Драган Павловиќ - Латас

Ај посочи што е тоа што му е на место ?

ВАЦ, среде економска криза во Европа, реши да доинвестира 40 милиони евра во своите весници (Дали и телевизија во Македонија?!) низ регионов. Нема економска логика во ова. Тиражите на весниците стагнираат или паѓаат, а реклами има се помалку. Профитот е се помал. Нема причина за инвестирање. Само Утрински, еден од весниците на ВАЦ, има кумулирана загуба од над 3 милиони евра! Значи, нема никаква логика да излегува, а камоли да се инвестира во него дополнително.
Зошто тогаш ВАЦ доинвестира во весниците?!
За да го зајакне јавното и политичко влијание на германскиот медиумски гигант. Ова влијание, потоа, како расположлива моќ ќе се продава на заинтересирани страни: од Грци заинтересирани за името, до ММФ заинтересиран да ни утрапи колонијален кредит, до лобистите за Голема Албанија заинтересирани за својата кауза... ВАЦ им стои на располагање. Парите кои се инвестирани, природно, мора да се вратат. А пазарот не ги враќа со комерцијално работење. Муштерија не им е читателот, туку нарачателот.

ВАЦ и Сорос свесно форсираат ваков контролиран хаос, зависно општество без сопствена, генеричка морална и етичка структура. Контаминирано од провокациите на ВАЦ - трговците, кои работат за ним познат муштерија. А муштеријата очекува да му се испорача политика од негов интерес.

одприлика ова ...
 
За почеток некој нека му каже дека не се носи мајца со кратки ракави под кошула...
 
Латас - изгубена будала со микрофон кој менува мислење како ќе стигне.
 
одприлика ова ...

Латас најде да соли памет за тоа што тој самиот го прави, изгледа колумната му претставува дневник само што наместо СОРОС и ВАЦ треба да се споемува ЛАЈНАС. Па тој самиот го прави тоа самиот е комерцијалистичка бладачка будала која кога е Вмро на власт се најдобро за Вмро, кога беше Сдсм се најдобро за Сдсм е брате така не оди, тоа веќе не е новинар туку газолижач за пари, да се посерам во таквите новинари и во овој ранг би ги ставил исто и Слободан Томиќ, Мирка Велиновска и донекаде Миленко... сите се партиски потплатени пиуни. :helou:
 
Гледајте го видеото самото си кажува се.....:salut:
 
Генетска грешка е човечето..
 
Јас човеков не го познавам многу ама алал да му е за тоа што го напишал. И за правата на хомосексуалците и за тактиката „октопод“ настани и случки од нашата политичка сцена кои малку похумористично ги опишал!
Се на се јас како читател не се пронајдов никаде во текстов, ниту како оштетен ниту како победник. Само прочитав работи кој некој ги навестува или обелоденува, а и добро се насмеав, што е секогаш добредојдено кај мене а и кај секој здрав човек!
 
Порази


Оние што загубиле војни, ја напуштаат политиката. Исчезнуваат од неа. Ако останат, нивната губитничка судбина на себе ја презема нивниот народ


Големите имиња во политиката и историјата се создавале во тешки времиња: војни, реформи, револуции, кризи... кој ја загубил војната, или оној што не нашол решенија, и кризата го однела низ сопствениот ветер... тој нема што понатаму да бара на јавната, политичка сцена. Уште помалку да очекува за себе добро место во историјата.

Такви се правилата. Отсекогаш. Секаде.

Дури ни големиот Наполеон не бил исклучок.

Имало случаи, потоа, кога губитниците се обидувале на сила да ги изменат фактите и исходот. По правило, крајот им бил уште полош. Последен нам близок, познат во таа низа, беше Слободан Милошевиќ. Воено доби половина Босна, но ја загуби војната во Хрватска. Кога, на крај, доживеа пораз и на Косово, требаше да му биде јасно дека е готово. Не му беше. Му разјаснија подетално. Подоцна.

И за оние кои го почитуваат, и за другите, непобитно е дека тој кариерата ја заврши со косовскиот пораз. Потоа, се беше само логична последица.

Шефот на Грузија, Михаил Сакашвили, оној нервозен тип со кого лани летото почнуваа вестите на СиЕнЕн... стипендист на американскиот Конгрес, миленик на Западот кој беше, нели, божем жртва на руска воена агресија... на 23 ноември 2003 година, точно во 19 и 51 минута... стипендистот влезе на сила во грузискиот Парламент, и го собори претходникот, легендарниот Шеварнадзе. Сакашвили, стипендистот, му беше министер за правда на Шеварнадзе. Демонстрациите и упадот ги направи со помош на елитата од белградскиот Отпор... добро платена булумента за насилни демонстрации, пропаганда и преврати, која успешно ја користеа Ѓинѓиќ во Србија, Јушченко во Украина, Сакашвили во Грузија...

Сакашвили беше глобална ѕвезда на денот.

Опозиционерката Салва Нателашвили вели дека тој не е вистински шеф на Грузија, туку советникот во американската влада за источна Европа, Брус Џексон. Ова ми звучи познато. Главен опонент на Сакашвили му е телевизискиот новинар Георги Гекакиладзе. Сакашвили лани ја затвори опозиционата телевизија Имеди, но потоа се активираше друга опозициона телевизија, Маестро... со безмалку истите луѓе... Поразениот нема веќе решение... Власт која е донесена со налог од странство, нема иднина. Нема поддршка.

Ѓинѓиќ, Јушченко, Сакашвили... беа победници. Славени и обожавани. Но, лажни. Власт со сила стекната, на сила и се губи. Власта ја губи и Сакашвили.

Сакашвили, со педигре на западен миленик, ѕвезда од глобални размери... лани ја загуби војната за Абхазија и Јужна Осетија. Стана национален губитник. Тој што ќе загуби војна, нема поправен испит во политиката. Ако и се случи таков превид, наместо поразениот лидер, губитник станува народот.

Ние имавме војна во 2001 година.

Од онаа страна на барикадите беше Али Ахмети. Ја доби војната. Вака, или онака... со овие, или оние тој беше победникот кој побара, и доби промена на Уставот како воен плен. Славата на победник му даде голем политички кредит.

Војната ја загубија Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски. Шефови на партиите кои, да не заборавиме, заедно и коалиционо, сложно ја имаа Владата во таа воена 2001. Воените министри, Љубе Бошкоски и Владо Бучковски, потоа се најдоа пред Судот со обвиненија за корупција за време на војната.

Воено поразениот Љубчо Гергиевски исчезна од политиката. Презрен и понижен. Како што е ред за воен губитник и профитер. На неговиот воен ортак Бранко Црвенковски, накусо, му успеа да заборавиме дека заедно со Љубчо ја водеа Владата што ја загуби војната со Али Ахмети. Накусо, на народот му продаде приказна дека тој со воениот пораз нема ништо заедничко. А има.

Со Љубчо беа во коалиција. Полицијата ја предводеше министер на Љубчо, а војската министер на Бранко. Плус неговата Илинка. Тие беа поразени. Заедно.

Бранко со Љубчо ја загуби војната против Али Ахмети, во 2001 година. Бранко сам ја загуби и транзиционата војна, со приватизацијата. И се уште е тука. Се уште смета на успех заради нашиот плиток ум, и својот длабок џеб.

Ќе му успее ли повторно?!

Тој е единствен и воен, и транзициски губитник во Источна Европа кој е сеуште на големата политичка сцена.

Како беше правилото? Уште од Рим до денес. Ако народот не го отфрли воениот губитник... ќе ја преземе неговата губитничка судбина врз себе.

А тоа е лоша судбина.


Пишува: Драган П. ЛАТАС

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=2ED1367D78923843A32D004227429E18
 
Овој Колумна пишува или Фељтон ? Секоја недела се истото :vozbud::pos2:
 
Овој Колумна пишува или Фељтон ? Секоја недела се истото :vozbud::pos2:

Абе ај тој кутриот не е салам попуштил веќе со нервите, ама овие како над тебе што ги постираат неговите секојдевни глупости и згора на тоа се восхитуваат на него и глупостите што ги пишува нив што им фали уште немам сфатено....абе господ да не чува во иднина од вакви лудаци како бладачот лајнас.:tapp:
 
прво темава е за Латас ...
второ колку му се восхитувам тоа е моја работа ... само сметам дека во сите колумни некогаш повеќе некогаш помалце има вистина која сакам да ја прочитам ...
и кога некој сака да резонира правилно секогаш ги гледа двете трите па и колку да се страни ...
ако гледаш и слушаш само една страна во никој случај неможеш да пресудиш реално :toe:
 
прво темава е за Латас ...
второ колку му се восхитувам тоа е моја работа ... само сметам дека во сите колумни некогаш повеќе некогаш помалце има вистина која сакам да ја прочитам ...
и кога некој сака да резонира правилно секогаш ги гледа двете трите па и колку да се страни ...
ако гледаш и слушаш само една страна во никој случај неможеш да пресудиш реално :toe:

Која страна,
Како прво не би се осмелил да читам колумни на човек кој моите колеги студенти ги нарекува болесници, офци, и не ми ни текнува уште какви не погрдни зборови....
Како второ не би се осмелил да читам колумни ма какви сака нека се од човек кој до пред некој ден плукаше по Вмро а сега ги величи и обратно со Сдсм.

Човек кој алудира е ете баш ваков систем на водење на програма

Сител телевизија
18:00 Величење на Сител како бил најдобар медиум во Македонија
18:30 Реклами
19:00 Плукање по Сдсм на каков ќе му стигне начин
19:30 Интервју за фалење на проектите на владата
20:00 Ексклузивни вести за Караџиќ за Србија за бомбардирањето тинтири минтири

И од ваков човек очекуваш да напише паметна колумна па и вистинита. Вистинита колумна за мене претставува спротиставени две страни и согледување на фактите на двете страни а не плукање по еден и величење на друг. Тоа не можи да го пишува салам новинар. Толку од мене и сметам дека нема што повеќе да коментирам за една ваква деградирачка личност. Поздрав и прости ако те навредив :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom