Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Пратив мејл до нешто налик нашево министерство за информатичко општество во Словенија за информација за која можам и на нет да ја најдам со малце чепкање и добив повратен мејл со информацијата што ми требаше за помалку од 15 минути. Нит сум од таа држава, нит се обврзани да ми одговорат, уште помалку па да сум некоја важна личност.
Завчера пратив мејл до ФЗОМ за услуга која треба да ја добијам како човек што редовно плаќа здравствено и еве, заклучно со 12 часот и 45 минути, се чувствувам како циган затоа што два дена дремам во spam/junk.

Поради вакви работи не не сакаат во Европа, не поради импакт фактори и слични глупости.
 
Драга,
кога треба - не врне, кога не треба - врне. Кога врне, истура. Ама тоа е, мајка природа...

Овие па шо ме нервираат де бомба, де пуч, де не знам ти шо... абе дај не го влечете народот за нос ако имаш нешто објави и да се заврши работата...ама нееее македонска работа... мора тоа да се искомплицира до максимум, да се одолговлекува колку шо може повеќе, да се прави циркус од тоа... Ние и така уназадени во времето, ќе си трпиме последици...
И би можело еден предлог до владата да се откаже од изградба на некој споменик плус и парите да ги додели на настраданите семејства во поплавите... Мислам сами треба да им текне, ама кога веќе не им текнува.... :oeoeoe:
 
Си викаш дека не можеш повеќе да се разочараш од младинава во државава и нивната рамнодушност кон случувањата кои влијаат врз нивната иднина.НО не е така. Земале си прават квизови на 20 и кусур години за што ќе бидат во животот на фејсбук.Едниот инжењер, другиот бизнисмен сите по 20 и кусур милиони си го ладат у Хонг Конг, Дубаи, Мајами.И сакаме ние да напреднеме ? Не може од ова полошо ? Може бе пријатели , седете и прајте си квизови вие само.И веќе не хејтам ништо доста е за годинава.
 
Од пусти инат нема да лизнам шеќер додека не дојдам до целта. После знаеш што следува?
Пмс-от може да ми се фати!
tumblr_mcmno68HIY1r25xgk.gif


tumblr_mcmnn768XM1r25xgk.gif


tumblr_mcmno2byto1r25xgk.gif
 
Да надополнам со уште една причина зошто треба да се напушти екскјузов за држава.
Ради поплавите во едно Битолско село стигна помош во форма на флаширана вода за пиење, пошто таа од чешма не се пие. Пакетите биле оставени во единствената продавница во селото за луѓето да одат и да си земаат. Во секое село има стари луѓе кои не можат многу да се движат и кои се сами, и по секоја логика водата нив треба да им се однесе дома, така? Ама не, дошле селските шерифи и изназеле вода колку што им бери во колите, по 10-15 пакети, се испокарале и испотепале меѓу себе кој повеќе пакети да прибере. И сеа кога татко ми отиде в село за да земе пакет-два од продавницата и да и однесе на баба ми која што живее сама...вода повеќе немало. Вода немало не само за баба ми туку и за многу други стари и неподвижни лица. Се зборува и дека продавнициве скриле одреден број на пакети за после да ги продаваат.
Oва сељациве не се за помош да им испратиш... Остај ги таму нека се удават нека цркнат.
 
Последно уредено:
Passed down to you...
Беше 17тиот ден во Муарем, година 1428ма според Хиџра кога прв пат стапнав на форумов. Не знам колку се има променето (верувам многу) но чинам и јас се променив заедно со него. 8 години е голем период, посебно за преодот од средна во доцна адолесценција - период кога примарните ставови ти пуштаат корења, додека се обидуваш уште малку да го живееш животот на еден бунтовник. Сфаќаш дека си донекаде изграден како личност и дека и покрај толкавото присуство на идеи во зачеток, некои работи (најчесто личности) едноставно не се трудиш да ги смениш/поправиш. Во 30ката веќе си онолку оформен за да станеш малку повеќе себичен и да се потрудиш барем животот да ти биде повеќе поднослив. Стануваш на моменти недостапен за одредени личности од кои секогаш се очекувало да бидеш ти тој кој ќе им го направиш денот убав и покрај сите нивни жалопојки и неконструктивен хејт. Од друга страна наоѓаш common ground во одредени друштва и одредени периоди/манифестации за да ја споделиш позитивната енергија со нив. Стануваш потолерантен во смисол на избувливост, се смешкаш иако знаеш дека буквално периодите се минлива работа и целосен плод на егзистенционализмот.
Сето ова го научив тука, во овие 8 години поминати во дружба. А знам дека се` уште сум absolute beginner. Never tired to learn more.
So says Saladin...
 
Цимеркава вика по мене, небаре чудо некое се случило, ко на север да изгреало сонце, а таа стои на прозорец и се смее на едно циганче шо се закачило со јакната на контејнерот. Веројатно ми се има смеено кога на еден човек што ни заѕвони на врата ги дадов последните пари од џепарлакот за таа недела. Кога на мачките што се моткаат околу зграда им давам јадење и вода.
Истата таа што ме прашува како е возможно човек да учи поинаку од учење напамет зашто нормално, не знае да живее живот поинаков од шема, шема прифатена од нивните квази-елитни кругови. Една од луѓето што ме прашуваат која е поентата од читање книги и следење на настаниве што не опкружуваат.
Истата онаа што крал на уметноста и е Аца Лукас, зашто не можела да слуша странска музика, не знаела за што се работат текстовите, премногу замарање било тоа.
Се сетив на неа денес, кога на еден слабо подвижен дедо му подадов рака и чадор над глава за да успее да ги качи скалите пред него и да стигне безбедно дома. Си помислив, што ако не бев јас, дали ќе заминеше дома сув и со сите коски здрави на него..?
Жалосно е што премногу луѓе чекорат, со опис сличен како и овој погоре, што светов го бојат сиво, што поради нив напатенава земја се повеќе е ладна и наликува на скандинавија, што им е срам да постапат хумано во некоја ситуација, зашто оние што ги опкружуваат ќе им се исмеваат. Ви еам тоа сељаците глупи шо немаат свое тло, шо не знаат за правилна постапка ако не слушнат шо е во шема деновиве, шо тераат со паметот ко шо дува ветрот, ми се гади животот од вас.

Се чувствувам ко бобче со постов, ама морав да ја оставам фрустрацијава тука...
 
Драга...

... конечно... конечно завршија испитиве. Пред еден саат само што го положив и последниот предмет, оној проблематичниот од порано, со осмица. Нема да се фалам дека све друго ми се 10ки. УПС!

Ми треба одмор, али уште имам Monster у организмот и не можам да спијам. Ебате отровниот течен шеќер. Ај бар ми помогна да не заспијам на сред полагање. Ми треба 24-часовен тајм-аут, а од утре таман да свртиме нов лист, конечно да ги оставам предметиве зад себе, и да се почне убаво со Мерсисајд дерби. Ајде уште 5 семестри, vamos :D
 
Драга Кајгана,
Парите, куќите, колите.... ја даваат убавината во животот, но не и среќата.

:oops:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom