е трошок на фирмата, а со оглед дека овој вид на производство е нов во Македонија не верувам дека има школуван кадар кој ќе одговори на потребите, така да мислам дека на ДМ му треба едно минимум 5 години за да го постигне посакуваниот продуктивитет. Да не зборам какви грешки намерни и ненамерни се случуваат внатре во производствениот и менаџерскиот процес.
Еве јас за ова трубам веќе 3 дена, ама никој не сфаќа.
У Германија се од 350 до 700 евра. У Америка минималецот е 7.25 за саат. Шо се некои 1.500 долари за еден месец, со 5 работни дена, 8 саати. И се работи за работници кои не се мотивирани, кои немаат никакво образование, или пак за студенти кои сакаат да билдаат искуство и стаж. И било каде да работиш, на било кое место на земјата, со никакво образование ќе земаш плата која ќе ти покрива минимални потреби, како стан, сметки и храна, и ништо друго.
Кај и да си, дури и да е некоја толку јака економија, со најмалата плата за која работи најобичниот работник, ќе заработува пари доволни да си покрие тоа шо го реков погоре. Тоа се толку логични работи.
А некој ако очекува да работи за голема плата и со неа да гледа фамилија, а нема никакви квалификации, се заебал. Со секоја наредна квалификација, ти ќе земаш нешто повеќе.
Имам роднина у Германија шо работеше у Мерцедес. Почнал како обичен работник кој одвај за себе покривал трошоци, се доквалификувал пак и пак и пак, и после дојде до тоа да зема некои 5.000 тогашни марки плата, некаде 90та година.
 
Нели била проста и неквалификована работата. Како сега е потребно учење, стажирање и слично за нешто така просто.
каков е процесот, што се произведува и на кој начин?

Процесот не е комплициран но потребно е време да се постигне планираната нормата. Исто така потребно е и време да се сменат некој навики, како точност, дисциплина и прецизност. Секоја работа па и најпростата со себе носи одредено време на привикнување. Во ДМ има огромен проблем токму со горенаведените навики а на тоа може да се додаде и намерните грешки на работниците преку кои го искажуват својт револт исто така огромни проблеми има и со каснењето а и со ненајавените отсуства од работа. Па оди да те видам биди менаџер во таква фирма. Затоа во Германија на пример скоро за секоја работа освен некој како на пример гипс картон потребна е одредена квалификација и образување.
 
Јас имам работено пониско платени работи отколку Дрекселмајер.
Исто, и многу повисоко платени работи. Моментално сум комбинација со мал приватен бизнис + нормална работа, па работам повеќе отколку што имам време.

Многу е лесно да се прави есапот на други луѓе. Тешко е да си од тие со 200 евра месечни примања + фамилија.

А за моите деца, ако ги имам еден ден, ако се оди според план, за 5 години ќе можам да си дозволам да ги пратам на ајви лига универзитет во САД.
Нели се прашуваш оти сега си дошол до ситуација да за 5 години можеш да си ги пратиш децата на ајви лига универзитет?
Оти си работел и помалку платени, и повеќе платени работи него у Дрексел. Оти си билдал стаж и искуство и квалификации.
Многу е едноставно.

А некој ко Лурц, у горенаведениот пример, шо од 80та никад не се доквалификувал ниту еднаш, и работел за надница и на тоа гледа како на понижување, зборува за тоа како он требало да гледа деца.
Доквалификувај се бе, Лурц, шо да ти кажам.
 
Дали е систем на наградување, или систем на казнување?

Ако е второто, а сум 95% сигурен дека е така, тогаш очекувај уште повеќе проблеми. Водењето тим, група, е уметност. Ама ретко кој менаџер во Македонија гледа на тоа така. :-)[DOUBLEPOST=1401803865][/DOUBLEPOST]
Нели се прашуваш оти сега си дошол до ситуација да за 5 години можеш да си ги пратиш децата на ајви лига универзитет?
Оти си работел и помалку платени, и повеќе платени работи него у Дрексел. Оти си билдал стаж и искуство и квалификации.
Многу е едноставно.
....

Не се прашувам. Јас знам (горе долу де.... има и голема доза на среќа) што сакам и како сакам. Поентата во целиот муабет не ми е дека не си во право. Поентата ми е, дека може и подобро од страна на вработените, и од страна на фирмата.

Затоа што ДМ има доволно кеш да стане многу поатрактивна понуда, и подобар вработувач, а во исто време вработените да не се чувствуваат како легални робови.
Менаџерскиот тим тука има голем удел. Ама нејсе, менаџерите не отскокнуваат од останатите по менталитет и креативност.

Ништо повеќе. :-)
 
Процесот не е комплициран но потребно е време да се постигне планираната нормата. Исто така потребно е и време да се сменат некој навики, како точност, дисциплина и прецизност. Секоја работа па и најпростата со себе носи одредено време на привикнување. Во ДМ има огромен проблем токму со горенаведените навики а на тоа може да се додаде и намерните грешки на работниците преку кои го искажуват својт револт исто така огромни проблеми има и со каснењето а и со ненајавените отсуства од работа. .
За ова не е потребна обука и мала плата. За 2 дена се учи рутината на лента, за брзина постои нешто како норма. Во врска со доцнење исто не е поврзано со ова. Пред се, добар дел луѓето ги носат со организиран превоз. Значи постојат норми, постои редовност и казни за редовност и слично.
Дел од нас сме работели и во фабрика, процесите и начинот на работа се воглавно исти, принципот е тој.
 
Последно уредено:
Многу е лесно да се прави есапот на други луѓе.
Баш така. Затоа секој со својот есап, па ако ДМ не може да најде некој на кој есапот му вика дека му се исплати да работи за 8000, 9000, 200 евра или како и да е, ќе зголеми плати или ќе си замине од овде. Се друго е душегрижништво.
 
Еве јас за ова трубам веќе 3 дена, ама никој не сфаќа.
У Германија се од 350 до 700 евра.

Да не дојде до неразбирање овие 350 до 700 евра се однесуваат на учениците кои покрај работата исто така се образуваат и имат 3 дена во две недели школо. Но муабетот ми беше додека се учат тие се трошок за фирмата но исто така извршуват одредена крисна работа работа. Исто така добро е да се каже дека фирмите во кои се школуваат ученици добиват субвенции од државата. Јас имав едно кратко искуство во фирма од 250 вработени а имаа и 50 ученици. Ми беше чудно како им се исплаќа затоа што учениците најчесто работеа поситни работи кој никако не беа продуктивни, тогаш дознав дека зад ваквите фирми стои државата. Мислам дека и помошта која кај нас ја дава државата во првите години од отварањето на фирмите токму најмногу се однесува на процесот на обука на вработените.
Ќе завршам со заклучокот дека работите со инвестициите се доста комлицирани и сеопфатни , така да за да ги коментираме мора малку потемелно да се разгледат сите аспекти.
За жал могу ретко има луѓе кои се спремни на здрава дискусија повеќето кога немат одговор, во немоќ да се спортиставт со факти едноставно ќе залепат етикета и се осеќаат како победници.[DOUBLEPOST=1401804537][/DOUBLEPOST]
Чекај, за ова е потребна обука и мала плата? За 2 дена се учи рутина на лента, за брзина постои нешто како норма. Веројатно немате работено на лента. Никаква обука не е потребна, потребна е издржливост и повеќе инает. Во врска со доцнење несериозно е да се споменува во овој контекст. Пред се, добар дел луѓето ги носат со организиран превоз. Постојат норми, постои редовност и казни за редовност и слично.
.
Знаеш ли што значи на лента ако неколку работника се вратат 10 минути покасно од пауза???
Знаеш ли на лента што значи ако два три автобуса работници ненајавено не дојдат на работа.???
Мислам дека не знаете и затоа се подценива работата на лента која е исклучиво тимска работа, работа на ланец во кој сите карики мора 100 % да ја извршуваат работата. Најважните каректеристики кај луѓето на лента е точноста, брзината и дисциплината. Зошто еден ако направи грешка или е бавен тогаш тоа ги влече сите во процесот.
 
Последно уредено:
Знаеш ли што значи на лента ако неколку работника се вратат 10 минути покасно од пауза???
Знаеш ли на лента што значи ако два три автобуса работници ненајавено не дојдат на работа.???
.
10 минути покасно од пауза е многу. . И лента и виљушкар и фабрики сум искусил...шема е тоа.
Обука (ако сметате неколку денови дека се обука) не е потребна за операции за кои самите потенциравте претходно дека се исклучително прости и механички па заради тоа не би ги плаќале ништо повеќе.
 
Последно уредено:
Не се прашувам. Јас знам (горе долу де.... има и голема доза на среќа) што сакам и како сакам. Поентата во целиот муабет не ми е дека не си во право. Поентата ми е, дека може и подобро од страна на вработените, и од страна на фирмата.

Затоа што ДМ има доволно кеш да стане многу поатрактивна понуда, и подобар вработувач, а во исто време вработените да не се чувствуваат како легални робови.
Менаџерскиот тим тука има голем удел. Ама нејсе, менаџерите не отскокнуваат од останатите по менталитет и креативност.

Ништо повеќе. :)
Ако у ДрекселМаер има некаков проблем, тоа дефинитивно не е до платите.
Да, работниците почнуваат со некои 200 евра. Ако се навистина добри, и ако се специјализираат по логика на нештата, треба да земаат многу повеќе. Ако не земаат, проблемот е дефинитивно у македонскиот менаџерски тим.
А тоа они шо го бараат у моментов, пошто реално е нова фирма е да земаат плати од по 400-500 евра. Тоа за обични работници го нема никаде. Она, обичен работник со пола година стаж да може да си дозволи толку многу работи да поседува/купува. Сеедно.
Да не дојде до неразбирање овие 350 до 700 евра се однесуваат на учениците кои покрај работата исто така се образуваат и имат 3 дена во две недели школо. Но муабетот ми беше додека се учат тие се трошок за фирмата но исто така извршуват одредена крисна работа работа. Исто така добро е да се каже дека фирмите во кои се школуваат ученици добиват субвенции од државата. Јас имав едно кратко искуство во фирма од 250 вработени а имаа и 50 ученици. Ми беше чудно како им се исплаќа затоа што учениците најчесто работеа поситни работи кој никако не беа продуктивни, тогаш дознав дека зад ваквите фирми стои државата. Мислам дека и помошта која кај нас ја дава државата во првите години од отварањето на фирмите токму најмногу се однесува на процесот на обука на вработените.
Ќе завршам со заклучокот дека работите со инвестициите се доста комлицирани и сеопфатни , така да за да ги коментираме мора малку потемелно да се разгледат сите аспекти.
За жал могу ретко има луѓе кои се спремни на здрава дискусија повеќето кога немат одговор, во немоќ да се спортиставт со факти едноставно ќе залепат етикета и се осеќаат како победници
Деца земаат по 350 до 700 евра, и се деца шо живеат со семејства, и таквите пари се скоро џепарлак.
Ама кога се вработуваат, на почетокот сигурно не земаат плата со која имаат моќ да си дозволат повеќе од стан, кирија и храна.
Како шо одминува времето, станува подобар работник и зема повеќе плата, и знам дека стигаат до некои 3.000 евра у Германија. Шо е многу солидно. Ама тоа се работници со доволно стаж, специјализирани, со квалификации еден куп.

@Lurtz, имаш поздрав од Швицарска. Таму нема минималец. И имаат 3 посто невработеност. Прашај се зошто.[DOUBLEPOST=1401806743][/DOUBLEPOST]Да се допишам. Јас сакам да имам минимална плата. Ама нека има пример и минимална загарантирана цена на производите. Ви одговара тоа? Не? Оти мене ни едната ни другата минимална не ми одговараат.
Ако може пазарот да ја регулира цената на производите, може да ја регулира и на платите. Да бидат и по 4.000 франкови у Швицарска, и да се качиле за неверојатни 50 посто плус додатни 40 посто у Америка пред да постои закон за минималец.

Еве сега гледам додатно кои други држави немаат минималец, а се високо развиени.

