Tемјан
the Kingslayer
Ангеле, чедо. Јас и да дремам на форум, тоа го правам во слободното време, се друго спијам и ми паѓа грбот од работа, за која сум аплицирал сам, сум поминал интервју и работам без никакви привилегии, тоест сум работник. Секој денар од платата ми е заработен со пот, нема да си ја изгубам работата и 200 партии да се сменат на власт.Ќе те примат на добра позиција на државно за ваков говор.
Има некои работи што не ги знаеш, на пример за лозјата во Кавадарци, а тоа е во комунизамот приходот од нив што се добивал, важел како 1-2 плати плус во фамилијата и тоа за мали насади од 5-10 декари, а да не правиме муабет дека во просек луѓето имале 20-30 декари, а некои и 50-100 декари ниви. Е сега ќе кажеш физичка и напорна работа е, да но бројот на работни часови е многу помал во однос на работа во било која фирма. Друго што не знаеш е тогаш имало голем пазар за грозје низ цела Југославија и за тоа имало и поголеми плантажи.
Каде сме денес ?
Зошто никој од владата т.е амбасадорите не направат договори со одредени земји ( било која што е заинтересирана) за пласман на грозје и други земјоделски производи ?
Зошто има субвенции, кога увозот на земјоделски производи пак расти?
Зошто половина од Тиквешијата се или Скопје или Америка?
И многу други зошто на кои одговорот е едноставен, работи за ефтини пари за кога ќе дојде гласањето да можат да те купат со неколку слатки, но празни зборови што ќе им овозможи повторно да се на власт?
А таквите како тебе нека дремат на форум, бранејќи ги ставовите за некое бедно место во администрацијата, што ионака ќе го изгубиш за неколку години кога ќе дојде сметката да се плати за нерационалното трошење на пари
Не сум затворен во умот како тебе и на се да лепатм политичка конотација. Такви ситни души што вреѓаат и лепат етиките ве има многу. Зошто не разберете ако некој има позитивен став кон нешто не значи дека брани некој за позиција. Зарем мислиш дека јас коментирам на темава да бранам некој? Се лажеш. И тоа на големо се лажеш. Ако бранам јас место за позиција моментално би бил на митинг во СК, а не да дремам тука, чекајки да ми дојде времето да одам трета смена на работа, сабајле до 8-9, додека ти ке си дојдеш пијан и ке спиеш до недела до 2 (фигуративно зборувам).
Сакам да кажам дека за разлика од многу приватни фирми што ги има во МК. Дрексел е на прво место по условите за работа. Платите ДА, мали се, но со сите покриени трошоци за храна, пат, осигурување, некако може да се дојде до некоја средина. Никој не рече дека е цвеќе за мирисање, напротив, за 200 евра е мизерно. Но во моментов кај нас подобро е тешко да се најде.
Џабе ви се споредбите дека некој за истата работа во австрија или во германија зима поголема плата. Ова е Македонија, а не Германија. Во германија како прво не ставаат на се политичка заднина, а кај нас очите ке си ги извадиме кој за кој бил.
Според мене, за работата што се работи во ДММ, треба просечен оператор да зима максимум 8-9к и јадење од дома да си носи, плус сопствен превоз, зборувајки како се движат работите по другите компании. А на кој нема да му чини, нека си се врати пак ке речам на лозјето и на галабите.
Над 20-30к треба да зимаме, кога ке имаме култура за работење, кога ке се научиме да почитуваме хиерархија и кога ке бидеме професионалци во тоа што го работиме.[DOUBLEPOST=1396716528][/DOUBLEPOST]Ај и еден мал виц за вработените во Дрексел.

"- Ти сине, да не се дрогираш?
- Со 150 евра плата ти да се дрогираш.... "
Последно уредено: