Држава без данок не може да функционира и никад не функционирала, погледај од Римско па наваму давачки кон државата секогаш постоеле. Е сега привилигирана позиција што ја имаат компанииве во однос на домашните ми боде очи али не можам сам да сменам ништо
Е како функционираат еден куп држави без ДДВ, и се високо развиени?
Дур да чекаат луѓето да се стабилизира пазарот на трудот пропаде генерација... Затоа викам, кој у државава не заработуе минимум 500 евровизиски одма нек си ги спакуе куферите и нека фаќа усвета. Колку порано толку подобро
Инжењерите у Алкалоид земаат по 40.000, а менаџери на големи маркети и по 70.000+.
Со низок степен на образование никаде не е сјајно. Познавам доволно Македонци во Германија и знам како живеат и преживуваат неможам да им се изначудам што прават овде. Значи според мене фамилии од внатрешноста кои имат сопствена куќа или стан во кој влегуваат 500 евра можат да живеат многу поквалитетно отколку да се мачат низ Германији, Италији и други западни држави.
500 евра со двајца вработени во Драксел Мајер се реална цифра и точно тоа и се случува на братучедка ми која е таму само неколку месеци и има потенцијал да и се зголеми платата и заедно со маж и да ја надминат цифрата од 30 илјади динари.
Е оди објасни им го тоа.
Ако имаш минимални познавања, секаде ќе земаш минималец. Јасно ко солза е.
И тој минималец е за минимални потреби да се покријат.
Нашиве се викаат печалбари. Затоа живеат у прилично штедачки mode за да им остане нешто.
И не, нелој шо тука ви изгледал ко шупак, а таму научил забает и работи, и тука да го имал занаетот ќе земал по 30.000 плата.
Плочкарите земаст по 4 евра од квадрат.
Најчесто работат како дуо. Шо се 250 квадрати да ги залепат за еден месец. Тоа се 1.000 чисти евра, по 500 на човек.
Ајде врати се во средно, па на факултетот твој приватен, па после дојди да разговараме за тоа дека платите се надокнада за користење на ресурсите на државата.
На економски ли те учеа тоа?
Таа земја на државата ли е за да она зеде било какви пари?
Ако јас имам 5 хектари земја, и се нафатам да му ги продадам некому, која е државата да ми забрани?
Ако на таа земја некој направи фабрика и сака да вработи 500 души, и се пријават 500 души, која е државата да ни се попречи на патот да работиме за некој? Или пак Ленка.
И на шо ќе ги троши државата тие пари? На кејнизиски проекти ко патишта, кои се граделе долго пред државата да ја превзеде улогата?