Данска, Австрија, Кипар, Финска, Германија (за неколку категории професии постои договорен минимум), Италија, Норвешка, Катар, Лихтенштајн, Сингапур, верувале или не Шведска, Обединети Арабски Емирати.

Најбогатите држави у светот немаат минималец, па се регулираат платите.

И многу е јасно и логично зошто е тоа така.

Ако ние сега немавме минималец и никакви регулативи за да се отпочне бизнис, и ако немавме ДДВ и бевме поприлично слободни за увоз и извоз, ќе ни се десеше ова:

- ќе се отвореа многу домашни бизниси.
- ќе се отвореа странски бизниси на територијата на Македонија.
- ќе имавме увозна ефтина храна.
- ќе се вработеа еден куп луѓе, пошто ќе имаше бизниси.
- еден куп луѓе без никакво образование ќе се вработеа за ниска плата, и немаше да бидат просјаци и да живеат на грбот на некој друг.
- пошто ќе беа скоро сите вработени (еве нека има 5 посто невработеност, тоа се некои 70.000 души невработени, ќе биде многу тешко за бизнисите да најдат луѓе кои ќе ги вработат, пошто никој не би се нафатил да работи за пониска плата кога некој друг ќе му дава повисока, пошто конкуренцијата на фирми кои нудат вработување ќе биде повисока. Поголема конкуренција за побарувачка, повисоки плати. Платите ќе растат постојано.
- ќе порасне цената на становите.
- ќе порасне цената на домашните производи.
- ќе падне цената на странските производи кои нели ги увезуваме.

Платите ќе дојдат барем докај некоја бројка од 1.500 евра просек. Таа ќе биде платата за обичните работници. Со таа плата ќе можат да си дозволат основни работи. Ако заштедуваат секој месец по 10 посто тоа ќе бидат 150 евра.
Ако сега заштедуваат по 10 посто од платата, тоа ќе бидат по 20 евра.
У глобала тоа е тоа шо би се дешавало, и никако поинаку.
 
Последно уредено:

Брат гледам или некој твој имаш или пак ти си тука некој и нешто па затоа го браниш па и Били Звер
го дрнкаш знаеш ли која позиција тој ја има? Сигурно знаеш па таква позиција не се дава на некој што незнае 2 збора англиски да склопе сите го увидовме тоа на евровизијата кога појма немаше таква позиција тука во фабрикава се дава само преку врски а не преку тоа кој колку се докажал.
Инаку ќе ти биде ли мило твојот тим лидер да седе на кутиите а ти да работиш и кога има пауза ти да седниш малце во фабриката на картон или па на нешто друго и да ти дојдат да ти солат памет како германците не давале да се седе внатре во фабриката . Те прават глуп во здрав мозок инаку што е до процесот на линијата па и на другите места се уче најмногу за 3 дена толку ми требаше еве на мене ама пошто не се замарав многу да сум се замарал и одма ги учев некои позиции за 1 ден но зошто да се покажувам кога знам поголемите од обичниот оператор ќе го стават некој нивен а тебе и да те стават ќе те работат како вол на нива. И да имаше некогаш кога колега ќе го стават на место каде што му е првпат и одма ќе работе а ја немаше чепнато таа позиција а Џокерите кој треба да се искусни бегаат од бутилот како ѓаволот од крст. Џокери се ставаат а немаат појма од позициите каде што се ставени џокери да бидат дури и се жалеше еден од џокерите каде што бев јас дека премногу му била и таа гранка додека бил оператор што ја лепел а кога ќе биде џокер дали ти знаеш дека ќе треба сегден да го има и на сите да помага па дури и позиција да држе ако има некој што е отсутен ама кој да го расправа ова само тиа што работат или имаат работено во оваа фабрика може да ви ја каже целата вистина. А да ќе заборавев дека сега саботата намерно веќе нема да е работна а од друга страна ги прават нормите повисоки за да се напред со производството дури по цела една недела од дента кога се изработуваат тиа производи. И сега кога ќе земаат претходниот и виа месец по 10 илјади денари ќе видиме кој ќе остане во фабрикава дали работачите или неработачите. Ете ти од мене за ДММ во Кавадарци.
 
Значи не е до платите проблемот.
Проблемот е до македонскиот менаџмент у фабриката. Шо е сосем друг муабет.
 
Инаку ќе ти биде ли мило твојот тим лидер да седе на кутиите а ти да работиш и кога има пауза ти да седниш малце .во фабриката на картон или па на нешто друго и да ти дојдат да ти солат памет како германците не давале да се седе внатре во фабриката . Те прават глуп во здрав мозок инаку што е до процесот на линијата па и на другите места се уче најмногу за 3 дена толку ми требаше еве на мене ама пошто не се замарав многу да сум се замарал и одма ги учев некои позиции за 1 ден но зошто да се покажувам кога знам поголемите од обичниот оператор ќе го стават некој нивен а тебе и да те стават ќе те работат како вол на нива.

1.linija ---Pravila si se pravila. Mora da se pocituvaat bez razlika dali ti mislish deka toa e ok ili ne.
2 linija ---Da naucis rabota za 3 dena e super.
3.linija: I samiot kazuvas kolkava ti e zelbata za rabota ,usovrshuvanje,unapreduvanje itn koe pridonesuva pogolemi primanja.

Ne ti e kriv nikoj ni drzavata ni Germanecot za tvojot status i plata. Moras od sebe da pocnes. Socijalizmot umre odamna.
 
Значи не е до платите проблемот.
Проблемот е до македонскиот менаџмент у фабриката. Шо е сосем друг муабет.
Значи до менаџментот е целава работа и со плативе и со се они им кажуваат на германците вака и онака дека македонецот 500 години под робство бил па сега ќе рмба и за 8 илјади денари на некои можно ли е минатиот месец за исти работни денови и велигден па на некои и помалце работни денови и велигден да им се даваат 15 илјади а на други повеќе што имаат по 13 илјади едвај можно ли е една дневница плус една ден што имаше еден колега од друг колега да е разлика од 200 денари па јас зошто викам оди проси во Скопје или да шеташ по цела ден повеќе ќе најдеш од тиа 200 денари место да сакаш да си го заработиш со пот твојот леб кој што тебе во 8 саати работни ти ги вадат од тебе 2 3 леба за тиа 200 денари дневница :)[DOUBLEPOST=1401809812][/DOUBLEPOST]
1.linija ---Pravila si se pravila. Mora da se pocituvaat bez razlika dali ti mislish deka toa e ok ili ne.
2 linija ---Da naucis rabota za 3 dena e super.
3.linija: I samiot kazuvas kolkava ti e zelbata za rabota ,usovrshuvanje,unapreduvanje itn koe pridonesuva pogolemi primanja.

Ne ti e kriv nikoj ni drzavata ni Germanecot za tvojot status i plata. Moras od sebe da pocnes. Socijalizmot umre odamna.
Брат немам ни една ден од социјализмот фатено млад сум јас за да сум го живеел тоа што го живееле некој во поранешна Југославија јас немав желба затоа што на еден мој комшија кој што е 1 година и нагоре кога се пријавил за да стане тим лидер они му кажале ова тука нема врска испитувањето и тиа работи само врска може да те направе тим лидер. И што ако станаа некои џокери кога еве и ги избркаа ни потпишани договори ни ништо па и на повеќето тим лидери и формени е исто . Но сепак тиа изиграваат шерифи . Имам јас желба и тоа голема за успех и напредување но не негден по цена на здравје и за 8 илјади денари плата да те лажат по 7 8 месеци дека ќе те стават џокер а нивните сите си ги ставаат и повеќе. Како мојот тим лидер што беше на линијата што после тепачка за нецели 2 недели го ставија од обичен оператор во тим лидер ама тоа праве таа роднинска врска со менаџерот да си некој и нешто на крајот ќе го стават и формен како што се зборува на некоа нова линија. Не сум против ништо од негден треба да се почне но треба да го изгубиме ние она еј видете ме мене јас сум ова и ова и не ми можите ништо вие ќе црнчите јас ќе сум ви газда а нема допирна точка тиа што е доле и тиа што се горе по човечки ресурси сам сум го осетил ова на своја кожа.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom