Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Честитки до КембаДуплове, со среќа у германија :Д

Патем драга, синоќа сонував сон оти ми пишале 1 англиски, денес цела ден не мрднав ниту прозборев на часот, се плашев и секои 3 минути гледав во саат :D
 
Драга

само у македонија луѓето се радуваат ако добијат работа у мекдоналдс. У америка е жив срам тоа.
Не го исмејувам форумџијата, ја исмејувам државата. Со среќа нека му е.
 
^обично не го правам ова Но

Како може да е у Америка жив срам тоа КОГА ''Секој осми Американец работи или некогаш работел во Мекдоналдс''
Тоа се зависи од личност на што ќе се нафати да работи колкави му се целите приоретите и со оглед на годините ова му е само еден почетен левел има време за напредок и те како ....
Подобро у мекдоналс него да се биде невработен чекајќи пари од неговите на крај крајева мора и таму некој да работи

Инаку во врска со случувањата изминативе денови за подфрлувањето и нефункционалното владење гледам многу реакци но не гледам акција
 
Последно уредено:
Драга, кога ти е најтешко во животот, не се секирај, Латас има деца, замисли како им е нив. Јас на татко ми еднаш му се налутив и не му зборував 2 недели затоа што се напил во кафана и една другарка го видела. Ќе умрев од срамови.
Замисли драга какво е чувството татко ти да биде омразен од целата нација.
Така, да им се гади на луѓето кога ќе го видат.
Да се бламира пред сите.
Да го сматраат за испрдок...
 
Оние кои постојано се жалат на тв понудите од Тхоме, БумТВ, ТоталТВ итн... изгледа никогаш не почуствувале како е да си корисник на Близу :toe:
 
Прееска в кладилница пред мене уплаќаше еден, типичен стереотип на охридска брачка, од оние со синџири околу врат и маица на куси под јакната, и добивката му дојде 666, па наместо да дојдам јас на ред чекав да го стонира ливчето типот затоа што од неговото суеверие, а и пренесено преку неговите зборови "аљ ќе го стонираш ова и да го уплатиш за пет денари плус, да не ми идат ова ѓаолсково" ми дојде едно смеење кое траеше толку кратко затоа што во Спортлајф, од нигде никаде почна да оди Дуду од Таркан (или беше Таркан од Дуду, сеедно). Толку долго време ја одбегнував песнава, и да не беше брачката пред мене со неговиот ѓавол, ќе уплатев навреме и ќе си го одбегнев својот ѓавол. Сега цел ден не ми излегува од глава, дури и на јутуб ја пуштив.
Не знам дали сум суеверен.
 
Постои некоја сигурна корелација помеѓу тоа да се биде абнормално параноичен и да се биде анархист и/или теоретичар на заговор.
Не знам само дали првото ги прави луѓето посклони кон тоа да прифаќаат такви идеологии кои се во синергија со нивните психолошки пориви или самите верувања низ животот ги прават попараноични. Функционира и во двете насоки претпоставувам иако верувам дека првиот причина/ефект модел е поверојатен.

Онака ти доаѓаат крадци и силувачи дома, ја силуваат жена ти пред тебе и те тепаат, а ти си убеден дека ова е масло на големите корпорации и картелите и дека уствари Америте сакаат да те убедат дека криминалот во твојата земја е голем за да имаат контрола над народот и капиталот.
Ова што се случува во моментот, тоа е све излажирано од илуминатите и никогаш не можеш да знаеш дали стварно жена ти ја силуваат пред тебе или е пропаганда и монтажа, а жена ти глумица платена од големите корпорации.
Апни си Оланзапин и легни да спиеш, све ќе помине.
 
Дур сме кај теорииве кајгано. Вчера прам муабет со ептен близок член во фамилијата, еве да не го именувам, ама високо образован, долга кариера, паметен. Праиме муабет за прислушкуваниве разговори и ми вика „ Абе сето то е режисирано од Американците, нема шанси нашиве таква техонлогија да имаат. А на америве им одговара нестабилност “

Коа ми викаат дека сум црна овца во фамилијата, во вакви моменти ич не ми е жал:facepalm:
 
Toлку сум демотивиран од случувањата во државава што дури не ми е ни жал што ги гледам оскаровските филмови по втор пат место да завршам некоја од многуте животни обврски :cool:
 
Драга,
За еден ден во ПМС надокнадуваш за три недели што немаш јадено нездрава храна. Значи еј никад не пијам газирано, ама не, денес секако дека Кокта ќе ми се пие. И чипс ќе си купам. И смоки. И Најлепше жеље...
 
Ја слушав фамозната снимка со прислушкувани разговори и да ви кажам, брклата најмногу ме запрепасти, ја онака си ја замишљам ко некоја молчалива, демек треба со клешта зборови да и вадиш, а оваа да ти била гњаватор невиден бе, збори 5 саати за се` живо и диво, па после вика абе ја уствари за друго ти се јавив, па после тоа пак уште 5 саати отекува за некои си глупости...па тоа притворените не мора ни да ги тепаат, ни нокти да им корнат за да им изнудат информации, доволно е само Бркуловска на телефон да им сврти и има ко славеи да пропеат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom